Ееее, ете ме и мене. 1 недела одмарав од форумов т.е. ме банираа за глупости, дека сум мавал сеир у сериозна тема. Али нема веза, помина веќе, ете сум пак.
Се случија доста работи, т.е. најглавното... ПОЛОЖИВ! Возачката за 1 недела ќе ја имам у рака, али у меѓувреме си возам со потврдата шо ми ја дадоа... у главно ПОЛОЖИВ!!! Па сега ептен си ги олеснив работите.
Работата иде некако, гураме... све околу мене колеги што секој со секој очи ќе си извади, ама нема веза. Ич не се замарам, шо сакат нека праат и шо сакат нека мислат. Љубовта супер, поубоо не ни може да биди. Здравјето арно
Друго... ми купија HDD од 2 TB, почнав веќе да го полнам... тошиба ко лудо чоече, вакво нешто ми фалеше

Полека почнав и филмчиња да си гледам, да си ги симнувам... со тоа и сајтот да ми функционира ко шо треба.
Денеска исто возев, убавини...
Една недела, а колку работи само се случија... нека остане така, убаво ко шо е.