Историја на производство на возила во СФРЈ

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Оваа тема ја започнувам инспириран од темата на Вардарче за компјутерите во СФРЈ, а исто така, и за денешниве тинејџери да научат за автомобилистичките почетоци на нивните татковци, а и да не фрлаат дрва и камења по се она што денес сеуште вози по нашите патишта, а е дел од историјата.

Автомобилската индустрија во СФРЈ започнува со Црвена Застава. Сместена во Крагуевац, произведувала оружје, а по војната го монтира американскиот Jeep Willys, оној истиот кој американската војска го употребувала во втората светска војна. Во тој период, раководството на КПЈ сметало дека автомобилот претставува ситносопственичка тенденција и дека во државата не се потребни автомобили, и работеле по терк на СССР во смисла на развој на јавниот превоз. Но, се увидело дека работите така не одат, па и СССР се откажал од таа идеја и е решено да се стартува со производство на автомобили.
Почнува да се бара лиценца. Понуди имало од Фиат, Алфа Ромео(!!!). Џенерал моторс и Форд. Како најприфатлива е избрана понудата на Фиат, за нивниот модел Фиат 600 (тоа е Фиќото), и така 1958 год. е произведено првото Фиќо. Со него започнува моторизацијата на СФРЈ. Се почнува со машината од 600 ццм, а подоцна е воведена и 750 ццм(најпопуларна) и 850 ццм. Од 1968 се произведува со „нормални„ а не „обратни„ врати. Застава го проширува својот производствен програм и со Застава/Фиат 1100, кој кратко се задржува во производство, а од 1962 влегува во производство и Застава 1300. за тоа време модерен автомобил, современ, конфорен, брз. максимална брзина околу 145 км/ч. Тој се произведувал до 1979. Од 1972 се произведува и Застава 101. најобожаваниот автомобил на овие простори. Лиценца е на Фиат 128. Проверена механика, и модифициран заден дел од каросеријата. Во почетокот на 80-тите се произведува и Застава 128. Овие возила имат машини од 945 ццм, 1100 ццм, и објектот на сечија желба машината од 1300 ццм, која е одлична основа за фризирање на младите ентузијасти од тоа време.
Во почетокот на 80-тите се воведува и Југо-то како лиценца на Фиат 127. Се вградуваат истите машини како во 101 и 128. Се извезуваше и во Америка, каде стана предмет на исмејување.
Југо Флорида влезе во производство 1986 год. како лиценца на Фиат Типо, ама со каросерија на Џуџаро. Се вградуваше познатата Фиатова машина од 1300 ццм (погоре спомнатата), малку модифицирана, а од 1988 и Фиатовиот 1400 ццм мотор, кој и денес живее во некои модели.

ИДА Кикинда е фабрика во Кикинда која соработуваше со Џенерал моторс како добавувач на рачни кочници и сопирачки системи. Таа фабрика склопуваше Опели за југословенскиот пазар. интересна работа: Опелот доаѓа од германија полусклопен, овие во Кикинда местат кочниците, местат фаровите, акумулатор, некои ситници, на маската стават значка на која пише „ИДА„ и колата се продава како домашен производ. Ги нема страшните даноци и царини за увоз на возило од некои 106 %. (заштита на Црвена Застава). Инаку, се склопувале модели на Опел почнувајки од 1979 како Кадет, Аскона и Рекорд.

Сараевски ТАС започнал како партнер на NSU. Ги склопува моделите Принц и 1200. Со пропаѓањето на овој производител(банкрот и потпаѓање под Волксваген), во ТАС се произведуваат (склопуваат) популарната Буба. Подоцна се преминува на Голф, а се произведува и неговата пик-ап верзија кеди. Уништена во војната во БиХ, Волксваген ја обновува и денеска произведува Шкоди.

Рено во СФРЈ бил присутен кон крајот на 60-тите во Љубљанскиот Литострој каде се склопувале Рено 4, Рено 8 и Рено 10. Принципот бил ист како кај ИДА.
Во 70-тите, Рено ја прекинува соработката со Литострој и влегува во joint venture со владата и ја гради ИМВ (Industrija Motornih Vozil) во Ново Место. Оттука излегуваат многу Рено возила како 4, 5, 18, 21, 25, а сега фабриката е во целосна сопственост на Рено и е позната како гробница на Рено, бидејки последните серии на било кој модел се произведуваат таму.

Ситроен „произведувал„ во СФРЈ во фабриката Цимос од Копер. Се произведувале специјални возила (амбулантни, погребални) на основа на возилата од Ситроен, а се склопувале по погоренаведениот принцип заради погоренаведените цели популарните Спачек, Дијана, Дак(доставно возило, како Берлинго на пр.) Ами 6 и 8, и моделот ГС.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.235
Поени од реакции
12.402
Одличен пост нема што! Браво, доста работи и сам не ги знаев.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Историја на производство на камиони во СФРЈ

Со автомобилите завршивме, да се позанимаваме со камионите:

ФАП (Фабрика Аутомобила Прибој на Лиму) е фабрика која ги произведе првите камиони во СФРЈ. Првиот ФАП во пеесеттите е оној ФАП кој сите го познаваат по клунот напред, и е копија на Саурер (германска марка на камиони ), на кој се потпира технички и дизајнерски. Овој се произведува во 50-тите, низ целите 60-ти и се до 1971. Негов наследник е ФАП 2200 кој веке личи на современите камиони.(нема клун). инаку, сопствен производ на фабриката. Денес е многу редок примерок, а и преостанатите примероци се во очајна состојба и од двата модела. Ги има во сите можни варијанти.Обични, теглачи, ладници, за превоз на стока, кипери...
Кон крајот на 70-тите започнува соработката со Мерцедес. Најпознат е моделот 1314 кој е и најзастапен кај нас. Исто така се произведува во сите варијанти. ФАП и ден денес го произведува истиот модел.

ТАМ (Творница Аутомобила Марибор). Го произведува познатото тамче, мал камион, чијашто носивост варира од моделот.Постои од почетокот на 60-тите. Носи машина од 2000 ццм(дизел). Моделот никогаш не се промени, машината исто така, само има козметички редизајни и толку. најмалото има носивост од 3,5 тони и се вози со Б категорија. Омилен мал камион. Исто така се произведуваат поголеми возила под лиценца на Magirus Deutz.

И на крај, Застава. Сите нејзини возила, па и камионите се лиценца на ФИАТ. Првиот мал камион со носивост од 2,5 тони е Застава 625. од средината на 50-тите год. Ке го препознаете по „ обратните„ врати. Потоа, се премина на лиценца на Ивеко. И тука настанува познатата застава. Настаната според Ивеко 640, со сета негова механика и дизајн. Се произведуваат во сите варијанти, со носивост до 5 тони. За возила со поголема носивост е задолжен ФАП. Исто, како и кај ТАМ се изведуваат само козметички зафати, но моделот е тој.
Се произведува и помалиот ОМ, пак по лиценца на Ивеко, почнувајки од средината на 60-тите па натака.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Овде треба да се спомнат и останатите автомобили на патиштата на СФРЈ.

Освен горенаведените домашни автомобили, доста од нив се увезувале на некој начин, од нашите во странство. Обично се давале како поклон, и се плаќала некоја повластена стапка на данок за да се избегнат кумулираните давачки од 106 % на нов автомобил. Тоа биле прастари модели на Опел Олимпиа најчесто, автомобил од 50-тите, понови Опели (сетете се на првите Кадети на пр.) и понекој егзотичен примерок на прастара Ланча на пр...

Нови возила се продавале само кај кооперантите на одредени производители. Така на пр. белградската фирма Инвестметали која соработувала со Пежо како доставувач на делови за нив. Така се продавале и Фордови возила и сите тие за девизи со страшните давачки од 106 %, која всушност била кумулација од општински данок, републички данок, сојузен данок, данок на луксуз(до 1980) и царина од 50 %.

До убава кола се доаѓало и на следниот начин: ЛИЦИТАЦИЈА.
Царината продавала запленети возила од прекршоци на граничните премини. Овие се третирале како домашни возила. лицитацијата била убав начин да се дојде и до Мерцедеси кои ги продавала државата и фирмите. Користени возила, ама закон.

Други возила се возилата кои доаѓале од Источниот блок за кои не важеле овие царини поради договорите на СФРЈ со нив. Лада, Запорожец(ги памтите тие мали кантички?) Москвич, Трабант(пластика, т.е дуропласт и урбаната легенда дека може свињите да ја изедат) Вартбург, Шкода... И статусната Волга од сите генерации.

Како резиме, ке кажам дека Југословените имале најубав возен парк од сите социјалистички земји, делумно поради сопственото производство(Застава била технички најквалитетен производител од социјалистичките земји, а Рено, Ситроен и Волксваген биле SF за другите соц-реалистички држави) а делумно заради политиката на каков - таков увоз и лицитациите на запленети возила, како и возилата кои доаѓале од дијаспората.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Исто така, не треба да заборавиме дека производството на автомобилите Застава вклучувало како кооперанти многу фирми од целата поранешна СФРЈ.

Ламелите и целиот тој систем се изработувал во Руен од Кочани, фаровите во Сатурнус (Словенија), кадешто Искра ја изработувала електриката. ФАП (Фабрика Амортизера Приштина) ги изработувала амортизерите, ЕМО од Охрид сигурносните појаси...

Секоја република имала удел во создавањето на возилата на Застава. Ако имате Југо, или друго возило од Застава, само погледајте на секој дел што пишува. Пожелно е да е моделот од 80-тите.
 
Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
А што се случи со Првиот македонски автомобил Вардар...или како и да се викаше од 50-тите , што МНОГУ личи (ако не е и ист) со FSO Warzcawa

<- Вардар

<- FSO Warszawa
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Вардар никогаш не стигнал до сериско производство.
Поопширно инфо кај concrete.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Мнооогу интересно. Браво Струмикс. Инаку знаев за сите марки кои што се произведуваа и склопуваа во Југосавија, од Рено, Ида, Тас.... Само Цитроен-от ми бегаше :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Околу Застава 101...
Тоа бил дизајн на Dante Giacosa, инаку дизајнер на повеќето ФИАТ-и од 50-70 -те години за петеровратна изведба на 128, но шефовите во ФИАТ не го прифатиле, и затоа, паралелно со производството на 128 во Италија е продадена лиценцата во Застава.
Во тој момент, петеровратни комбилимузини на пазарот воопшто (не само СФРЈ, Европа воопшто) биле Застава 101 и Рено 16, кој е прва комбилимузина.
 
ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
А што се случи со Првиот македонски автомобил Вардар...или како и да се викаше од 50-тите , што МНОГУ личи (ако не е и ист) со FSO Warzcawa

<- Вардар
Не знаев дека некогаш била напраена кола, чисто македонски производ. Иако било одамна, сепак бравос :aplauz:
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Оваа тема ја започнувам инспириран од темата на Вардарче за компјутерите во СФРЈ, а исто така, и за денешниве тинејџери да научат за автомобилистичките почетоци на нивните татковци, а и да не фрлаат дрва и камења по се она што денес сеуште вози по нашите патишта, а е дел од историјата.

Автомобилската индустрија во СФРЈ започнува со Црвена Застава. Сместена во Крагуевац, произведувала оружје, а по војната го монтира американскиот Jeep Willys, оној истиот кој американската војска го употребувала во втората светска војна. Во тој период, раководството на КПЈ сметало дека автомобилот претставува ситносопственичка тенденција и дека во државата не се потребни автомобили, и работеле по терк на СССР во смисла на развој на јавниот превоз. Но, се увидело дека работите така не одат, па и СССР се откажал од таа идеја и е решено да се стартува со производство на автомобили.
Почнува да се бара лиценца. Понуди имало од Фиат, Алфа Ромео(!!!). Џенерал моторс и Форд. Како најприфатлива е избрана понудата на Фиат, за нивниот модел Фиат 600 (тоа е Фиќото), и така 1958 год. е произведено првото Фиќо. Со него започнува моторизацијата на СФРЈ. Се почнува со машината од 600 ццм, а подоцна е воведена и 750 ццм(најпопуларна) и 850 ццм. Од 1968 се произведува со „нормални„ а не „обратни„ врати. Застава го проширува својот производствен програм и со Застава/Фиат 1100, кој кратко се задржува во производство, а од 1962 влегува во производство и Застава 1300. за тоа време модерен автомобил, современ, конфорен, брз. максимална брзина околу 145 км/ч. Тој се произведувал до 1979. Од 1972 се произведува и Застава 101. најобожаваниот автомобил на овие простори. Лиценца е на Фиат 128. Проверена механика, и модифициран заден дел од каросеријата. Во почетокот на 80-тите се произведува и Застава 128. Овие возила имат машини од 945 ццм, 1100 ццм, и објектот на сечија желба машината од 1300 ццм, која е одлична основа за фризирање на младите ентузијасти од тоа време.
Во почетокот на 80-тите се воведува и Југо-то како лиценца на Фиат 127. Се вградуваат истите машини како во 101 и 128. Се извезуваше и во Америка, каде стана предмет на исмејување.
Југо Флорида влезе во производство 1986 год. како лиценца на Фиат Типо, ама со каросерија на Џуџаро. Се вградуваше познатата Фиатова машина од 1300 ццм (погоре спомнатата), малку модифицирана, а од 1988 и Фиатовиот 1400 ццм мотор, кој и денес живее во некои модели.

ИДА Кикинда е фабрика во Кикинда која соработуваше со Џенерал моторс како добавувач на рачни кочници и сопирачки системи. Таа фабрика склопуваше Опели за југословенскиот пазар. интересна работа: Опелот доаѓа од германија полусклопен, овие во Кикинда местат кочниците, местат фаровите, акумулатор, некои ситници, на маската стават значка на која пише „ИДА„ и колата се продава како домашен производ. Ги нема страшните даноци и царини за увоз на возило од некои 106 %. (заштита на Црвена Застава). Инаку, се склопувале модели на Опел почнувајки од 1979 како Кадет, Аскона и Рекорд.

Сараевски ТАС започнал како партнер на NSU. Ги склопува моделите Принц и 1200. Со пропаѓањето на овој производител(банкрот и потпаѓање под Волксваген), во ТАС се произведуваат (склопуваат) популарната Буба. Подоцна се преминува на Голф, а се произведува и неговата пик-ап верзија кеди. Уништена во војната во БиХ, Волксваген ја обновува и денеска произведува Шкоди.

Рено во СФРЈ бил присутен кон крајот на 60-тите во Љубљанскиот Литострој каде се склопувале Рено 4, Рено 8 и Рено 10. Принципот бил ист како кај ИДА.
Во 70-тите, Рено ја прекинува соработката со Литострој и влегува во joint venture со владата и ја гради ИМВ (Industrija Motornih Vozil) во Ново Место. Оттука излегуваат многу Рено возила како 4, 5, 18, 21, 25, а сега фабриката е во целосна сопственост на Рено и е позната како гробница на Рено, бидејки последните серии на било кој модел се произведуваат таму.

Ситроен „произведувал„ во СФРЈ во фабриката Цимос од Копер. Се произведувале специјални возила (амбулантни, погребални) на основа на возилата од Ситроен, а се склопувале по погоренаведениот принцип заради погоренаведените цели популарните Спачек, Дијана, Дак(доставно возило, како Берлинго на пр.) Ами 6 и 8, и моделот ГС.
струмикс јас сујм постар малце од тебе и ке те дополнам.Во Првомајска Загреб ако не сте знаеле се склопуваа познатите фиат 132 2000.Ги продаваа во продажната мрежа на црвена застава со данок од 25посто,а истата кола во представништвото на фиат беше со 51посто данок.Колите беа исти со таа разлика што 132 од првомајска доагаа склопени од италија 80-90посто,само фалеа гуми,каиши и сл.работи кои тогашна сфрј ги произведуваше.Само ги доработуваа и ги продаваа како готов југословенски производ па затоа имаа и 25посто данок.Тоа им беше трик со италијаните за да југославија ги извезува за нив во земјите од третиот свет(неврзаните).
 
GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Во почетокот на 80-тите се произведува и Застава 128. Овие возила имат машини од 945 ццм, 1100 ццм, и објектот на сечија желба машината од 1300 ццм, која е одлична основа за фризирање на младите ентузијасти од тоа време.
Во 70-тите, Рено ја прекинува соработката со Литострој и влегува во joint venture со владата и ја гради ИМВ (Industrija Motornih Vozil) во Ново Место. Оттука излегуваат многу Рено возила како 4, 5, 18, 21, 25, а сега фабриката е во целосна сопственост на Рено и е позната како гробница на Рено, бидејки последните серии на било кој модел се произведуваат таму.

Ситроен „произведувал„ во СФРЈ во фабриката Цимос од Копер. Се произведувале специјални возила (амбулантни, погребални) на основа на возилата од Ситроен, а се склопувале по погоренаведениот принцип заради погоренаведените цели популарните Спачек, Дијана, Дак(доставно возило, како Берлинго на пр.) Ами 6 и 8, и моделот ГС.

1) Zastava 128 никогаш не излегувала со 945ccm3 мотор. Кај нас го ставиле тој 1.1 мотор. Самото име кажува Fiat 128. 1280ccm3. Моторна ознака 128А. Го имаше во стариот модел пред да ја напраат Europa.
Fiat 128 Europa што е иста како „нашата“ 128 била само со 1300 мотор, а во Аргентина се нудела и со 1500 мотор. Нешто што ме чуди бидејќи за мотори над 1400 како што разбрав потребно е додатно појачување на кошот на моторот заради тежината.

2) Рено 4 (само за ова знам) се разликува од Рено ТЛ/ГТЛ за добри 10см. Затоа сеа имаат проблеми луѓето што купуваат на старо Литострој и сакаат да го „реставрираат“, лимаријата што ја купуваат не пасува :)

3) Мислам и DS се правеше во Југославија. Нели познати беа CIMOS DS амбулантни возила. И да, DS сеуште се произведува во Тузла кај еден тип кој е главен реставратор за DS во Европа. Има web страна. Има добиено лиценца од Ситроен и за рачно производство на DS, само не знам дали отпочнал. Барем така пишуваа колку е вистина не знам. Само знам дека саглам пари прави.

Мислам БАТА се вика или сл.

EDIT: http://www.batagroup.eu/en/
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Мој допринес на темата

Застава го произведуваше и џипот Fiat Campagnola od 1953-1962.

Помала серија на Fiat 1400 исто така не така познато.

Најпроизведувана кола беше Застава 101 со околу 1 300 000 примероциодел кој се извезуваше во Романија, Англија... Мене највеќе мерак ми прави Медитеранот со хром браници и ако може во 1,290 мотор со 73КС.

Застава 128 се произведуваше пократко време во 230 000 примероци исто така дел од нив наменети за извоз во Египет.

Југото до денес е произведено во некои си 800 000 примероци од кои 150 000 кабрио наменети за во Австралија, Америка, Германија, Англија...

Легендарното фиќо во околу 900 000, додека култната лимузина тристаќ во 200 000.
 
првиот автомобил на црвена застава по лиценца пред фикото е токму фиат1400 кој бил склопуван со сосема мали измени(без хидраулично квачило и сл.)
 
GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Јас како што знам три одеднаш почна да прави. Кампањолата, 1400 и 1100B! Важно е ова Б има разлика со стандардниот (онај најпознат 1100 D кој не се произведуваше).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom