Интервју со вонземјанинот

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.710
Поени од реакции
6.647
А личноста шо ти го нацрта симболот ти дојде на сон?
Инаку добар мистерија филм бидува од приказнава :D
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Лошо што почнавме со етикетирање, ако нешто кај нас може да се направи е да се залепи етикета на некој и терај така.
Искрено темава е интересна само зашто да ја гледаме како мистерија, @Braveheart што за тебе е мистерија тука?

Повеќе можеме да филозофираме отколку да разглабаме за некаква мистерија, патем песнава и текстов мислам дека совршено се вклопуваат во приказнава. Сакаш да ни кажеш дека она што "господ го збори" во текстот од песната е уствари она што најверојатно е вистинито?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
Напоменав дека штом ќе почнам да ги искажувам моите ставови и верувања, ќе ми се залепат етикети, ќе звучам проповеднички и ќе бидам исмејуван. Како и да е, не ми верувавајте ако ви звучи неверувачки, истражувајте, мислите со свои глави и отворете го не само разумот, туку и срцето.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Напоменав дека штом ќе почнам да ги искажувам моите ставови и верувања, ќе ми се залепат етикети, ќе звучам проповеднички и ќе бидам исмејуван. Како и да е, не ми верувавајте ако ви звучи неверувачки, истражувајте, мислите со свои глави и отворете го не само разумот, туку и срцето.
Види го бе, дај озбилно си ја отворил темава за дискусија конкретно јас дискутирам со тебе тролови има и ќе имало не обрнувај внимание.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Braveheart - Убаво што се интересираш за вакви теми, и што ете, промовираш одредени концепти и вредности, тоа е се убаво.

Сега една мала критика во врска со критично размислување. Имено, отсутно ти е во целава приказна.

Истово можеше да го задржиш како придобивка и со тоа што ќе го припишеш на фантастичен ланец мисли и духовно продлабочување од страна на медицинската сестра за која се говори во книгата, или самиот автор на книгата (не знаеме дали медицинската сестра воопшто постои). Мене повеќе ми лежи дека се работи за авторот, бидејќи без навреда кон некого, ама вакви работи не се баш производ на рандом медицинска сестра).

Зошто не го спомнав вонземјанинот? Бидејќи не верувам дека е вистински. Не дека самиот случај за Розвел не е вистина, туку поединава верзија за настаните од Розвел (далеку од тоа да е единствена, ги има многу). Исто така ми е многу сомнително тоа што авторот од една страна ја пишува книгава за да ја промовира приказнава како вистинска, бидејќи луѓето заслужуваат да ја дознаат вистината, дека сметал треба да излезе ова во јавноста, јари јари ја ..

... А од друга страна, нешто што без ронка сомнеж би ја потврдило како точна ваквата приказна, како оригиналните документи, транскрипти итн. се уништени, запалени, од страна на авторот на книгата, затоа што господинот не сакал да се бафта со НЛО истражувачи и ентузијасти (иако истиот ефект може да се постигне со давање на истите документи на некој друг и нивна одговорност да се, или што знам, единставно да ги закопа некаде и да остави некој случајно да ги најде и одлучи што да прави со нив?), не, човекот буквално ги гори во оган сите докази, и решава да напише романтична книга во врска со искуствата на медицинскава сестра која е во прашање овде.

Ова би требало барем да ти прати биолошки нагон да ја подигнеш раката и да се зачешаш по главата во врска со валидноста на целава приказна. Ама ми се чини дека си ја проголтал целата приказна здраво за готово.

Друго, наводниот вонземјанин спомнува дека не се кријат баш со нивните активности во веселената, бидејќи ова е нивен Domain (според перспективата низ која не гледа), и дека се активни како хипер-развиена цивилизација, го популирале цел четврт од материјалниот универзум (значи не универзумот што е до сега обзервиран, туку општо целиот што постои, што кој знае колкав е, во споредба со процентот кој сме успеале да го обзервираме), но по некоја случајност, гром го мава неговот летало и паѓаат на нашава планета, и седат така како превртени желки да не можат да се скријат на време од луѓето што доааѓаат ... Некако не ми се совпаѓа. Не знам зошто тебе ти звучи легитимно?

Да не почнувам со ред други работи ... Мислам дека треба малку некои работи низ филтер да ги анализираш, за да видиш дали ти звучат валидно. Признавам, и јас од многу фикциони приказни и случки кои сум ги читал, а биле преставени како вистинити, сум научил многу, сум бил импресиониран многу, и ме промениле дури и како човек, во однос на тоа како гледам на светот и универзумот итн., но во себе сум доста убеден дека материјалот во прашање не е продукт на високо развиена вонземска интелигенција, туку човечка. Не ги ставам под знак прашање мотивите позади формирање фиктивна приказна за да некој произнесе длабоки концепти од филозофија и духовност или што кој и да е друг аспект, туку ги ценам споделените мисли, особено ако се во слободна форма, а не да се бара паричен надоместок. Треба мислам да почнеш малку од таа перспектива да ги гледаш работиве.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
Многу убаво кажано. Се согласувам. Поради брзиот начин на живот и сите дневни активности што ги имам немам време да се изразувам комплетно, опстојно и логички доследно. Значи и јас целата приказна ја гледам со голема доза на скепса, па токму затоа и ставам акцент на постулатите кои ги напоменав 2 пати погоре а приказната во книгата ја земав само како инспирација за постов, па затоа и еден погоре спомна дека ова повеќе би потпаѓало во темата на филозофија.

Сите овие радикални и крајно неверувачки информации ги ставам во таканаречен "дел во мозокот кој складира информации како потенцијални вистини или лаги". Ги акумулирам и со помош на нив го согледувам светот. Доколку во текот на следните години некои од тие крајно забегани информации се пројават во секојдневниот живот, им давам поголема доза на вистинитост. Доколку пак не, дозата на вистинитост им ја одземам. Ова и чиста логичка индукција. Генералната поента ми е дека човек треба секоја информација да ја складира и никогаш да не ја одбива по дифолт, поради едноставната причина дека не му се вклопува во системот на верувања. Треба да остане комплетно отворен со ум и срце.

Значи заклучокот би ми бил дека не е важна фактичката приказна на тоа дали постои медицинската сестра или пак вонземјанинот, туку важна е пораката. Тоа е исто како што луѓето до ден денес дебатираат дали Исус постоел како историска личност или не, а забораваат на најважната порака што ја пропагира - Љубов.

Мислам дека се согласуваме во ова, само што ете, ти си одвои време да ме дополниш мене. :)
--- надополнето: 4 март 2013 во 23:20 ---
Сепак да се надополнам. Иако велам дека сето ова го земам со голема доза на скепса, морам да признаам дека на почетокот звучев доста убеден, и имав причина поради тоа, и тоа токму тој интуктивен процес ме доведе до веројатноста да постојат нетелесни ентитети кои без проблем патуваат низ времето и просторот и кои со леснотија можат да се инкорпорират. Сеуште не сум комплетно убеден, но неколкугодишното истражување со помош на читање и контемплирање ме доведе да дозата на вистинитост за постоење на т.н вонземјани е прилично голема. За ова ќе ми требаат стотици страни да објазнам зошто и како, но ќе го оставам за некој следен пат.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Braveheart - Не дека сум скептичен кон вонземска интелигенција која е безтелесна, но дека ги има премногу таму надвор, во тоа сум скептичен. Некој кој е над материјалниот простор, има доволно што да му го држи интересот таму, и да биде преокупиран. Повеќето модерни духовни филозофии диктираат став дека живите битија еволуираат форма додека не стигнат до степен каде формата е ирелевантна, со други зборови, еволуција до степен кога на таа интелигенција не и е потребно тело за да функционира.

Вонземска интелигенција која упорно и покрај постигнатото се обидува да се инкарнира и меша во останатите материјални работи, во физичкиов универзум ... не знам, мотивите би ми биле сомнителни за тоа. Бидејќи сите по "правило" идат напред, тие назад.

Ова, земено тие модерни филозофии се точни. Би било како некој кој за прв пат гледа бои, да се врати на црно-бело. Дека ќе има такви, ќе има, но нема да се многу. Лично сметам дека поголемиот дел од универзумот изобилува со се уше доста физички форми на вонземска интелигенција :).

Инаку уште еден "факт" кој ме тера да се сомневам во приказнава е, зошто медицинскава сестра била само на едно место? И зошто баш Розвел? Истиот ден се уринуваат повеќе летала на различни локации. Розвел како единечен, посебен случај остана запамтен затоа што урнатото летало таму беше не далеку од населеното место Розвел. А другите урнувања не се спомнати :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom