ЕП 2014 - Група Ц (Франција, Полска, Србија, Русија)

Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Некако многу исти ми се овие две селекции. Србиве имаат јака бековска постава но мислам дека во клучни моменти ќе прснат и пак Станиќ и Страхиња (со пеналиве :D) ќе треба да ги вадат. Само затоа не ги ставам во оние „фаворити од втор план“.
Тоа е тоа! Без Станиќ се само просечна селекција. Заеби имињата кога се банда без команда. Овој па уште го сменил Страхиња со Ѓукановиќ :pos: А баш Милиќ знае да се здиви кога најмалку се очекува од него. Станиќ не е тој Станиќ од лани и прехлани, во многу лоша форма е. Плус одбраната им е решето, ја имаа една од најслабите одбрани на првенствово можеби.


Манасков е нула во поглед на грешки и глупости во споредба со Никчевиќ, ќелавиов дава голови ама прави многу глупости.

Реков имаат потенцијал, индивидуален квалитет но многумина се сеуште некако неискажани играчи... јак тренер може би направил од нив „фаворит од сенка“ за понатака.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Реков и јас дек Србија ќе испадне со победа над Полска. Само ми е криво што Полјаците не ги здрвија Франција. Заслужено си отпаднаа Србија, не ми е воопшто мило, ама со Полска и Русија дефинитивно ќе има поатрактивни утакмици.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.224
Поени од реакции
35.842
Светла иднина му се пишува на синов ако продолжи вака. За татко му што ми имаат кажувано постарите кои имале прилика да го гледаат е дека бил еден незапирлив бик од пикер. А богами и синов не е ситно дете..

Иначе Joli 10/10 пенали :D Станиќ поцрвене ко фацата на Ландин.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Светла иднина му се пишува на синов ако продолжи вака. За татко му што ми имаат кажувано постарите кои имале прилика да го гледаат е дека бил еден незапирлив бик од пикер. А богами и синов не е ситно дете..

Иначе Joli 10/10 пенали :D Станиќ поцрвене ко фацата на Ландин.

Рниќ и на првенството во Србија беше во тимот, само што слабо добиваше шанса, а еве и денес не беше стартер а во второ полувреме одлично ја искористи шансата, одлично изигра...Имаат добри млади играчи Србиве, целосно имаат супер тим, ама џабе им беше се, премногу катастрофално изиграа, одбраната швајцарско сирење, а нападот беше премногу индивидуален без идеја, тоа е тоа, ќе мораат нешто да менуваат (веројатно тренер, не знам зошто го сменија Вуковиќ, нели после европското му го продолжија договорот мислам до 2016)...
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
shteta shto ne ja gledav ovaa. Festival e da se gleda Joli koga shutira 7m. A posebno ako se 10/10.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Стварно штета за Србиве што не поминаа ама до некаде имаа и за нијанса појака група од нашата.
Не Џамбо абе Штербиќ да го ставеа на гол џабе е.Кога незнаат да изиграат добра одбрана тоа е.
Илиќ и Вујин 0/3 од игра :eek:
Стварно не паметам утакмица волку слабо да одиграат.
Тоскиќ стандард како и наш Столе(кој рака на срце е се подобар) многу слабо во одбрана.И во Вардар е еден од најлошите ако не и најлош одбранбен играч.
Ајде ништо страшно ќе направи добра селекција Матиќ за некое наредно првенство.Веќе ги има младите Зеленовиќ и Рниќ кој очекувам да бидат прави лидери на оваа селекција.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Србите требаше да ги води Љубомир Врањеш, али од Фленсбург не го пуштија. Ќе беше друго со него.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Имам впечаток дека на првенствово се покажува дека веќе не може да се игра само со класични шутери на бек. Екипите кои немаат квалитетни класични брзи средни бекови разигрувачи имаат големи проблеми. И Србите и Чесите се во аут од слични причини. И Полјаците некако се мачеа кога не им играше Јашка од тоа малку што го гледав... Можеби сум грешка, ама мене ваков ми е впечатокот засега.

Инаку Србите дефинитивно се разочарувањето на првенството. Јас огромна утка направив со прогнозите за нив...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Србија село без кучиња..
Џабе имиња,џабе се...кога се раштимуван оркестар...
Матиќ чекаше 40 минута да го пушти Рниќ кој за неполни 20 минути даде 5 гола од исто толку обиди....
Големите звезди Илиќ и Вујин треба да се засрамат.....убедливо најслаби во цела селекција...
Посебно Вујин,сега гледам колкава е разлика во играта кога играш за еден Кил и кога играш за некоја второкласна селекција....
Матиќ не се снајде во тимот со толку ега,последната сцена со Станиќ пред крајот на мечот со франција кажува се за нивниот тимски дух....
За двете исклучувања за дофрлање од клупа на мечот со Русија се е кажано...:pos:
Мислам дека им фали некој стручњак како Вујо,или некој друг,кој има авторитет и пред се интелегенција да води една ваква селекција,никогаш немале толку добар ростер,ама џабе имиња кога нема игра...
Овде се им беше измешано,го ставаат Илиќ на среден:facepalm:,а никогаш не играл среден бек,организација на игра нула,се гледаше разликата кога Ненадиќ влегуваше на негово место...
Им фалеше Шешум,со него колку толку ќе личеа на нешто...
Тоа е,добро почнаа,многу очекуваа,поразот од Русија ги врати во реалноста...
Франција,се е кажано за нив....
Русите ме изненадија со добрата игра со Србија,и денес со Полска,но само во првото полувреме,во второто ништо не покажаа...
Како и да е,селекција со Атман,Шелкенко,Игропуло,Горбок,Ковалев не е за потценување,ова треба да има во предвид пред се Шведска...
И на крај Пољаците,изгубија несреќно во првите два меча,посебно голем отпор им пружија на Французите,одлично изграа...
За разлика од минатите првенства,сега играат далеку побрзо,брзо завршуваат,имаат повеќе акции,не чекаат само на бековите да решат....
Мислам дека ќе изненадат еден од фаворите,пред се Шведска...
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Каков просек на Вујин 3 гола од 21 обид = 14% :eek: страшно :eek:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom