Koга сме кај подобрите квизови, бев на милионер кога имав 17 години и земав 32 000.
Првпат на ТВ ме видоа избричен школските, иначе го имав оној пубертетскиот брк.

На шала се пријавив се запивме за коледе и си идам дома овие моите го гледаа квизот. Кој се бе овие викам, ја повеќе ќе земам од нив. Се пријавив у јануари и забораив скроз. Крај на Април 2008 ми се јавуваат во конкуренција си, може ли да ти поставиме неколку прашања.
Кој глумец, глумел у не знам кој филм, викам ја не глеам филмови, спорт, природни науки, математика, тоа ме интересира. Од 10 прашања 7 одговорив, не знам дали беше точно се што одговорив. И поминуваат 2-3 недели, ја веќе се помирив дека не ме викаат и еве го, 05 мај 2008 понеделник, ми се јавува и вика у сабота се снима емисијата можеме ли да сметаме на вас? Може.
Едно време помислив со бркот да им отидам, ај викам па фали уште Трендо да ме заебава за тоа.
Влегувам таму, изгубен скроз, се запознав таму со сите што беа за таа емисија, кој бил два пати, кој освоил 100 000 лани, си викам шо барам ја тука.
И иде тој главниот продуцент ли не знам шо беше Шокаровски се презиваше се поздравува со сите и вика, ти брат многу ладни раце имаш, а тие што имаат ладни раце, никогаш не поминуваат брзи прсти. ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ си викам уште ова фалеше. Throw me a bone out herе шо би рекла Фиби
Tри пати пробни брзи прсти, три пати прв точно одговорив. Дојде ред за први брзи прсти у емисија, се стресов, само ја згрешив од сите.
Поминав на брзи прсти со врати ми го срцето, песната на Ламбе.
Аииии која трема, не можев да добројам колку луѓе имаше у публика. Глас ми трепери буквално, пред да почнат да снимаат Трендо вика 5 000 ќе земеш секако, не се секирај.
Ги одговорив првите 4 и 5то прашање не ми текнува како беше формулирано, како нарекуваме без везе муабет нешто у таа смисла?
И понудени одговори
а)дрн-дрн јариња
б)брм-брм моторчиња
в)ѕрн-ѕрн звончиња




Се изгубив буквално, немав чуено шо да прам.
Трендо вика идеме на реклами и ми се доближува една 60 годишна баба со пудра.
Е си викам уште ти ми фалеше сеа.
Ќе паднев од стол и го погледнувам Трендо, ми вика мора така.

Погодив од втора, али ме дупнаа заебавање.
Шесто прашање, нешто со пресметки беше, ни лист хартија ми требаше, ни ништо, ко од пушка го одговорив.
Седмо, кој е најуспешниот формула 1 возач на сите времиња. И тука се збунив и го прашав Трендо на што се мисли на титули, на победи? Педерчето Трендо уште толку несигурен ме напраи, ми вика не знам, онака озбилно. Побарав пола-пола и одговорив Шумахер.
Осмо, некое прашање за филмови, али ко не гледаш, не гледаш, барам публика, со 80% ми кажаа.
И тука безвезе муабетите на Трендо, што те занима, кај ќе одиш на факс, ја викам нешо природни науки ваљда, па и електро иде у предвид. Почнав да му расправам како у 5то одделение прочитав 42 книги, на тие од библиотека им здосадив, дури почнаа да ме прашуваат да им ги раскажувам книгите. Моите од дома се загрижија да не полудам од многу читање.
Идеме на реклами.
БЕМ
Прашање од филозофија, која се учи у 4та гимназија, а ја бев трета.

Кој напишал делото Метафизика? Ни сум чул за делово, али имав еден братучед електраш џокер и му викам на Трендо он има електро може да знае.

Демек физика-метафизика

И Трендо ко прсна да се смее, му се јавувам на братучедот вика појма неам. Се откажав и го погодив на среќа дека е Аристотел али премија беа и 32 000.
И идам на школо у понеделник, татко ми се пофалил на колегите од работа (наставник е) и класната разбрала и влегува оправдани-неоправдани чита и ми вика. Мене глас не ми слушнале 4 години и еве ја оваа, ти почна и да бегаш изглеа или за да одиш на милионер изглеа со ваков поглед ко смајливо

Школски се закачаат, женски од други класови, не бре, телето црвенееше.
Една бар да не брцнеш, на таа слава.
