- Член од
- 27 февруари 2013
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 4
Македонија бележи подем во полето на МТБ (mountain biking) велосипедизмот, постарите тури прераснаа во традиција, различни друштва низ македонија си исцртаа нивни, комерцијални тури. Претежно лесни до средни по тежина, со што би биле достапни за пошироката маса учесници. Откако ќе се заситиш со се што таквите тури нудат покрај добра вожња, гужви, музика и пијанки почнуваш да се тргаш на страна и да си го бркаш својот филм. Овде би сакал да ги споделиме нашите искуства, за малку поинакви, поекстремни тури, каде што се лизгаш покрај провалии и на места мораш да го мкнеш бајкот на грб по карпи или да го туркаш по прејак наклон, да ги подмитуваш овчарските кучиња за да не те гледаат толку злобно и на крај да уживаш во најубавите погледи што може земјава да ги понуди од 2000 и нагоре нмв. Од лично искуство ќе ги наведам Солунска Глава и Салаковски езера. Солунска ја олабавивме малку, ја поделивме на два дена, со преспивање во домот Караџица, а Салаковски ја возиме веќе по трет пат како еднодневна тура. На двете тури имам гурано од прилика по 200 метри, по стрмен и технички терен. Нареден проект ми е да се извози Љуботен од Косовска страна, а да го симнеме од наша, а после планирам да ги испитам патеките до Караниколички езера (доколку некој возел, споделете искуства) Овде ќе ја закачам патеката до Салаковски, до Солунска си е мапирана на мапс.
Attachments
-
63,4 KB Прегледи: 18