Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Има ли поубаво чувство од тоа кога ќе дознаеш дека татко ти добил унапредување и си го заслужил она за кое учел и се трудел во текот на целиот живот? И тоа најголемото задоволство е што тоа е добиено без партиска книшка, лично со негов труд. Нема погорд син од мене во моментов. :)
 
Драга,

Од ден на ден, се повеќе ме фаќа страв и ужас што живеам во оваа држава. Никогаш сериозно не сум ни помислила да заминам засекогаш од тука, ама во последно време се некои такви мисли ми се врткаат низ глава.
 
Ми оде,не се жалам.Дали ми е заслужено ? кој знае нема правилник,не сакам правила за животот,нема ограничувања и како требало. Го паметам денот кога минав низ срањето,незнам зошто ама нема да го заборавам,иако се е променето,дури и патеката е со нов асфалт, јас ја паметам со дупки,дупки шо ми направија да бидам сам,по цена ваљда да го имам ова сега шо сум,а сум многу.

Се скараме за педерите,и фанав а испратив не биваше :pos: а сум немал фаца на тип шо отвара врата и знае да гледа даама.....сепак си добив на крај комплиментче :D


letthelordbewithyou
 
незнам зошто одам кај фризер кој вака <.> гледа и воопшто не обрнува внимание кај стрижи, утре ќе треба да се престрижам у пм да фати
250 денари ми појдоа за без веза за една машка фризура
едит: да не се бунат луѓево, платив еднаш за згрешената фризура 100ка и после уште 150 за да ме досредат затоа што ме зафркнаа
 
Драга,
трудот се исплатеше, го положив најважниот испит. :) Едвај чекам да ми стигне сертификатот за месец дена.
Убаво тргна годинава, се надевам дека ќе продолжи вака.
Еве, малце музиче:
 
Дечкото се вика Горан из Србије и го напиша најубавиот статус кој сум го прочитал овој Божик:

„Во оваа моја Србија:

- Запознав националист, кој не ги осудува туѓите либерални ставови.

- Запознав атеист, кој ги почитува туѓите верски убедувања.

- Запознав верник, кој ги почитува туѓите верски убедувања.

- Запознав фудбалер, кој го рецитира Мајаковски.

- Запознав кик боксер, кој игра салса, ја обожава својата жена и не се срами да го подели тоа со целиот свет.

- Запознав момче, кој ги тренира малите никогаш да не се фајтаат на улица.

- Свирев рок со полицаец.

- Ја пеев „Зајди зајди" со закоравен металец.

- Видов фенси риба, која пие пиво од пластика дволитарско.

- Се возев со девојка која не направи ниеден прекршок во сообраќајот.

- Видов пензионер, кој зема само по еден примерок од бесплатните весници.

- Видов млади кои стануваат на бабички во градски и им помагаат да ги изнесат торбите.

- Видов брачен пар, кој и после педесетина година заеднички живот, сеуште се сакаат и се држат за рака.

- Видов малешани кои ги продаваат своите цртежи за да и помогнат на нивната мајка која нема работа.

- Бев во кафеана во која два пати месечно преку стотина луѓе учевствуваат во хуманитарни акции.

- Се сеќавам на Алабанецот кој се сожали над малото Србинче од кого никој не сакаше да купи цреши и ги откупи сите 10 kg (иако не му требаа за ништо).

- Знам момци кои му се спротиставија на силеџијата кој ги малтретираше другите работници во пекара.

- Видов девојка која работи во пекара и на свој трошок им дава храна на бездомниците.

- Работам со момче кое го дели својот ручек со малите Роми од соседството.

- Живеам во град во кој е нормално комшијата да ти ја придржи вратата, да го задржи лифтот и да ти посака добар ден.

- Знам неколку луѓе кои се заангажираа на непознати луѓе да им ги вратат загубените документи.

- Запознав политичар кој навистина се залага за својот народ, а не за себе и својата партија.

- Пријател сум со момак од студентскиот парламент кому навистина студентите му се приоритет.

- Видов пијани момци, кои и покрај тоа што се тетравеа, се нафатија да му помогнат на непознат човек, да ја запали својата кола со туркање.

- Запознав бабичка, која и покрај тоа што нема за јадење, ги храни голубите со трошки.

- Знам жена која има рак, која оди редовно да теши друга жена со рак, затоа што таа ракот потешко го поднесе.

Баш во оваа Србија налетав на сите овие луѓе. Запознав уште многу убав народ кој ги руши стереотипите, а за кој никогаш нема да прочитате во весниците или да ги видите на телевизија, од проста причина што нормалниот свет не е вест. Државата ни е таква каква што е, но и покрај се, луѓето се и понатаму луѓе, ако верувате во нивната човечност.

Бидете и вие некој од овие луѓе, бидејќи тоа е единствениот начин да го промениме целото друштво. Не чекајте го херојот кој ќе го промени вашиот живот - самите бидете нечиј херој, па ќе се најде херој и за вас."

:cuc::cuc::cuc:
 
Дојдов до заклучок дека тагата е екстензивна величина, како што годините минуваат, таа се зголемува ете го тоа својство што ја прави тагата екстензивна величина - адитивноста. Нови моменти, нови личности, непријатни настани и бројката расне ли расне.

Имам чувство дека ќе се случи нешто, за арно нека е. Песнава ме милува, генијално.
Ај доста мудрувам у 4 и нешто ситно сабајле, поарно да си легнам.
 
Драга,

Мразам луѓе со тесен поглед и затворен мозок , па кој ги тркала бе на крај краева самите на себе си одговараме и најмирна е душата и спиењето кога знајш дека тебе образот тие чист дека ништо не си направил. Образот е единствениот капитал на човека кој тежи најпоќе и реди најпоќе заеби што ќе ти речат пари,злато, коли, куќи, образот драга образот.

:D
 
1604939_702251953140943_2002680046_n.jpg


Драга, тоа е тоа


*сеа знам оти пола кајганџии ќе го барат твитер профилот на овој.
 
:sleep:
Ќе ти пишам в година.
 
Кајгано
Слушам на радио мало девојченце игра фудбал у Холандију и било мноо јако.Викале гу мали Меси
Татко кумановац и мајка гевгеличанка, али девојченце везе литературно сс источњачки примеси,колко слатко збори
Мелани Ц. шпиц цевтрафор, 34 гола у сезону еј, никад пенал не промашила, најголем талент у Холандију
Доказ дека не бива за спорт ама неамо услови туја
Бравос Мелани, ју мејк мај морнинг тудеј : )))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom