Европско првенство за мажи - Данска 2014 | Франција шампион! |

Статус
Затворена за нови мислења.

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
40ка не би примиле само затоа што нападите ни траат во просек по 1 минута,да пробаме да играме брзо како Данците преку 50 примаме сигурно.....Станот го ставам дека ако судиите не ни ги пуштаат нападите припаме преку 50 комада од мотивирана Франција.:D

Немаме ништо,ама баш ништо во екипата со што можеме да се справиме со било која од тие во топ 4 екипите.Единствено некоја луда утакмица на домашен терен како со Данска во Белград.



А и репрезентативен и клупски ракомет не се иста работа....


Нека не не лажат многу резултатите на Металург и Вардар.
Во Металург играат и Станиќ и Вугринец и Атман кои додаваат друга димензија во однос на тоа што го игра Македонија.Башка што одбраната тие што ја играат ја поставува Червар и се уигрува цела година.
Во Вардар тек 4ца Македонци (со се Прибак) имаат некаква улога во тимот и никој од нив не е незаменлив играч.Другите нешто во СЕХА малце играат или греат клупа.Македонските играчи немаат некој голем удел во играта и резултатите на Вардар.

1.Да не те претеруваме сега :) демек ние секоја минута ќе примаме гол и само ќе им ја даваме топката, не сме ни приближно добри како полуфиналистиве, ама не сме ни аматери за ракомет, сепак сме во топ 10 во Европа...
2.Па за ова и ми беше муабетот бе брат :D ништо не зборев кога Шпанциве ги истраумираа на светското, :D ама на домашен терен да примиш 41 гол во финале? Е да играме ние во Борис, 41 гол нема да примиме па макар и со Ол Стар тимот да играме...За ова најмногу и ми беше, ние во Србија игравме како дома да речеме, а ни една репрезентација не помина лесно со нас, Данциве беа катастрофа, дали 3-4 топки фатија се до крјаот кога веќе славеа Французите...
3. За ова се согласувам, сакав само да кажам во Скопје ништо посебно не покажаа Нарцис, Карабатиќ, Абало, па и Хансен од Данска беше толку немоќен фалеше уште да заплаче со Металург...А пак во Металург игра македонската одбрана, а и Вардар нема некои играчишта што се многу подобри од првиве..(Абутовиќ, Тоскиќ, Петриќ...)
4. Станиќ не е ништо посебно оваа сезона, не е оној од лани и оној од пред 2 години...Кратко кажано не е многу подобар од Борко во моментов...Борко е топло-ладно на една ќе одбрани 20 на друга 6, ама па и Станиќ не се покажа нешто многу на ова првенство...Кире е 2 класи подобар од Вугринец, на местото на Атман е Миркуловски, плус Мојсо, горе доле не се многу различни овие 2 состави...Го заборави Столе во репрезентацијата, Металург играат без пикер оваа сезона...

Целиот муабет ми беше дека една Данска која е сила во ракометот не смееше никако да прими 41 гол во едно финале, може на секој да се случи, ама сепак Данска е Данска и не верувам дека некоја друга репрезентација поготово од овие што влегоа во следната фаза ќе примеше 41 гол, поготово ако играа дома. Едноставно премногу разочараа, главни фаворити беа, не беше неочекувано да изгубат, ама никој не очекуваше дека Французите мајмуни ќе ги направат :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Што направи Франција бе ? :cuc:

Ми се чини дека ваква утакмица може да одиграш еднаш и никогаш повеќе.Буквално кажано ги торпедираа од сите позиции.Расположението кај Французиве беше за 10ка,а исто и асистенциите им беа перверзии.Домаќинот и можеби фаворитот број 1 на утакмицава изгледаше како аматерско тимче за пополнување на место на турниров.Уште во првите 5-10минути се виде дека Данциве се целосно изгубени и не знаат кај тераат.Цела среќа за нив е што Франција не играше на највисоко ниво цел натпревар инаку поразот од финалето со Шпанија ќе беше ништо во споредба со она што ќе им се случеше денес на домашен терен.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Ми беше Франција фаворит во финалето, ама 40 гола :eek:?! Well, I did not see that coming.

Честитки огромни за петлињата. Ама златните медаљи на страна, вистинското злато на ова ЕП тие го заработија во фантастичната промоција на нови млади играчи, кои недвојбено без никакви проблеми ќе испишуваат уште многу златни страници во француската ракометна историја и достојно ќе ги наследат своите сегашни повозрасни сонародници и идоли. Тука пред се' алаудирам на Порт, кој според мене беше откровение на Шампионатот (како наш Столе пред 2 год.) и ако се доделува некоја таква награда, тогаш тој би требало да ја понесе.


ПС - Прв пат во живот го слушав Драго Чосич како ''отворено'' навива за ФРА. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom