- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
КИНА ГИ СПАСУВА ДОЛЖНИЦИТЕ ВО ДРЖАВИТЕ НА ЕУ
15 септември 2011
Италија бара пари од Пекинг!
А, не е само Италија! Кинески пари влегоа во Грција, Шпанија и Унгарија... Експерти сметаат дека се случува еден вид кинеска "колонизација" на Европа, а премиерот на Кина, Вен Ѓибао, од Светскиот економски форум во Далан уверува: "Забавувањето на глобалната економија не се одрази врз стабилниот темел на кинеската економија"
Италијанската Влада и се обрати на Кина за помош во надеж дека Пекинг, кој располага со големо количество готови пари, ќе ја спаси од финансиската криза преку купување дел од италијанските обврзници и инвестирање во стратешки компании, наведуваат "Фајненшел тајмс" и "Вол стрит џорнал". Таа вест предизвика голем скок на вредноста на акциите на европските берзи, бидејќи се ублажени стравувањата на инвеститорите дека должничката криза ќе ја зафати и третата по големина европска економија. Со овој потег Пекинг уште еднаш се најде во улога на спасител на европските должници, иако не се знае колкав дел од италијанскиот долг ќе одлучи да откупи.
Минатата недела делегација на Кинеската инвестициона корпорација(КИК), еден од најголемите суверени фондови на светот, предводена од претседателот Лу Ѓивеј беше во Рим на разговори со италијанскиот министер за финансии Ѓулио Андреоти и други функционери на Италија.
Претходно делегација од Рим беше во Пекинг, што беше продолжение на разговорите почнати во август.
КИК целосно е во сопственост на државата и се проценува дека поседува акции во вредност од 400 милијарди долари. Во јули 2010 година Кина откупи грчки обврзници, во јануари - шпански, а во јуни унгарски. Сите овие европски нации, иако тоа не им е по ќеф, и ги продаваат своите долгови на Кина, иако Ѓулио Тремонти, еден од творците на сегашната спогодба со Кина, нашироко пишуваше за кинеската "колонизација" на Европа, објави српски "Блиц". Европа, меѓутоа, не е во ситуација да бира од кого ќе ги добие итно потребните ликвидни средства! Европските аналитичари се внимателни во врска со исходот на италијанско-кинеските преговори, но уверуваат дека Кина всушност откупила само мал дел од европскиот долг. Сепак, со резерви од околу 3.000 милијарди долари, Кина важи за најголем кредитор на светот и за еден од најважните кредитори на САД.
- Кина ќе продолжи да ги зголемува своите инвестиции во Европа, порача премиерот Вен Ѓибао во говорот по повод отворањето на Светскиот економски форум во градот Далан, во Североисточна Кина, пренесоа светските агенции. Кина во следните неколку години ќе смета на внатрешните потреби за забрзување на економскиот раст, рече Ѓибао пред економскиот форум во Далан, попознат како "летниот Давос".
"Забавувањето на глобалната економија не се одрази врз стабилниот темел на кинеската економија", уверува Ѓибао. Тој додаде дека глобалната обнова "и натаму ќе биде тешка".
ЕК со опции за еврообврзници
Европската комисија наскоро ќе предложи опции околу воведувањето на еврообврзници, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во обраќањето пред европратениците во Стразбур. Тој оцени дека единствениот начин да се запре негативниот циклус на должничката криза е поголема интеграција на еврозоната, "Но, еврообврзниците нема веднаш да донесат решение за сите проблеми во Европа", додаде Баросо.
"Повеќе Европа" за соочување со кризата
Полскиот претседател Бронислав Коморовски во свеченото обраќање пред Европскиот парламент, повика на "повеќе Европа" за соочување со кризата, јави дописникот на МИА од Стразбур. "Историјата на Европа е историја на конфликти, поделби и војни, но таа сведочи исто така за постојаната желба за обединување", истакна Коморовски пред европратениците. Во својот говор тој застана во одбрана на еврото и монетарната унија, во која Полска се уште не е вклучена, и побара заеднички одговор на кризата бидејќи "само една силна и обединета Европа може да донесе добри одговори".
Секој шести Американец сиромашен
Вкупно 46,2 милиона Американци, или секој шести од нив, живеел во сиромаштија во 2010 година. Нивото на Американци кои живеат под прагот на сиромаштија во САД се зголемило во 2010 година, на 15,1 отсто што е најголем процент од 1993 година, објави Бирото за попис на населението. Инаку, тоа е рекорд за изминатите 52 години, од кога тие податоци се собираат.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=521AFB7EC352494D92CE1CC7028308FD