Да се разбереме една работа. И 2013-та нема да ви биде ич асална. Кој не ми верува, нека пише или памти до декември 2013-та кога пак сите ќе пишете-Ај кајги да замине 2013-та, не можам веќе. Како демек со Новата Година доаѓа рестарт на системот. Како демек преминот од 31.12 во 01.01 е поразличен од преминот од 22.05 во 23.05. Како што и 99% од вас ќе ги оставите цигарите, ќе ослабете 15 кила до лето, и ќе си фатите дечко кој нема да биде идиот како претходниот кој нели судбината ви го донесе а вие немавте ништо со тоа па моравте да го трпите наметнатиот избор. Истите мизерии ве чекаат. Пак ќе мора да го полагате предметот на испит оти ќе паднете на колоквиумот, пак на прв нервозен ден ќе се прејдете, препиете, препушите со цигри, за викенд пак ќе западнете во очај и ќе се мувоизебете со првата прилика шо ќе ви се пружа, пак ќе пливате во истите патетики over and over again. Затоа што сте мрзиливи, затоа што одите по линија на помал отпор, затоа што попуштате на првата препрека, затоа што не ги планирате и систематизирате времето, парите, луѓето, работите, затоа што немате самодициплина и затоа што битно е краткорочно душичката да ви е задоволна, а утре е нов ден па тогаш ќе му ја мислиме. И секако после ќе кукате дека немате среќа, дека сте дале се од себе, дека коцките не ви се местат, дека хидрометеоролошкиот завод предвидел дожд за утре. Ама еј, секогаш го имаме први јануари кога ќе се самозалажуваме дека од денес се ќе биде поинаку, ќе дојде самовилата со стапчето, од тиквата во дворот ќе направи БМВ Х6, мувите што ви летаат низ куќи ќе серат по 500 јурци а од изгледаните серии од How I met your mother и од играњето Wow, Dota, Call of duty ќе ја спремите семинарската. Повеќето од вас сте здрави, прави и немате никаков екстра тежок проблем во животот што го нема во секоја куќа. Затоа не туку цмиздрите и фаќајте лопата.