Како да ја откријам својата сексуална ориентација?

  • Креатор на темата Креатор на темата AnGeL.BoY
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
доволно е аватарот да им го видиш, и чим виси некој фудбалски клуб, знај 90% еден од таа тајфа е.

:pos:

Ова не го очекував од некој кој се рачуна за интелектуално развиен хомосексуалец. Кој е аll against предрасуди, генерализации и слично. Да го кажеш ова за некој од нашиот вид е исто како да кажам за вашиот вид дека секој хомосексуалец е сидаш.

Еве јас немам аватар. Дали тоа значи дека немам свое јас. Немам лице? Де те молам, психоанализирај ме.
 
Таквите треба право во Ирак да се пратат. Малку од тоа грозоморието што се случлува таму, и траумите што ќе ги добијат, ќе им го промени начинот на размислување.

Мислиш дека нешто друго освен урлање по кладилници и фудбалски натпревари, физички пресметки со други училишта, и јадење гомна 24/7 на останатиот свет со кој не можат лице в лице да се најдат, дека имаат нешто друго и попаметно да направат со себе си? На нив на тоа им се сведува животот.

Зборам за овие шапшаливе, возраст 14-17 години. Форумов врие од нив. Дури не мораш ни по постови да ги бараш и познаеш кој се и што се, доволно е аватарот да им го видиш, и чим виси некој фудбалски клуб, знај 90% еден од таа тајфа е.



Извини, ама според напишаното твое, да, не да ти е потребна, да можам, дома би ти ги пратил. Оти од таквите како тебе, државата ни се распаѓа. А се осеќа мирисот на далеку.

Јас немам никаков проблем, особено не со недостаток од самоконтрола, бес, или пак садистичко задоволство од тоа да претепан некој од ќотек, како на пример, ти.

Лав? Ја разбираш воопшто симболиката на 16 години?

Според карактерот, повеќе ти прилега хиена.



Брат ми пред малку наполни 16 години, и е светлосни години понапред со размислувањата (барем размислува, ако ништо друго, пред да реагира, вака кога споредувам со тебе). Што значи не, не е до годините, туку до самата личност, и колку тебе родителите те испуштиле од раце. Против физичка дисциплина сум, но во одредени случаеви ја оправдувам, зошто ете, очигледно не знаеш ни 'д' од дисциплина. Пак, ги кривам твоите родители.




Абе види не те познавам и незнам дали е точно тоа што го збориш ама јасно е дека државата не се распаѓа од такви како мене туку од такви како тебе....... јас не сум насилник само сум испровоциран од сегашните случувања и не напаѓам никого јас само го бранам тоа што е мое а ти и брат ти ако можете да трипите ТРПЕТЕ СЛОБОДНО и живејте како овци а лавовите ке ве ловат и кинат па размислете сите што сте со такви ставови МИРНИ ..... не сум насилник само испровоциран од чалмите на 21 -от век ! :toe:

--- надополнето ---

P.S - Нормално ако знаеш да читаш метафорички ... :oeoeoe:
 
Абе види не те познавам и незнам дали е точно тоа што го збориш ама јасно е дека државата не се распаѓа од такви како мене туку од такви како тебе....... јас не сум насилник само сум испровоциран од сегашните случувања и не напаѓам никого јас само го бранам тоа што е мое а ти и брат ти ако можете да трипите ТРПЕТЕ СЛОБОДНО и живејте како овци а лавовите ке ве ловат и кинат па размислете сите што сте со такви ставови МИРНИ ..... не сум насилник само испровоциран од чалмите на 21 -от век ! :toe:

--- надополнето ---

P.S - Нормално ако знаеш да читаш метафорички ... :oeoeoe:

Абе лаву ти наш македонски насилнички ајде баш ме интересира како тоа лавовите како тебе ќе ги ловат и кинат тие со мирни ставови а не како твоите дебилни и многу патриотски ставови ?
 
Абе лаву ти наш македонски насилнички ајде баш ме интересира како тоа лавовите како тебе ќе ги ловат и кинат тие со мирни ставови а не како твоите дебилни и многу патриотски ставови ?


Не се замарам со безмозочни суштества како тебе оди таму приклучи се на тоа геј парадите и кулирај !
 
Кој е налсовот на темава!?!?!?!?!?!?!?!?
Добро до кога вака!? Отворете си тема и тепајте се - шо сакате прајте си . . . темава наместо да му омогне некому, ќе го отера у п.м . . . . .и двата сте насилни, аман те веќе!!!!!!!!!
Луѓе за нови дешавки - треба нови навики!
До кога со овај начин - на препукување, заканување, да скратам - простилок!?!?!?!?!?!?
Живото еднаш се живее, а незнаеме колку трае!?
Дајте и покрај се’ - да останема позитивни. Ќе го земам за пример Исус и ќе ја цитирам: ’’ На лошото - со арно враќај :) ’’ Луѓе, од нас зависи како ќе живееме . . . наше е да избереме војна или мир!? Прво да избере ме во себе си. Зашто постојано има борба во нас, нели!? Да се избориме да бидеме подобри луѓе- за свое задоволство, па потоа и кон/за другите :)
*# Луѓе кои доаѓате на форумов за да навредувате и млатите - да ве прашам Зошто си го трошите времето на луѓе кои не ви се важни!? Тоа време што ќе го потрошите генерирајќи негатвина енергија - навредувајќи и понижувајќи - потрошете си го на себе си, или на некој кој ви значи - Направете нешто убаво за себе, или некој/а/и ваш мила/и. Пробајте ќе видите - ќе ви биде попријатно него ли да ја посетите оваа тема и да си создавате негатвина енергија во вас, зашто и покрај тоа што е наменета за други(кои можеби воопшто нема да ги засегни) - сепак излегува и минува од вас и низ вас - сепак Ваши животи, ваш избор, нели :):):) Поздрав и до вас и сепак има нешто во вас-штом ја посетувате оваа страна, можеби желбата да запознате луѓе различни од вас, но незнаеќи како да пристапите - избирате ’вообичаен’ начин за непознати нештата!? It's ok, и самите хомосексуалци минуваат низ таа фаза на неприфаќање пред да се прифат себе си (праксата покажала дека вообичаено е се’ што е различно [не само хомосексуалноста] од мнозинското е прогласено за погрешно на почеток, пример сетете се само на сите научници и научни откритија во средниот век, така да вообичаена реакција - don't wory ќе помине,кај кого побрзо,кај кого покасно:) ) - значи на добар пат сте - . . . . можеби и ќе научите нешто ново на форумов и ќе разберете работи кои не ви биле познати :):):): поздрав peace ;)


# sorry и јас ќе скршнам од темата, но ова е местото каде може да се разменат мислења со повеќе лгбт личности и останати луѓе кои се засегнати со тоа.
***ЛГБТ популацијата Многу ќе добие ако е посамоуверена, посложна, игнорантна на синтите и кукавички навреди (како овие на форумов), и ќе остави подобра слика - што за жал е до негде и услов за полесно општо прифаќање . . . . На сите нас е да рушиме одредени закоравени стереотипи и предрасуди во општествово, никој друг неможе да го стори тоа за нас - тоа е наша обврска . . . . На нас е да докажеме дека сме вредни за ист третман ко секој граѓанин, додуша и со закон е загарантирано ова - но и тие што ги носат законите се луѓе, кои се подлежни на предрасуди, а не пак општото население .Да се докажуваме - за жал, иако не е во ред во 21 век некој да се докажува дека е вреден за еднаков третман, тоа мора да го сториме . . колку нецивилизациски звучи тоа но тоа е - немаме еднаков третман. Тоа е процес кој бара од нас екстра напори - но ако сакаме да стигнеме до состојби слични на заподнао европските општества ( зборувам за лгбт правата и животот) мораме да си го направиме тоа со свои напори и чекори :):):). Ни на запад не им паднало ништо од небо, туку сами се ’избориле’ (не го сакам зборов, ама не ми текнува друг) за условите кои им се потребни . . . . Го земам запад ( затоа што таму лгбт луѓето живеам многу покомфорен живот и надминале некои прашања и проблеми, со кои се соочува лгбт популацијата кај нас)
Поздрав до сите кои навистина се засегнати од темава, ако има интерес мислам дека треба да отвориме нова тема, (каде се надевам нема многу да сметаат луѓето кои навистина немаат попаметна работа па си го трошат времето на форуми чисто да се празнат од вишок на енергија) - да размениме мислења и да подискутираме :):):):): ако има расположение се разбира . . поздрав:)
*sorry agan шо пишувам малку настрана од темата . . .

И се надевам од сега понатаму (секој кој има искуство со насловот на темата) ќе даде совет на некој/а кој/а минува низ перод на самооткривање. И притоа да нагласам/потсетам, дека одговорите кои ги давеме можат многу да влијаат на нечиј живот, затоа пред да пишете/поделите некој совет препрашајте се 3-4 пати дали е тоа така и дали тоа ќе му служи на тој кому го давате советот . . . Зашто тоа е период кога личноста минува низ тесно иглено уво; Се прашува кој/а е? Дали се во ред чувствата кои ги чувствува? Се преиспитува и се презира, негира,(најчесто), мрази (за жал. Тажно е млад/а дечко/девојка да се мрази ради тоа што чувствува пеперутки кога ќе види некој/а кој му се допаѓа, само ради тоа што околината го осудува тоа однесување :( . . . ) Кој го помнал знае, (знам дека повеќето млади луѓе минуваат низ тинејџ или адолсецентски кризи на идентитетот, но кога на тоа ќе се додат и неприфаќањето на чувства кои се многу битни за една личност, тоа го усложнува целиот тој процес) ете отворив нова тема "Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out - кон себе си" за да не кварам тема :):):)
 
Доволно е да се погледнат дискусиите на некои тинејџерски форуми, и секој може за себе да си донесе заклучок.
pa vo ta smisla e biseksualci deka se tinejgerite zainteresirani se za polovite organi od dvata pola no i se odreduvaat i so ke bidat odnosno koga ke go zasakas toa sto go gledas ne mislam samo na polovite organi kako coek ko ke gi zasakat koi i da bilo pol i togas trgaat po odreden smer hetero ili homo
 
Епа мислам дека е редно веќе да напишам нешто, иако си имав ветено дека ќе останам само пасивен слушач, со цел да останам имун на сите навредливи коментари. Се надевам дека ќе го прочитате и ова мое мислење, ако ве интересира што се се случи со мене, бидејќи “жестоки борби“ се водеа на темава, со што, според мое мислење, секој си ја покажа елементарната култура :) Невермајнд...
Инаку, како што имаа кажано поголем број од форумџиите на темата, навистина тоа беше еден многу силен и трогателен период за мене. Тогаш за прв пат реално се судрив со вистината, со она што се случувало, се случува и ќе се случува со мене. Поради сето тоа, беше таа реакција кај мене (ќе продолќам
 
Епа мислам дека е редно веќе да напишам нешто, иако си имав ветено дека ќе останам само пасивен слушач, со цел да останам имун на сите навредливи коментари. Се надевам дека ќе го прочитате и ова мое мислење, ако ве интересира што се се случи со мене, бидејќи “жестоки борби“ се водеа на темава, со што, според мое мислење, секој си ја покажа елементарната култура :) Невермајнд...
Инаку, како што имаа кажано поголем број од форумџиите на темата, навистина тоа беше еден многу силен и трогателен период за мене. Тогаш за прв пат реално се судрив со вистината, со она што се случувало, се случува и ќе се случува со мене. Поради сето тоа, беше таа реакција кај мене (ќе продолќам
Вистината навистина боли, посебно кога ќе дознаеш дека се разликуваш од другите и дека никогаш нема да можеш да го имаш истиот живот со твоите врсници (и ве молам не кревајте реакции на оваа реченица, зашто да не се залажуваме самите себеси, тоа е навистина така). Сепак, како што можеби преку 100 пати ми имавте речено, тој болен период, период со саМоомраза, период со мисли за самоубивање, период на неприфаќање на сопствениот идентитет, фала му на Бога помина, но неможам да кажам дека помина без да остаВИ последици врз мене. (Да завршам со фактите за мојата сегашна состојба, радо би ви раскажал за што станува збор ). Исто така, сакам да нагласам дека иако повеќе не сум 16-годишното момче што се плашеше дека навистина е геј, иако сега сум 18-годишно “магаре :Р“, сепак сеуште не велам дека јас сум ГЕЈ! Сеуште не се прифаќам дека сум геј и нема да се прифатам како геј. Мојата ваква состојба ја дефинирам како некој не баш најдобар феномен, како едно биполарно тело што се преобразува во зависност од она што “надворешната средина“ го наложува. Односно, сакам да кажам, дека ДА, јас можеби ќе спијам со мажи или ќе имам најразлични контакти со нив, но сепак ќе настојувам колку што е можно да бидам поблиску до поимот за нормален живот - љубовна хетеро врска, семејство, кариера бла бла бла... Верувам дека тоа јас го можам или само така се тешам. Прифаќам само една работа - а тоа е дека сум различен, каков што и од секогаш сум бил! Ете во сето ова е тајната на мојата сегашна смиреност - се прифатив како една, да речам “федерација на сите мои личности, обединети во моето единствено тело“. Не знам дали ќе успеете да ме сфатите што всушност сум сакал да кажам, како ми е сега, како се осеќам... се надевам дека се ќе ви биде јасно :)))

Сега сакам да се навратам на последиците што претходно ги имав спомнато. Ќе ви раскажам битен дел од мојот живот. Можеби многумина од вас нема да ги интересира, меѓутоа сметам дека секогаш ќе постојат некој “16-годишници“, на кои ќе им биде потребно мислења, искуства, совети, некоја утеха дека не се сами...
Сето она, што можеби ќе го паметам како најтрагичното нешто во мојот живот, се случуваше токму пред неколку месеци, односно летото 2011, месец јули. Можеби имам спомнато за ова во некој пост на темава, не се сеќавам... Не знам како, не знам кога, но се вљубив во мојот, можам да кажам, најверен другар, две години помал од мене хихих :(... Мислам дека до таа љубов дојде откако јас и тој имавме заедничка ноќ. Буквално, тогаш го доживеавме врвот на забранетото и неприфатливото. Ме покани да спијам кај него, зашто беше сигурен дека ќе му дам (а детето не е геј!!). Многу пати пред тоа сме имале неколку обиди за секс :$$$... Мислам дека таа беше за мене најубавата ноќ, иако јас ја нарекувам “црна ноќ“. Имавме скоро две партии секс, бевме преблиску едни до други, уживав да го чувствувам неговиот мирис... ама да не навлегувам во детали, оти сигурно некои од вас ќе ме етикетираат како “гнасен“ :))...
И се случи што се случи, изгреа сонцето, ноќта брзо помина, секој си замина по дома. ЈАс овде уште се чудам како утредента не ни беше страм да се опулиме еден со друг после се :)) Веднаш потоа, започнаа моите маки. Абе не можете да замислите каква љубов почувствував кон него. Буквално умирав кога тој не беше до мене, пукав од љубомора кога ќе заминеше со друг, а пак со девојка да го видев... ич ни да не спомнувам. Бев толку заљубен, што бев потготвен се да направам за него. А за поголема несреќа, после таа “црната ноќ“ тој започна се повеќе и повеќе да се оддалечува од мене, односно како да сакаше да ме избегне (јас мислам дека сигурно му беше страм, па затоа...). Тоа уште повеќе ме убиваше... имав потреба да разговарам со некого, да му ја кажам маката, ама знаеме дека тоа е нешто невозможно. Потоа, бегав од сите (во маалото) или пак кога ќе бевме заедно со друштвото, јас му седев отспротива на вратата, чекав, се со надеж дека ќе го видам или пак ќе излези од некоја страна. Леле па кога ќе го помирисав парфемот негов или некој друг што ќе ме потсетеше на неговиот, јас бев готов... буквално сакав во моментот да одам да напишам проштално писмо и бесилката на вратот. И тоа многу пати... но, секогаш помислував на моето семејство, во каква ситуација ќе ги доведам, од страмот што можам да им го нанесам кога луѓето ќе започнеа да зборуваат “син му зараДИ дечко се самоуби“... уфф.. Какви маки, какви денови беа тие. Цело лето ми помина во црнила, депресивност и желби за смрт. И се прашувате како заврши оваа афера? :)) Решението мислев дека ќе биди ако сосема се оддалечам од него. Така и сторив. За една ситница избувнав мноогу голема расправија, докажувајќи се себеси како крајно разочаран и навреден, кусо речено бев drama queen. Си реков ако ме сака, ќе настојува да се смириме, а ако не, ќе си продолжиме секој по својот пат. И онака знаев дека сака само да ме клецка (што можеш друго да очекуваш од збеснат 15-годишник хихихих). Не дека не ме молеше за да се смириме после, ама во мене има голем инает... всушност, не инает, туку тоа беше како еден вид “заштитни мерки“ кон себеси, за да не потпаднам под истите депресии, а ако кога ми збореше на телефон одвај солзите си ги задржував. И така, избегав неколку дена од градот за да најдам некој непостоечки “душевен мир“; секој си продолжи по својот пат, скарани можеби останавме до Нова Година-5 месеци, а сега одвај и му велам едно здраво. Не дека не ми е тешко, не дека немам уште некои чувства кон него, не дека не пукам од љубомора кога ќе ја видам неговата девојка, ама мислам дека успеав да го преболам,... со што се сметам за храбар, зрел и пораснат.

И денес, се обидувам повеќе да мислам на девојки (иако морам да признам дека не е баш лесно :D), главен мотив за да продолжам со борбата е да се разубавам, одам втеретана, диети, препарати... се со цел еден ден да можам да се појавам пред сите што ме навредиле (типично мојот бивш хаха) и да им се одмаздам со тоа што ќе бидам многу поубав и посекси од нив!!!

Сите што ги имате истите проблеми, поминувате низ сето она што поминав и јас, секогаш сте добредојдени кај мене. Моето рамо (инбокс) ќе ве крепи и ислуша... Се надевам, дека на некој ќе биде голема утеха горенапишаното!!!

Поздрав до сите вас, кои неуморно бевте активни во оваа тема во текот на овие две години!! :) <3 :*
 
Ме мрзи да читам, што откри, педер си или не си?
tl;dr
Да, имал и ќе има секс со мажи, само се тера себеси да мисли на девојки и во иднина ќе има деца и семејство со жена.
 
tl;dr
Да, имал и ќе има секс со мажи, само се тера себеси да мисли на девојки и во иднина ќе има деца и семејство со жена.
Е ако де, може е Би, не пробал, не знае.
--- надополнето: 9 март 2012 во 21:37 ---
ОК, case closed. Педер плус лицемерен.
Не хомосексуалец плус пасив,
п.с.
Педер е назив за народен избраник а.к.а. политичар.
 
Не! Сеуште не велам јас сум геј и не сакам да велам, ниту па планирам да велам. Можеби имам сексуални нагони кон истиот пол, но се трудам да водам нормален живот, тоа и го имав напоменато. Ќе се потрудам да дејствувам како “две личности во едно тело“. Размислувам и за мажи, и за девојки... И Шублер НЕМАМ ДЕЧКО, А И НИКОГАШ НЕ СУМ ПОМИСЛИЛ НА ГЕЈ-ВРСКА. Тоа го сакам само за една вечер, не многу редовно - исто како да Земаш некоја пилула... Дали сум јасен?? :))
И ве молам, тие што не ги интересираат овие работи, што мислат да прават циркузи од себеси по форуми, нека ме поштедат од своите коментари од најниска класа. Овие се сериозни работи за сериозни и вистински луѓе!! :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom