Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
КАМАТИ: 2014-та почна со пониски камати, раст на станбените и потрошувачките кредити!
19/03/2014 // Пред 1 час // ФИНАНСИИ // Коментирај
По основ на најпопуларните, потрошувачки кредити, заклучно со првиот месец од оваа година, граѓаните во банките должат близу 650 милиони евра. Според податоците на Народната Банка, 2014 та почна со зголемено салдо на потрошувачки и станбени кредити, додека кај автомобилските кредити и кај кредитните картички има намалување на задолжувањата. Во исто време, НБРМ регистрираше, а банкарите потврдија дека во јануари во споредба со декември има намалување на каматите за кредити и за штедење. За оваа година, според проекциите на монетрната власт, кредтниот раст треба да изнесува 6,3 проценти.
Со пониски камати и трошоци – до повеќе кредити?
Во првиот месец од годинава Народната Банка регистрираше намалени камати за новоодобрените вкупни кредити и депозити. Според јануарските мерења, (пондерираната) каматна стапка на новоодбрените кредити, без разлика дали станува збор за девизни или денарски, изнесува 6% додека каматата за вкупните депозити изнесува 1,2%. Во споредба со каматите на постоечките депозити и кредити на ниво на целиот банакарски сектор, во јануари е регистриран пад. Така, (пондерираната) камата на постоечките кредити изнесува 7,3% а на депозитите 2,6%.
Банкарите потврдуваат дека со почетокот на оваа година има намалување на каматните стапки за новоодобрените кредити и за штедењето.
Дел од банките веќе најавија натамошно намалување на каматите за кредитите. Стопанска Банка информираше дека мартовски нуди промотивна понуда за најатрактивниот банкарски производ – потрошувачките кредити. Банката пресметува камата од 6,5% – гарантирана за првата година и дополнително 100% попуст на административните трошоци за одобрување. По истекот на промотивниот период во примена ќе биде променливата годишна каматна стапка која за кредитите со девизна клаузула во моментов изнесува 8%.
„Потрошувачките кредити како најатрактивна категорија на кредити за население се постојано во фокусот на работењето на Стопанска банка. Затоа, понудата на потрошувачки кредити расте и се прилагодува на потребите на сите наши клиенти – со атрактивнирокови на отплата до 10 години, износи до 10.000 евра без обезбедување, можност за користење на денарски или кредит со девизна клаузула и секако нашата најголема предност можноста кредитот да се исплати за само 30минути од поднесување на комплетното барање во филијалите на Банката“, информираат од Стопанска банка.
Потрошувачките кредити и натаму се најпримамлива понуда за граѓаните. Според НБРМ, каматната стапка на краткорочните денарски кредити, кој практично спаѓаат во групата на потрошувачки кредити, во јануари изнесувала 7,5 проценти, додека кај краткорочните кредити со девизна клаузула каматата изнесувала 7,3 проценти.
Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските кредити!
Во јануари продолжува трендот на задолжување на граѓаните. Во првиот месец од годинава по основ на сите видови кредити граѓаните кон банките должат 1 милијарда и 450 милиони евра.
Најголем дел од овие долгови се по основ на потрошувачки кредити, кај кои е забележан тренд на пораст во однос на декември 2013 та година. Така, во јануари физичките лица по основ на овое кредити должат 650 милиони евра.
Еве по кој основ и колку должат граѓаните на банките(јануари 2014 та година):
- Потрошувачки кредити 650 милиони евра
- Станбени кредити 312 милиони евра
- Автомобилски кредити 17 милиони евра
- Кредитни картички 197 милиони евра
Во јануари годинава во споредба со декември 2013 та година податоците укажуваат на намалување на кредтната задолженост на физичките лица по основ на автомобилски кредити и на кредитни картички. Кај станбените кредити е забележан раст. Во обид за да се привлечат што повеќе клиенти, дел од градежните компании продолжуваат со политиките на заеднички настап со банките. Така, компанијата Адора Инженеринг и НЛБ Тутунска банка во текот на февруари понудија можност за купување нов стан без плаќање на трошоците за одобрување на банкарскиот кредит и без нотарски трошоци.
Оваа февруарска промотивна понуда е наменета за сите корисници на станбени кредити кои сакаат да купат станбен простор во елитните економични станбени објекти на Адора Инженеринг, кои примаат плата во НЛБ Тутунска банка. Станбениот кредит е со екстра поволни услови од само 2,5 %, фиксна годишна каматна стапка за првите три години.
“Ова е ретка можност граѓаните под најповолни услови да станат сопственици на енергетски ефикасен дом во објектите на Адора Инженеринг изграден со докажана врвна асеизмичка стабилност, кој долгорочно на станарите ќе им овозможи ниска потрошувачка на енергија и пари за греење, кои ќе се шест пари помали од порано“, соопштија од градежната компанија.
Според банкарите, иако годината стратуваше со нешто пониски каматни стапки за кредитите, позначајно поместување не треба да се очекува.

“Каматните стапки лани имаа тенденција на намалување. Граѓаните, па и компаниите главно тоа го искористија не само за подигнување на нови кредити, туку и за рефинансирање на старите, но сега со пониска камата. Така, во 2013 та потрошувачките кредити се нудеа со камати од 6,5%, за разлика од годините претходно кога стапките изнесуваат и до 10 отсто“, изјави неодамна за “Фактор“ Антонио Аргир од НЛБ Тутунска Банка.
За годинава Народната Банка проектираше кредитен раст од 6,3 отсто. Според гувернерот Димитар Богов овие проекции не се ниту оптимистички ниту песимистички, туку тие ќе бидат одраз на реалните состојби во банкарскиот сектор.
Извор Фактор МК
http://faktor.mk/archives/99695?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=kamati-2014-ta-pochna-so-poniski-kamati-za-zadolzhuvanje-i-za-shtedenje