Океј зависи како гледаш на еден верник... За еден момент батали цркви и џамии, батали оџи и попови, заборави на тоа што некои од нив не учат, дека ако не одиш со десна нова ваму, ке го налутиш господ, ако не ги миеш рацете вака многу ке го налутиш господ и лошо среќа ке те прати, заборави на тоа дека човек МОРА да му помогне на некој дека тоа ке му се пише како добро дело во книгата на господ, а ако е муслиман а ти си христијанин не му помагај дека тој е во заблуда ти веруваш во вистинското тој не...
Религијата како таква во оваа време навистина е речиси таква како што ти ја опиша (речиси), сакале ние или не тоа е факт. Не само во оваа време, и во минатото, луге се палеле живи дека биле вештери(знам... ама ајде де), секој научник морал да молчи дека или затвор или го убивале, тоа беше плитката политика на црквата тогаш. Во денешно време, се перат мозоци, се почнуваат војни, се тера човек да се накити како елка со динамити и во името на Алах да убие ХХХ број на невини жртви биле тоа или не вистински муслимани, тоа не е воопшто важно, важно е дека до тој степен ја смениле религијата, што жена ако не носи шамија некаде се убива... Значи заборави го сево ова, ова со господ нема никаква врска, ова повеќе паѓа на политика него на старото значење на зборот религија
, за ова треба нова тема да се отвори, и тоа во подфорумот на политика, затоа што јас и ти сме свесни дека ова нема ни Р од религија, затоа и го повторувам ова заборави, заборави
Темава повеќе е (барем јас мислам така) за индивидуално (не)верување. Затоа и пишав дека има 2 типа на атеисти кои му се лутат на господ, едни кои биле/се разочарани и други, кои едноставно мора да солат памет (како и многу верници кои веруваат, онака чисто без некоја причина, и го дрват најмногу од сите). Секој има свое право да верува или не, и секој го нема правото да се меша на друг.
Јас можам да сфатам дека некој е станал атеист зошто загубил некој близок многу, или... има многу причини, премногу дури, разбирам човек да не верува од проста причина што све ова му е смешно да има господ, англеи, рај, пекол, патки со рогови, или пак трета група кои не веруваат дека погрешно го сфаќаат господ, го сфаќаат како некој кој ке те фрли во оган ако крадеш цреши, ЗАСЕКОГАШ!!!
Тоа што не сфаќам е да исмејуваш некого заради тоа што верува или не верува.
Да седиме некогаш 5 верници и 5 неверници, ке се зачудиме сите еден од друг зошто веруваме или зошто не веруваме.
Да веруваш во господ, и ова денешно значење на зборот религија не е исто за мене. Религијата пишав погоре што мислам дека е, а верувањето е една од најинтимните работи, зависи од местото каде што живееш/работиш можат и за луд да те прават ако отвориш уста за своите убедувања
еве тоа и тука се случува, има верници кој ги сметат за глупи атеиститие, и има атеисти кои ги сметат за глупи верниците... Што е најтрагично е дека еден припадник на една религија за повеке глуп го смета еден друг припадник на друга религија (ислам/христијанство) него еден атеист. Се надевам дека ме сфаќаш што сакам да кажам со ова, дека ептен може да се преврти реченицава