Nice one
Проблемов ми е многу добро познат иако до сега лично не сум бил жртва на оваа појава.
Познат ми е бидејќи влечејќи заклучоци од моето искуство, поголемиот дел од врските во кои стапуваат луѓе што ги знам патат од овој проблем како последица од немање муда или немање личност во целост. Резултатот е пропаднат покушај да од две се направи едно. Работава се решава многу едноставно преку многу проста аналогија:
Федерација - е облик на државно уредување со висок степен на децентрализација и автономија на федералните држави, но сепак главниот акцент се става на заедничката држава. Федерацијата е
сојузна држава.
Конфедерација - наспроти тоа, конфедерација претставува
Сојуз на држави, кои се здружени во заедница но притоа имаат апсолутно право на самоопределување, или како што често пати се спомнува "самоопределување до самоотцепување", што значи дека суверенитетот лежи на конфедераивната единица и дека таа, како и сите други одлуки во нејзината територија, го носи и правото на одлучување за отцепување од конфедерацијата. Конфедерациите се ретки и тежат кон нестабилности, се претопуваат во федерации или се распаѓаат.
Е сега, what's the right way to do it?
Конфедерација. Секогаш.
Гореспоменатиот проблем настанува затоа што единките имаат претстава дека за една врска да биде успешна треба да биде уредена како федерација. Односно приоритетот да го има Врската, а не тие двајца како посебни единки, и при решавање на било каков проблем често пати се случува едната или другата страна да прави нешто што е тотално спротивно на своите лични принципи бидејќи уште на стартот на односот својот суверенитет го предал на Врската. Ваквите врски обично се по "стабилни" и траат подолго. Па што кур?
Самата поента на взаемниот однос не е Врската да трае долго, туку единките да се среќни. А за ваквите врски да траат обично едната, а не ретко и двете единки се несреќни затоа што се откажуваат од нешто што е нивна суштина во име на Врската.
You don't want that.
Конфедеративно уредување на врската is the way to go.
Врската треба да претставува еден взаемен однос на две сосема засебни единки кои имаат свои желби, верувања и преференци. При тоа, единките за подобро и по ефикасно отстварување на своите желби, верувања и преференци одлучиле да стапат во сојуз (сметајќи дека се компатибилни) во кој самите се носители на својот суверенитет.
Што ова значи во пракса?
Ова значи дека ја сум сопственик на својот кур. И тоа не заборавам да го спомнам на стартот на односот.
Притоа, нејзината најчеста респондација е "Океј, само имај на ум, ако го брцнеш кај шо не треба, поздрав!"
Што е дефакто нејзино право и условот кој го поставила е полноважен.
Како последица на ова се креира еден однос каде што јас сум сопственик на својот кур и знам дека можам со него да располагам по своја волја, но притоа сум свесен и на нејзината волја која таа јасно ја изразила на старт, дека ако го брцнам кај што нетреба, конфедерацијата се распаѓа.
Значи, јас не го брцам кај што не треба затоа
што не смеам, туку затоа
што не сакам. Битна разлика.
Исто така, вака поставените работи го елиминираат нејзиното "право" to control my cock at all times, што значи дека јас можам со својот живот (како носител на својот суверенитет во врската) да правам што кур сакам, притоа трудејќи се да внимавам на чувствата на својот партнер затоа што таа, како суверена единка во врската, има право да ја напушти конфедерацијата во било кое време кое таа го смета за погодно и реално оправдано. (Читај:
Има право да напушти, а не да сере.)
Значи, можеме комотно да закључиме дека за една врска да опстои во облик на конфедерација е неминовно да се има
почит и
разбирање. Кога и јас и таа сме свесни дека сме две посебни суверени единки кои пробуваат да функционираат заедно ради взаемна корист, тогаш разбирањето на туѓите желби и преференци и почитувањето на туѓите принципи се неминовни конститутивни елементи.
Е сега, се случува, поради грешни проценки на единките за нивната компатибилност, да има колизија на волјите.
Да речеме, јас сметам дека можам кога сакам да одам на кафе со некоја другарка, а тоа на нејзе реално и смета и тоа несака да се случува. Хипотетички, во ситуацијава нема место за компромис, што се случува понатаму?
Кога нема место за компромис односно кога нашите поединечни волји се судруваат, конфедерацијата или се распаѓа или се претвора во федерација каде што едниот треба во име на врската да оди против себе си, и да го јаде.
Јас лично сметам дека опцијата распаѓање е далеку подобра, затоа што така единката го задржува суверенитетот а со тоа и правото на понатамошна потрага по среќа, додека во федеративното уредување единката своеволно се откажала од тоа право, and therefore, нема право да мрчи.
Значи, можеме слободно да заклучиме дека за одржување на
среќна врска,
среќен однос, што е и поената, потребни се
мадиња, почит и разбирање. Мадиња за штитење на својот суверенитет, почит и разбирање за подобро утилизирање на Својата волја со помош и подршка од друга личност, односно нашиот партнер.
И, за крај, сакам да напоменам дека конфедерациите не се кратки, туку се ретки (oбратно пропорционално од луѓето со мадиња), но се среќни! И доколку навистина нешто вредиме, треба да се стремиме за најдоброто, па затоа, советувам, don't settle for anything less и продолжете ја потрагата (дали во или вон себе) по личност со мадиња, почит и разбирање со кој би можеле глатко да функционирате во врска налик конфедерација!