Цел живот пијам млеко, јогурт и јадам сирење, и ни на крај памет не сум помислил дека можам да имам проблеми со лактоза. Но откако си направив нов план за јадење, почна да ми се случува нешто во стомакот. Секој ден почнав да конзумирам по 500мл млеко, 300мл јогурт, 150гр урда и нешто ситно сирење. Млекото ми е за доручек, а останатото за вечера. И помеѓу, околу 5-6 саат попладне, доаѓа моментот кога стомакот ми се дува и добивам грчеви и гасови. Првин го игнорирав, но еве го се случува цела недела, можеби го немаше ден-два само.
Искуства и совети некој? И дали сигурно ми е од лактоза? Да не е нешто од пренајаденост, зашто пробувам да дигнам килажа и јадам 4 пати на ден, ми се јадело или не. Во новиов план освен горенаведеното почнав да јадам овесни снегулки секој ден, а останатото ми е исто како порано ( грав, грашок, јајца, стек, компир, макарони и ориз ).
И за крај, страшно ме изнервира целата ситуација зашто млекото ми е домашно и се што морав да купувам за доручек беа овесните снегулки кои чинат само 10денари по оброк :/