Зоран Маџиров (The Bottle Man)

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.792
Поени од реакции
8.066
54ffaa45fab8a1f1c6d74faec545b9b2.jpg

Зоран Маџиров, генијот кој свири на шишиња. Роден на 14-ти Јануари 1968 година во Струмица. Тој се прослави во светот, негувајки уникатен звук, создаден од најразлични видови шишиња.

Последниот албум му е Roots of the roof: Balkano nuevo, создаден под силно влијание на богатата македонска фолкорна традиција.

Доколку знаете нешто повеќе, споделете... ова е од мене се што го знам :)

 
Ова е негова композиција најверојатно од новиот албум што го спомна Горилаз....Прекрасно!
 
Секоја чест :cuc:


А и одлично му се наштимани...
...изгледа и него Тошо му ги штимал :D

 
Маџиров е гениј на кој во Македонија не му се посветува доволно внимание. За жал.

Еве дел од концерт, комбинација на традиционални македонски песни и џез елементи, токму од албумот спомнат погоре.

 
Бев пред година-две во Битолски театар, имаше убава музичка претстава, а Маџиров беше специјален гостин. Многу ми се допадна, ме восхити прекрасниот звук на шишињата, а и убави мелодии избра. И се согласувам дека не му се посветува доволно внимание, па не знам кога последен пат сум го забележала на тв.
 
Од каде можам да му симнам/купам албуми?
 
Ко мал,памтам дека многу се радував коа ќе го видев човечево со шишињава.....ама после кога почнав да созревам,тек тогаш почнав да ја согледувам неговата дарба и талент,и неговата немоќ за просперирање на овие фолк простори.

Незнам само дали Зоран тоа што свири по плоштадите во европските земји,му е издувен вентил....бидејќи не сакам да верувам дека така прибира пари за преживување.


Еве интересно видео од ѕверот:

http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=ut1FYd6q1g8
 
Зоран Маџиров синоќа во Минхен е одликуван со орден за високи заслуги од страна на последниот Баерски принц Мануел Први Ди Нардо и принцезата Астрид Прва Денглер.



Орденот вo форма на медал му е доделен за посебни истакнувања во полето на музиката како оригинален и единствен музичар, како и неговото неуморно ширење на музичката култура низ цел свет во последните 25 години.
од страна на последниот Баерски Принц Мануел Први Ди Нардо и Принцезата Астрид Прва Денглер.
Посебно беше нагласена пораката на Маџиров дека уметноста и уметниците со своите идеи и дела носат одговорност од цивилизациско значење со што ја прават оваа планета поубаво место за живеење.

Линк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom