Драга,
сакам да сум дете повторно. Сакам да ми се интересни сите тие работи што ми беа интересни кога бев мал. Сакам да играм граница. Сакам да ја бркам низ школото и да скокаме преку врати. Сакам да паднам и да ги изрежам колениците и да ми прснат јод или шо и да беше, да ми стават фластер и да ми се направат корупки. Сакам да му набацувам од корна и да ме фали дека сум ко Бекам. Сакам да одиме на гости на слава и ние децата да отидеме во друга соба и да правиме глупости и интересни муабети. Сакам да одам со дедо ми на пазар, со автобус. Сакам он да купува 200 000 работи а сите тие да не ми се јасни. Сакам вистински да ме радуваат поклоните за роденден. Сакам да се врати бидејќи работите коишто тогаш ги правев на сила и без задоволство УЖАСНО ми фалат. Сакам да ме фали, само неговото фалење беше искрено и вистинско. Сакам да имам подобра комуникација со него или да го снема тотално. Сакам да не ми се погодеа затворени и глупи колеги на факс кои се делумно криви за моето влегување во т.н. вештачки свет. Ама и ти си делумно крив за ова, и ТИ најверојатно ќе го прочиташ. Не дораснав.
Сакам да се врати и средно. Сакам да сакав (?) да учам повеќе (и Македонски, очигледно
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
). Сакам да имаше попрактична настава. Сакам да се вртам назад и да правам муабети за фудбал. Сакам да растураме во асоцијации и да се фаќаат за глава изразувајќи вчудоневиденост за нашата уиграност. Сакам да ме крунисаат за пинг-понг крал повторно. Сакам да пијам и да гребам по ѕидови. Уствари коа ќе размислам подобро со оглед на тоа што се случи после, не сакам ова. Сакам да стигнам од железничка до Влае за 7 минути со кола почитувајќи 2 од 17 сообраќајни знаци и средства (да не возам ја!)
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
. Сакам да не беше ретардирана и да не ме замараше. Другата сакам да беше поотворена ама очигледно јас бев проблемот. Сакам да имав болз да и кажам (оваа е трета патем).
Сакам да беше така како што си мислев. Да се прават посериозни муабети, да бидат одговорни како што треба да бидат и да ми даваат добар пример. Они се кој/а од кој/а. Сакам да можам да им влевам позитива и мотивација ама после суровите работи, не можам. И после толку муабети слушнати... не можам. Ќе сфатат еден ден, се надевам. Тука сум барем со чудната и несекојдневна (барем за нив) смисла за хумор што им ја презентирам, но мислам дека повеќето всушност ги збунувам. Освен оние попаметните. А такви има многу, да. Попаметни се и од постарите. Гледаш од една перспектива и имаш високо мислење а всушност кога ќе сфатиш...
Многу глупо. Гајле ми е за се. Ако случајно од постот сфатите дека сум на добар пат кон мисли за самоубиство реагирајте со време
Сега најмногу сакам да прекине да замара ретардираново време и конечено да си купам ролери!