city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Ако деновиве додека вртевте на вашиот мобилен телефон, слушнавте чуден бип сигнал еве што било причината:
Со звучен сигнал домашните корисници на мобилни телефони ќе бидат предупредени ако повикуваат број, префрлен на некоја од другите мрежи во земјава. Корисниците ќе бидат известени ако бираат телефонски број во кој е задржан префиксот на еден оператор, иако тој, со можноста за преносливост на броеви, веќе се води како корисник на друг оператор.
Од Агеницјата за електронски комуникации соопштија дека предупредувачкиот сигнал сега е пуштен само пробно кај дел од операторите на мобилните мрежи во земјава. Целосно тоа ќе биде ставено во функција до крајот на септември.
„Секој може да се увери во функционалноста на мерката, доколку бира број кој портирал во друга мрежа, а притоа го задржал стариот префикс. Во блиска иднина ќе ги активираме и останатите мерки како што се мерење на квалитетот на услугите, грижа за правата на корисниците, универзална услуга и слично“, стои во соопштението од Роберт Орданоски, директор на Агенцијата.
Звучниот сигнал има за цел да го информира претплатникот дека бираниот број е пренесен и дека со тоа можеби остварува и поскап разговор.
Извор