Елитистички балон или Општествена движечка сила – Образование 2012

L

Luki Junior

Гостин
Заинтригиран од растечките коментари од “Биди Земјоделец зашто Македонија те вика“ за просташтината и неукоста на Македончето, реших мааалку да се позанимавам и со таа тематика. Ногу од коментаторите пишат там, оти ученио свет требе да го бута општеството напред, а јас упорно си мислам оти ученио свет у македонија најчесто е исклучен од реалноста, и живее у некаков утописки идеализам (справка, СФРЈ темата од економија, коментарите на Лавот Македонски, 9ката на Пумата по Генетика, и оште икс примери шо ме мрзе да ги цитирам)....
Мојте идеи дека образованието (високото, оти основното и средното сакаш нејќеш Грујо вика ќе ги одеш) е комплетно изгубено у времето и просторо ќе ги поделам на 3 гранки.

  • - Економска Инвестиција
  • - Проблемот на општествените науки
  • - Квалитет версус Квантитет

Да почнам со ред. Нема да пишам ногу на 3те гранки, за да оставам место да се развие дискусија. И сакам секој шо ќе коментира, да си избере гранка и експлицитно да наведе (колку да се знаа шо точно сака да објасне). И да се разбереме, нема погрешни одговори, реплики, идеи...

Економска инвестиција
Образованието е скапа работа. Само шо повеќето средношколци шо претендират да станат студенти не знаат колку е скапа. Според една проста математика, цената за 5 години студии се врте околу 10 – 12 000 евра. Сумата вртоглаво расте нагоре ако студентчето се опушта, сака да шета, или па да си проба среќата на Work and Work. После 5 години реално тај свежо излезен дипломец и не е баш ногу поконкурентен на пазаро на труд. Ако си остане да работе нешто (ЗЕМЈОДЕЛИЕ), или малтерџија со тенденции за мајстор ѕидар, асфалтчија, или ногу други занаати шо денеска ги работат 50+ годишни човеци, шансите да направе пари се ного поголеми. У идеален случај, е заштедил 12 000 евра оти не ојдел на факултет, плус е заработил (60 месеца по 100 евра на страна да става на месец од платичката) доваѓа се до доста пријатна сума (18 000).... И овај 23-4 годишен човек е пред се млад, има развиено работни навики (знаа как се вадат пари), занаат, искуство, и пореална слика за шо се случува околу него... Додека негов врсник шо е завршил факултет кога ќе стигне до таа магична бројка после толку учејне. Треба години да надвакса (иако реално е поквалификуван благодарение на еден лист шо ќе му го дадат) таа сума шо ја има овај другио.

Проблемо на општествените науки
Оваа е контроверзна идеја. Оти тука на кантар ги турам техничките науки и општествените и мерам.. А тава са две немерливи категории (јабуки и протокали).... Ама од друга страна, јас реално не гледам каков практичен проблем овија науки денеска решават кај нас. Произведуват ли нешто, подобруват ли нешто, измислуват ли некакви работи? Шо праат тија човеци?
Техничките науки барем решават некакви практични проблеми (иако и тук има ного кадри, дек у нашта економија простор да ја апсорбира наездата на инжинерите).

Квалитет версус Квантитет
У Штип прааме 15 минути пауза. Кој сака да оде у вц, да апне, да се разоде, да заврше факултет?
Лани над 95% од средношколците станаа бруцоши... Универзитетите са новите средни школи. Денеска има програми сите до еден да завршат факултет (додуша и јас требе да се запишам, да не си останам среднис)... Универзитетите станаа место дека шо се произведуват квази-интелектуалци на кило. Прошеташ се 3-4 години низ универзитетскио град, и оп дипломираш. Дали те бива, дали не те бива, дали некој е одговорен за твојта високо квалификувана неспособност, на никој не му дреме. Апатија. Тешка апатија, у која секој ја префрла топката и вината на друг, а у меѓувреме се печатат дипломи. Се останува на личната иницијатива и совест на студентите. А студентите богами ни са иницијатори на нешто, ни па са најсовесната група на човеци. Плус, официјална државна политика е дека за у администрацијата и не ти требе некакви квалитети (освен сертификат од МЕНСА за некои позиции), оти и така или иначе ништо не прааш тамо, ни па ќе ти требе да научеш нешто.. (Оваа го спомнувам оти државнио сектор е најголем вработувач у Македонија, па он ја диктира побарувачката на кадри на пазаро на труд). На крај излева, оти дипломата си е еден украс дома за на ѕид, мајката да ја покажува на комшиките колко паметен син/ќерка има. Ама и тава не е как шо беше... Денеска сите имат дипломи... Ама немат книшки...
Арно ама, тука не сам експерт/професионалец и ќе ми требе мислење од поучени човеци шо са ја надминале границата средно школо (има ги тука за извоз). Змејко, да го поживее Господ, задирна у друга тема, некои од мојте идеи па културно го викам да дојде, да си каже шо му леже на душа (може сериозно, може и несериозно, иако коа е несериозен најчесто ја доловува вистината на негов оригинален начин). Батко Петре коа е у расположение раздава знаење од неговата богата кариера како тапетар по цела југоисточна Македонија (па сакам и тука да ме просветле, и јас да видам светол ден). Сите моми шо ги обожавам тука, и шо ме обожават слободно може да се закачат, и да споделат од ниини аспект как стојат нештата и ниините идеи (они са од тија шо ги обожават социјалните науки, то ест да јадат трици без никаква реална продуктивност), некој учитал ако има да објасне од негова перспектива како ја уче македонската авантардна иднина у училишните клупи и разбира се сегашните и идните студенти, да видеме (а особено јас) шо точно сам испуштил од тај професионален живот.

И прашањето за миљон долари:
- Исплаќа ли се у Македонија, Светот и Пошироко да завршеш школо? (Имајќи ги у предвид 3те горенаведени гранки)

Не ми е целта да мереме на кој му е поголем, за мерејне си има метро, сакам колку толку субјективизирана објективност (знам оти е оксиморон) па да се распукаме така и власта да ни позавиде за едноставните решенија, идеи, сознанија, гледишта.. Генијалеците да читат и да си ги влажнат вагините како на них не и текнало да измислат такво нешто, измеѓу секојдневните обврски (негирајне штрајкове, сечејне ленти, и други слични активности).
Пс. Одговори со Да и Не, са добредојдени исто, ама не са баш препорачливи... Може малце да ги аргументирате мислам.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.531
Поени од реакции
22.186
Имаш некој точки со кој се согласувам ама и некој кој не ги делам.

Ете како прво се согласувам со тој дел каде што добро опишуваш дека секој има диплома и дека скоро сите одат на факс. Тоа како појава е добро, односно што повеќе луѓе да одат на факс но 95% е сомнителна бројка. Ако споредиме таа бројка со други земји, ете западните развиени, ќе видиме дека Македонија има најголем просек. Самиот тој факт ми отвара дилема: Се прашувам, дали во Македонија матурантите се поинтелигентни и поради тоа скоро секој се запишува на факс и голем дел завршува, или има некоја друга грешка во системот? Су кажувал и во други теми, дека проблемот е во системот, дека после воведувајне на задолжително средно нивото многу падна. Убо викаш, гимназијата стана општо школо, факсот стана гимназија. Еден проблем гледам и во несоодветно оценувајне на учениците. Основното школо најголем дел од учениците го завршува со просек од 4-5, имаше за тоа еднаш статистика во Нова Македонија. После тоа нормално сите одат во Гимназија и тука скоро сите завршуваат што поред мене е нереално. Од тука, нормално, сите одат на факс, еден фактор е што можеш и во помали места да се запишеш. Неутрално гледано тоа како појава не е лошо но со лажните оценки на основно училиште и во гимназијата на младите им даваш лажна надеж, дека сите се големи таленти и со тоа земаат сила. Разбирливо но не реално. На факс, сепак, не може секој да заврши, но мислам дека процентот е се поголем, значи се повеќе луѓе кој се запишуваат на факс истиот ќе го завршат. Има многу квантитет, мал квалитет. Од тоа страдаат сите: Просечните апсолвенти при ваквак појава и слаб трудовен пазар остануваат без работа, јаките студенти кој имаат знаејне поред дипломата се изедначени со слабите апсолвенти и со тоа дипломата им станува безвредна, успеваат во голем дел тие што се со врски, таква е ситуацијата во Македонија. Вредните апсолвенти го бараат спасот надвор од државата. Општеството губи, се вработуваат доста луѓе со просечен капацитет, голем дел од „мозоците“ бегаат. Добрата замисла на новововедените правила како задолжително средно не се добро премислени, и даваат контраефекти. Треба да се укине овој закон и да се даваат построги оценки, од прво одд. натака. За џабе е на процечен ученик да му редиш 5ки, тоа има контраефекти. Ученикот со мал труд постигнува максимумот, добрите ученици со поголем труд го имаат истиот успех: Со тоа ем им ја земаш мотивацијата на слабите, ем ги разочаруваш талентите. Сета работа е само со статистички ефект: Поред статистика, Македонија има најголем процент на млади кој одат на факс и истиот го завршуваат. Ама, тоа не дава никаков одговор на прашајнето колку е квалитетен кадарот што излага. Треба од прво одд. да има централистички тестови, значи на наставниците и професорите да им се даде план што учениците треба да научат и да има контролни, државни тестови со државно оценувајне. Значи државната матура да има и во основно и по можност на крајот на секоја учебна година да има еден голем државен тест за сите кој исто така ќе бидат оценети од министреството. Ако има големи разлики помеѓу секојдневните оценки и оценките на државните испити треба наставниците и професорите да се казнат. Не викам за поединечни тестови, ама цел клас ако е одличен а подфрли на државен испит веројатно е дека професорот или наставникот не оценувал реално. Кратко кажано: Треба државата да воведе едно повисоко ниво и да го задржи. Со тоа ем нема сите да одат во гимназија и уште помалце на факс. Ќе има и доволно млади кој ќе изучат занает. До тука ија се согласувам со тебе.

Општествените науки: Секаде се подценети во врска што не произведуваат некоја вредност како на пример техничките струки кој ваѓаат парична вредност. Но прашајнето е какво општество сакаме? Сакаме само инженери и информатичари да имаме? Или не ни требаат и социолози, политолози, историчари и уметници? Се согласувам дека за овие луѓе е многу потешко да најдат работа но тоа не значи дека нивниот придонес во општеството не е значителен. Е сега, тој не се мери со парична противвредност. Но сепак тие луѓе во нивните сектори придонесуваат значително за општеството. Напредокот на општеството не состој само од тоа, колку парична вредност ваѓаш со твојата работа. Проблемот во Македонија е што секторот за општествениците не е баш развиен. Тоа е структурелен проблем, Ете во развиените земји тие луѓе се снаоѓаат, се вработуваат и не остануваат на улица, барем најголем дел. Но се согласувам дека баш во овие струки треба повеќе квалитет. Еден квалитетен политолог или социолог повеќе вреди него 5 просечни. Но, во денешен свет на економски напредок, БДИ, итн. оваа категорија на апсолвенти е подценета, нивната вредност е подценета.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Луки јас отварах вакви теми на времето не толку одамна пред 2 години и знаеш што ми рекоа ?
Дека сум ненормален и згора на се еден лајк не добив за ентузијазмот што го вложував во тие теми.

Не вреди да си го губиш времето и енергијата пошто статистички се знае дека на 100 форумџии имаш еден паметен е сега тој паметниот да го чекаш да ги заврши испитите или капнат од работа да отвори форум да нашкрба нешто да те потапша по раме да те окуражи да ти го даде она чувство во оваа од Бога забаталена земја да знаеш дека не си сам, е тоа друже мало морген...

Еве јас почнах сериозно да се бавам со еден јебачки бизнис(не земјоделие) па ако успее(99.5% ќе успее) ќе фрлам чивтиња тука на форумов ќе ставам слики со дебел златен ланец околу врат и полуголи тетовирани цури како ми стојат у прегрљаљ.
 
R

Randy

Гостин
За економиката најпрво.
еве го видеото кое го постирав во темата земјоделие каде што е објаснето дека е балон.
http://www.youtube.com/watch?v=ZAwBN2Q8L14
Сепак има разлика помеѓу ситуацијата во Америка и кај нас. Кај нас луѓето не земаат кредит за образование туку трошат свои пари, а дел финансира државата. Но тоа нема да го смени фактот дека за многумина образованието ќе биде тотално промашена инвестиција. Изгубиле и време и пари.
Проблемот со општествените науки
Голем дел од тие што ќе завршат факултет од општествените науки никогаш нема да работат по струка.
Квалитет версус Квантитет
За да има квалитет треба многу години да се вложува во кадар, знаење и опрема. Не можеме ние да споредуваме со држави кои постојат и се развивале по неколку стотици години. Ние сме во фаза на emerging market economy, а таа фаза развиениот свет одамна ја поминал.
Истотака за да има квалитет некој треба да го цени квалитетот. Џабе е најпаметен да си кога без врски нема никој да те вработи.
Прашањето за миљон долари:
Кога ќе има голема бројка на невработени високообразовани кадри кои ќе увидат дека изгубиле неколку години, а не научиле ништо и згора на се мораат да работат аргатски работи се ќе биде појасно. Секој ќе се запраша дали дипломата е добра инвестиција. И ќе велземе во фаза кога ќе студираат во најголем дел тие што се примени на јаки факултети и се надарени и тие што имаат врски со кои ќе се вработат по струка. Но прво да пукне балонот кој сеуште го пумпаме. Тогаш како што реков дел од работите ќе ги среди невидливата рака на пазарот. Многумина ќе изгубат во играта, а во хаосот каде нема да се знае кој е способен, а кој само платил помеѓу губитниците ќе се најдат и способни кадри.

п.с.Луки не можеме да мереме оти кусо е метрото, дај некое подолго метро :icon_lol:
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Луки јас отварах вакви теми на времето не толку одамна пред 2 години и знаеш што ми рекоа ?
Дека сум ненормален и згора на се еден лајк не добив за ентузијазмот што го вложував во тие теми.

Не вреди да си го губиш времето и енергијата пошто статистички се знае дека на 100 форумџии имаш еден паметен е сега тој паметниот да го чекаш да ги заврши испитите или капнат од работа да отвори форум да нашкрба нешто да те потапша по раме да те окуражи да ти го даде она чувство во оваа од Бога забаталена земја да знаеш дека не си сам, е тоа друже мало морген...

Еве јас почнах сериозно да се бавам со еден јебачки бизнис(не земјоделие) па ако успее(99.5% ќе успее) ќе фрлам чивтиња тука на форумов ќе ставам слики со дебел златен ланец околу врат и полуголи тетовирани цури како ми стојат у прегрљаљ.
Само на кратко, брзам се. Тава ќе продолже на долго и широко.
Сакав само да му дадам лајк на избранио, со големо закаснувајне, ама тоа е најмногу што можам. И ќе се молам на госпот, вишну и лавот од нарнија да му успее бизмисо и да туре тука слики со ланецо и полу(може и цело)голи тетовирани цури. Ако има некоја тетовирана форумџика тука, нека аплицира кај идниов милионер, да не се мачи да ве бара.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Само на кратко, брзам се. Тава ќе продолже на долго и широко.
Сакав само да му дадам лајк на избранио, со големо закаснувајне, ама тоа е најмногу што можам. И ќе се молам на госпот, вишну и лавот од нарнија да му успее бизмисо и да туре тука слики со ланецо и полу(може и цело)голи тетовирани цури. Ако има некоја тетовирана форумџика тука, нека аплицира кај идниов милионер, да не се мачи да ве бара.
Розевата бесна мачкица има тетоважа, дај ако не те мрзи ургирај?!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.767
Поени од реакции
8.793
Гледам дека си ме спомнал, па само заради тоа и одговарам на темава.
Мојата 9ка генетика е добиена чисто заради себе, а не утре за нешто ќар да имам. Како и самиот факултет што сум го одбрала. Свесно дека може наредниве 10 години и невработена да бидам.
Студирам ради лична сатисфакција.

И не, нема да одам да копам бавчи. Не сум учена така, не ни имам желба за тоа.
Кој има желба, нека му е со среќа, ако ме викне на кафе ќе го посетам.

П.С. Еве баш сега се спремам да одам накај едно велешко село, таму научив на нижам тутун. Од ќеиф ;)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Луки, добри са ти прашајната уф посто а и не са малку. Ја ќе се обидам да одговорам на некои, и ќе сменам дијалекто (и фонто) за да понудеме повечку дијалектички баланс.

Ако инвестицијата во образованието ја гледаш само во македонски контекст, тогаш ич да не прајме муабет. Македонските универзитети ѓомити следат трендој, ама ниту имаат асални стандарди, ниту пак функционираат во саглам пазарен систем на труд. Бати пазаро кајшо партиска книшка чи надјеби пописмените. Ако пак инвестирајњето во образование го клајш во тро поширочки рамки, тогај за инвестицијата во саглам школо нема сомнеж. Пој ѕирни и примајњата на лујџето со постдипломско образование (особено во биомедицинските и техничките струки) па јави ми кога еден индивидуален производител на овчко сирејње, луцерка или рани лубејнци чи втаса со спечал. Ама есапи го спечало по работен саат.

И општествените и техничките науки се вреднуваат на пазаро на труд. Дипломите по музика, социјална психологија, хемиски инженеринг и медицина многу различно се плајчаат. И то си е фер поради јасни причини. Вреднувајњето на дипломите (особено од тврдите науки) е евидентно. Некој че речи „ами шоченисе општествениве науки и уметности ко не произведуваат ништо?“ Вредноста на образованието во општествените науки или уметностите не можи да се јади ниту да се пија. Производите се инакви. И нивната вредност на пазарот на труд е соодветна. Не можи (и не сака) секој да се бави со тврди науки, ко шо неможи и не сака секој да диригира со оркестар. И убо ко така.

Че излезам тро од рамките на твојо пост. Има еден глобален тренд на девалвација на унивезритетските дипломи. Постојат многу ѓомити универзитети (во МК појчето се такви) каде додипломските студии а и постдипломските се лакрдија. Демократизацијата и достапноста на универзитетското образование дојде до дереџе кога се добиваат онлајн докторати по едночудо дисциплини. Преку 95% од онлајн студиите се тешка превара -- дај ми и парите, братучед ти нека ти и полага испитите, сестра ти нека ти и пишува семинарските, ти дрви си го на Фесјбук. Ич не ми е гајле, че ти дам диплома. Главно парите ти и зедов. Секако, во саглам компании и универзитети со ваквите дипломи мојш плочки да бришиш -- си се знај на пазаро кое школо е саглам. Арно ама за во државна администрација ваквите магистратурчина и докторатчина се таман. Полн е западов со вакви доктори и магистри напикани во државни администрации.

Доброто образование треби да е вредност која че ги надмини пазарните рамки. Знам, јас сум малку старомоден романтичар. Се' појче универзитетското образование станува услуга која се нуди на пазаро. Ако е така, тогаш клиенто (во овој случај студенто) е секогаш во право. Зато (особено лошите) универзитети се труда да го задовола клиенто и да продаат шо појче услуги на шо појче студенти. Топ универзитетите имаат и појче и поасални извори на финансирајње и не се тепаат за студенти, ами обратно. А им се можи оти со нивните дипломи за неколку години чи исплатиш парите за школарина.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Девалвацијата на образованието е многу поодамна почната, може јас сум некоја среќа што го фатив последниот воз од стариот комунистички систем.
И да образование треба, ама да се вратат комунистичките стандарди, да има 1-ци, да има повторување на година и да има луѓе што нема да завршат основно пред се бидејќи не се потрудиле.
Пред се за да се привлечат странските инвестиции, потребно е кадар со високо образование, тоа е една од причините што се форсира, независно што на местото на машински инженер ќе стават некој со педагошки факултет со обука платена од компанијата за која што работи. Околу општествените науки и техничките науки, секаде во светот соодносот на кадри е сличен, само што таму има повеќе население, а кај нас мислам дека треба да се направи некоја студија колку на годишно ниво ни требаат општествени кадри, па да се ограничи нивниот број и да се произведуваат колку што ни требаат, ама за пуста пара никој не гледа во иднина тука дај што даш, па вие справувајте се после и нормално луѓето што знаат дека вредат повеќе не седат тука.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Девалвацијата на образованието има многу подлабоки корени. Пред стотина години се знаело, високо ценетите инжинери се занимавале со математички формули и цртале технички цртежи па со помош овие цртежи квалификуваните работници работеле на машини и правеле разни производи. Овој систем останал непроменет од почетокот на индустриската револуција пред околу 200 години па се до 1970-тите години на запад. И што е најважно ова работело толку време многу добро за сите производи, од ножички до носачи на авиони. Инжинерите цртале, работниците произведувале по нивните цртежи, и сите биле среќни. На работниците ниту им било барано да имаат диплома ниту па тие фрлале пари и труд за да е добијат.

Проблемот настанува во 1970-тите години со појавувањето на автоматски машини за производство, роботи и сл. Со ова бројот на работници кои бил потребен се намалил многу. За да ги абсорбираат овие луѓе владите на запад сватиле дека економиите влегуваат во нова ера на пост индустриско општество каде доменот на услуги а не производството е главниот работодавец. Се отвораат нови безвезни факултети кои даваат дипломи како луди. Нормално со ова се намалува вредноста на факултетските дипломи.

btw, знаењето е сеуште многу ценето на запад. Кој колку има во главата, толку и ќе ужива во животот...
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Во кратки црти: нема леб во Македонија.
И подобро да инвестираш во партиска книшка и во партијата отколку во дипломата и факултетот, ако сакаш да живееш добро во МКД.
 
L

Luki Junior

Гостин
Луки јас отварах вакви теми на времето не толку одамна пред 2 години и знаеш што ми рекоа ?
Дека сум ненормален и згора на се еден лајк не добив за ентузијазмот што го вложував во тие теми.

Не вреди да си го губиш времето и енергијата пошто статистички се знае дека на 100 форумџии имаш еден паметен е сега тој паметниот да го чекаш да ги заврши испитите или капнат од работа да отвори форум да нашкрба нешто да те потапша по раме да те окуражи да ти го даде она чувство во оваа од Бога забаталена земја да знаеш дека не си сам, е тоа друже мало морген...

Еве јас почнах сериозно да се бавам со еден јебачки бизнис(не земјоделие) па ако успее(99.5% ќе успее) ќе фрлам чивтиња тука на форумов ќе ставам слики со дебел златен ланец околу врат и полуголи тетовирани цури како ми стојат у прегрљаљ.
Избран, разбирам ти ги фрустрациите. Да се надопунам, јас не очекувам некој да ме потчукне по рамото и да ми каже: Браво бе Луки, паметен си.
Тука има ного попаметни човеци од мене, поначитани, попрошетани, пообразовани, посвесни, па пробувам да соберам некоја идеја од них.. Оти идеите са капитал. Без разлика на држава, и местоположба. Само човек требе да има малку акл да ги искористе тие идеи, стомак и нерви да проголта и пресече у даден момент. Е сега се чудам како да ги научам и извежбам тија способности...
А за бизнисо, фрлај к'чове слободно. Имаш 100% поддршка од мен, како млад, креативен, и интелегентен претприемач.
--- надополнето: 25 ноември 2012 во 15:34 ---
@Igorcemk Арно мислеш, ама сепак осеќам доза на идеализам у твојо пост. Мош и да сам грешка. Јас како попарен од врела вода од тај пусти социјализам, ного од нештата ги гледам низ финансиска призма (од проста причина шо цел век јас додека пробувам да живеам, јас се борам паралелно за егзистенција). Општество може да развиваш ако имаш пари. Како се праат пари? Произведуваш. Произведуваш како ненормален... Лесно е да си “филозоф“ у држава шо има доволно силна економија да те изранува... Некој мора на крајо на вечерта у кафана да ја плате сметката... А социјалните сигурно не са тија шо први ќе се фатат за џебо... Тешко е да си филозоф у општество шо реално не може леп да си произведе. Иначе горе доле опфаќаш ја основата на проблемо оти произлегува од прво одд.
За крај, прашањето шо ми се врте у главата после твојо пост е: Дали образованието произведува човеци шо са подготвени да извадат пари и да ја платат сметката? (и метафорички и физички)

@PurplePuma Мац, мац, таа деветка ме натера да те гледам у целосно друга светлина. Па секојпат коа имам прилика пробувам со самио контекст да ја ставам у мојте постове, само заради чистата и инспиративна позадина на самио аргумент. :icon_mrgr::icon_mrgr:

10 години невработеност, заради чиста лична сатисфакција оти демек може психологија да завршеш? Барем искрена си, ако не друго, и јас го почитувам така, како човек шо не успејал да си испуне таква желба/сатисфакција.
Сега, бидејќи гледам низ призмата на тија пусти пари, плус те имам читано оти ного често прааш паралели и аналогии и корелации од твојта алма матер + животните искуства, не можам а да не те потчепнам малку... Шо да праам, чешат ме прстите.. Ќе ми простeш, Мац. :)
Одеш на факултет без никаква реална перспектива у Македонија, само заради лична сатисфакција. Нејќеш да работеш земјоделие за живот, а за ќеф (Иако сите шо работат земјоделие за ќеф, работат по 1 саат на месец, колку да и мине мерако...Нешто како селски туризам..) Нејќеш да живееш у странство да и слугуваш на странците, оти са посмотани, понеинтелегентни, помалку образовани од тебе (елитизам?o_Oo_Oo_O). Либералист и националист до гроб. Немаш школо шо ќе праа пари, нејќеш физичка работа, македонскио пазар на труд е дефиниран од државната администрација, тава ме набедува на неколку нешта... Е сега според мојта логика има неколку опции:
Имаш милионери родители, шо ќе ти остаат у наследство неколку вреќи евра, па не се секираш за финансиите. За секој ќеф и сатисфакција, на крајо на дено некој требе да плате.
Имаш опасни партиски врски, за некој ден после дипломирајне да станеш црево у администрацијата и да смукаш од работливите македонци, додека ги вреѓаш дека са прости необразовани некултурни заостанани сељаци.
Ќе се мажеш за богаташ (по автоматизам спаѓаш у графата спонзоруши).
Ако има четврта опција, слободно просветли ме мене, како инфериорен интелект.
Мацо, мацо, јас сам ја видел црната страна у Македонија (затава се питам дали образованието е излез)... На зборове е лесно...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Го имам постирано говорот на С'р Кен Робинсон во врска со образованието со кој апсолутно се согласувам и кој во голем дел ги одговара дилемите на Џуниор.
Образованието во Македонија, а богами и во голем дел од светот е конструирано на тој начин да прозведува кадри за да може индиструското општество да функционира и ништо не е сменето.
Најголем дострел во денешнето образованието е универзитетски професор, тоа е крајната цел што може да го произведе денешното образование, што да зборниме реално не е ниту некоја професија што е толку неопходна, наместо да се фокусира да ги најде вистинските вредности на еден ученик и мотивира да го исцеди најдоброто од себо во областа што го интересира .
Погледнете го видеото, исто така и останатите видео од Кен Робинсон на ted.com или youtube и ќе добиете вистинска слика што денеска му фали на образованието.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Го имам постирано говорот на С'р Кен Робинсон во врска со образованието со кој апсолутно се согласувам и кој во голем дел ги одговара дилемите на Џуниор.
Образованието во Македонија, а богами и во голем дел од светот е конструирано на тој начин да прозведува кадри за да може индиструското општество да функционира и ништо не е сменето.
Најголем дострел во денешнето образованието е универзитетски професор, тоа е крајната цел што може да го произведе денешното образование, што да зборниме реално не е ниту некоја професија што е толку неопходна, наместо да се фокусира да ги најде вистинските вредности на еден ученик и мотивира да го исцеди најдоброто од себо во областа што го интересира .
Погледнете го видеото, исто така и останатите видео од Кен Робинсон на ted.com или youtube и ќе добиете вистинска слика што денеска му фали на образованието.
Формалното образование треба да се одработи поштено, да се примени и да даде некакви позитивни резултати. Кога формалното образование ќе се сведе на лиценца која се купува за фиксна сума, а не се заслужува, ниту пак дава резултати, тогаш таквото формално образование е тотална лакрдија.

Ама да не го фрлиме бебето сосе водата. Колку е изводливо да се здобиеш со вештини, знаења и професионални креденцијали во, да речеме, биохемија, генетски инженеринг, дизајн на вселенски летала вон формално-образовните институции? Кој ќе ги обучува студентите за ова? Во тврдите научни дисциплини универзитетските професори мораат да бидат практичари. Многу е тешко да егзистираат како armchair scientists. Во општествените дисциплини огромен дел од професорите се бесполезни теоретичари удобно залегнати во своите се'уште многу добро платени фотелји. Еве ја разликата која ја загатна Луки.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Формалното образование треба да се одработи поштено, да се примени и да даде некакви позитивни резултати. Кога формалното образование ќе се сведе на лиценца која се купува за фиксна сума, а не се заслужува, ниту пак дава резултати, тогаш таквото формално образование е тотална лакрдија.

Ама да не го фрлиме бебето сосе водата. Колку е изводливо да се здобиеш со вештини, знаења и професионални креденцијали во, да речеме, биохемија, генетски инженеринг, дизајн на вселенски летала вон формално-образовните институции? Кој ќе ги обучува студентите за ова? Во тврдите научни дисциплини универзитетските професори нужно мораат да бидат практичари. Многу е тешко да егзистираат како armchair scientists. Во општествените дисциплини огромен дел од професорите се бесполезни теоретичари удобно залегнати во своите се'уште многу добро платени фотелји. Еве ја разликата која ја загатна Луки.
Се океј, али она што Кен Робинсон го зборува на клипот Е заклучок од ситуацијата на терен.. Треба да се размисли за проблемите што тој ги посочува а се реални. Кен Робинсон, никаде не дава бомбастично решение, колку што сум го гледал, он само предложува. ..

Дека во поглед на образование се движиме кон нулта точка, тоа е точно, но сите опции треба да бидат разгледани. Особено па овде во Македонија, па ние сме бре светлосни години назад од Кен Робинсон и компанија. Прашањава што ги поставуваш, а со право ги поставуваш, дечкиве као Кен Робинсон, таму негде на запад.. или еве поразвиениве земји во исток, веќе си ги решиле... Проблемот е кај нас.. шо ние ќе направиме овде кај нас..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom