- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Дури 8 од 10 Грци против зборот Македонија во името на земјава
Дури 8 од десет граѓани на Грција се против употребата на зборот Македонија во името на земјава. Фрапантните податоци од истражувањето на јавното мислење ја откриваат и главната причина за отпорот на грчките власти при решавање на спорот за името. Според резултатите, најголемиот дел од граѓаните на европска Грција повеќе се секираат за националната гордост отколку за потребата од храна. Не куртулија ни политичарите. Папандреу и Пападимос народот ги гледа како предавници.

Против терминот Македонија во името на нашата земја се изјасниле 8 од 10 Грци, во анкетата спроведена за интернет порталот Њузбомб. Во истражувањето спроведено на 1.000 испитаници од цела Грција, 75,4% се изјасниле против именката Македонија или изведените зборови од неа, 14,1 % немаат проблем, додека пак останатите 10.5% се неодредени односно или не сакале да одговорат или биле неутрални.
Во телефонската анкета, спроведена кон крајот на минатиот месец, било земено предвид и тоа за која партија гласал испитаникот на минатите парламентарни избори. Па така, противењето доаѓа од сите грчки политички партии, па дури и од радикалната левица - повеќе од половина – 53% од испитаниците од СИРИЗА не се согласуваат со името Македонија за нашата земја. Очекувано, најголемиот процент доаѓа од ултра десничарската ЛАОС - 85%, додека пак поддржувачите на Неа Димократија и ПАСОК се со 75% односно 64 % против.
Порталот што го спроведе истражувањето коментира дека грчкиот народ дури и во најлошиот период од модерната историја на земјата, дава приоритет на националното достоинство, кое го става дури и пред потребата за храна.
Што се однесува до актуелната ситуација во земјата, во истото истражување, мнозинството од Грците се изјасниле дека Папандреу го продал суверенитетот на земјата, Пападимос дека им служи на странските интереси.
Сања Ристовска

Јасно е зошто позициите на Гејлада се толку цврсти.
Нејасно е зошто Европа и НАТО а богами и некој домашни политичари го толерират, одобруват дури и подржуват овој фашизоиден национализам .