Здравствени информации на интернет

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
На што треба да се внимава кога се проценува квалитетот на здравствената информација на некоја веб страница. Следните сугестии може да се од корист:
  • Проверете го изворот. Користете признати авторитети.Утврдете кој е одговорен за содржината. Погледајте во делот „ за нас“. Видете кој стои зад сајтот. Тоа може да биде службена владина институција, непрофитна организација, професионална организација, здравствен систем, комерцијална организација или индивидуа. Постои голема разлика меѓу сајтовите, во кои поединечни пациенти ги раскажуваат сопствените искуства и сајтови кои се менаџерирани од професионалци.
  • На веб страницата треба да има дел, каде е објаснето како да се контактира со организацијата или со сопственикот на страницата. Ако сајтот не обезбедува контакт информации, или ако не можете лесно да пронајдете кој стои зад сајтот, бидете опрезни.
  • Фокусирајте се на квалитетот- Погледајте каква е едиторската политика (дали постои селекција и рецензија на информациите/текстовите). Дали информациите се прегледуваат пред да се презентираат на сајтот? Понекогаш, наместо под „едиторска политика“ потребните информации ќе ги добиете во делот „за нашите автори“ . Разгледајте го тој дел, да видите кој ги напишал информациите.
  • Бидете сајбер - скептични , постојат многу лажливци на интернет. Внимавајте доколку во сајтот се даваат изјави кои ви изгледат премногу добри, за да се вистински. На пример се ветуваат брзи, драматични, чудесни резултати. Погледајте дали е тоа единствениот сајт кој дава такви изјави. Бидете опрезни во однос на изјавите во кои се тврди дека различни болести се лекуваат со еден единствен лек, кој наводно содржи „тајна“ состојка. Бидете внимателни ако стилот е сензационален (на пример со многу извичници). Сајтот со информации за пациенти треба да користи едноставен јазик, не стручни термини. Ако не сте сигурни побарајте и друго мислење. Проверете на некој друг сајт.
  • Секогаш прифаќајте ги информациите кои се базираат врз докази, врз база на медицинските истражувања, а не на нечии мислења.
  • Проверете дали сајтот ги идентифицира авторите и ако се работи за сведоштва дали се тие анонимни? Погледајте кој е авторот на информацијата.Ако се работи за истории на пациенти со одредени болести погледајте дали може да се контактира со авторите ( на пр. преку e-mail или телефон). Не верувајте на анонимни сведоштва.
  • Проверете дали информацијата е „update“-ирана (обновена)?
  • Погледајте кој е финансиерот (кој го плаќа сајтот) . Дали е финансиран од некој јавен фонд, донација или се работи за комерцијален сајт со реклама. Рекламирањето секогаш треба да се обележи (треба да стои „Реклама“ или „Од нашиот спонзор“). На ова особено обрнете внимание ако се препорачува некој лек, кој го произведува токму фирмата која го финансира сајтот.
Во такви случаи подобро е ако консултирате и други сајтови за истата информација.
  • Заштите ја вашата приватнос т- здравствените информации треба да се доверливи. Погледајте дали на сајтот е јасно декларирана политиката за заштита на приватноста (треба да постои линк со назнака „ Приватност“. Ако треба да дадете персонални информации (на пример име, адреса, дата на раѓање, пол, средното име, бројот на кредитната картичка) треба да ја проверите политиката на приватност на сајтот , за да видите што тие може да направат со тие информации.
  • Внимавајте ниту еден сајт не може да ја замени живата консултација со вашиот лекар. Тоа е релација која води кон најдобри медицински одлуки.

Колку верувате во информациите кои можат да се најдат по интернет во врска со здравјето?
-Дали се доволно точни?
-Дали верувате дека изјавите на некои пациенти дека се вистинити или се само некаква реклама?
-Дали имате некое такво искуство?
 
Е

експерт

Гостин
http://www.mayoclinic.com/
Мислам дека е најдобрата страница од каде што можите набрзина да се информирате за симптомите, болеста, терапијата, лековите.
 
S

smart ass

Гостин
За лекојте читајте фармакологија,биохемија или слично.

А на интернет имајте предвид секогаш оценката на содржината е субјективна т.е зависи од вас...така да на форумов има доктори кои верувам а и прим етив не штедат на знаење и помагање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom