Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драа

Пријатна кафица и доручак ус дует на омилени певачи на маму и тату од нашу фолк сцену
Блага Петрефска и Ефто Пупиновски. Легенде

Песната е да ти каже што не може устата
 
Во Македонија здраство нема.Кој вика дека Македонија има здраство нити се разболел нити имал болен во фамилијата и дај боже да нема.Не дај боже да се разболиш по овие болници оти отиде цела фамилија јабана.
 
мајка ми и комшикиве си негуваат некоја традиција на пиење кафе секоја недела околу 12.
Арно ама пошо мајка ми во недела работи колку цела работна седмица и денеска и се погоди да неможи да стаса за кафе па пропадна традицијата. Мојата работа беше да ја известсм еднава комшивка преку телефон ама пошо давеж невиден е оваа и немам кеиф да праам муабет со неа.
И го давам телефонот на баба ми и таа и се јави : алооо нема кафе денеска, немој да се лутиш ама денеска нема кафе, ајде бегај таму другата недела.
:pos:
Отсекогаш сум имал став дека баба ми има квалитет за извршител/инспектор. Ги доминира во нејзин стил разговорите по телефон :)
 
Добро мори козо, краво, кобило една. Пред некој ден се породи, денес ставаш слики како си го нацрвила детето со кармин. Додуша што знаеш ти. Немаш ни 20 години, не си виновна ти.
Понатаму ги користам пцовките на Цацко.
 
#Она_кога со @Ilumious и @Клипче упаѓате на девојачко со 20тина млади дами :vozbud::vozbud::vozbud:
#Она_кога од сите не можеш да склопиш една асална :tapp:

#Она_кога улетува стриптизер :cautious:
#Она_кога стриптизерот ти е школски другар :D
 
Кеј,

Ме потсети чоеков горе.Пар иде година и 24 месеци и одеднаш им текнува дека својата љубов треба даја споделуваат на фејсче,зошто најдобрата другарка нејзина истото го праи со дечко и и оваа се осеќа дека уствари е помалце сакана од другарка и.А ти у овие 36 месеци си викаш колку јак пар се пошо не се лигушат на социјалниве мрежи.И после имаш оставења срценца на ѕид, секоја слика, секоја песна и коментари од типот (име на девојката) НАЈУБАВА МОЈА :**.

Бљуц по бљуц по бљуц = бљувотина :toe:
 
Драга Кајгана,
Денес времето...

MiceFollies3.jpg


:)
 
Ја батка, не знам дали е до психа - ама откако каснав пола кутија сладолед, некако помалку кашлам. :D

Иначе батка, сонував како сум се изгубила во Козле, батка. :D Па Бога ми и по тоа уличките ај да не си изгубиш. :P Сум влегла во црква батка, каде што сите се крстеле на икона на Тито. :icon_mrgr: После тоа сакале да ме затворат во детската клиника, прибидејчи батка сонував и како треснав на земја. :aplauz:Шта да ти причам батка... го живеам сонот. :P

Како и да е. Вчера дочекав да бришам прозори со омилените ми пижами (затоа денес врне :toe:), што си ги носев во седмо одделение на екскурзија. :ROFLMAO: А интересно е батка како стигнаа до крпа, еден ден се разбудив и кога батка - гледам дупка на коленото. :X3: Не сум паднала ваљда у сон, ефаго. :D Не бре, не. :noze: Ништо чудно и пред тоа да ми биле скинати, на пример у машина за перење. :vrtioci: Мех... и онака не приметувам многу - многу ја. :D

Ај, чао. :D
 
Драга,
колку ли само светов е неправеден. И додека мнозинството не се замара со настани надвор од границите на нашава мила и напатена државичка, јас сепак не можам да останам нема за некои случувања. Кога пред неколку месеци во Париз беа убиени десетина карикатуристи, цел свет стана и маршираше за слободата на говорот и против фундаменталниот религиски екстремизам. Од друга страна, за масакрот кој беше извршен во Кенија пред некој ден, каде ладнокрвно и брутално беа убиени дури 147 студенти, никој со прст не мрдна. Зашто нели тоа не е во доменот на интересите на големите сили, истите оние на кои се угледуваат нашите интелектуалци и политичари. Зарем овој настан не го заслужува истото внимание? Или ај тоа не е Европа, Африка е, па шо има да се замараме. Да беше па во Америка ќе беше настан број еден. Се стана манипулација за нечиј интерес. Хуманоста е отидена по ѓаволите и нема реални изгледи да се врати...
 
Мислам дека ова најдобро ја опишува ситуацијата кај мене. Чекав хамбургер, али џабе. Знам дека ќе прочиташ, педер. :kuracc:
 
Таман се решив да ги збутам во едно ќоше чизмите еве денес пак треба да ги извадам. Во април месец треба да шетаме со чизми, зимски јакни, шалови и остала зимска опрема. Не памтам кога била вака.

Првиот кошмар го имав на дваесет и кусур години. Се будиш и почнуваш да се дереш за послем 20 секунди се свестуваш дека било само сон и почнуваш да се смееш. Чудна работа е и тоа.
 
Ептен е глупо да се смееш на нешто од нечиј фејсбук и после тоа да го споделиш на форум...ама јбг девојкава беше јавна фаца така да мора да се сподели.

Она кога си поубава и од најубавата во ракотинци, тогаш стануваш:
evGDUls.jpg
 
Кеј,
Кога не ми е денот, како што не ми е денес и се јавувам на сестра ми да ја подпрашувам за нејзиниот љубовен живот. Секогаш знае да ме расположи. Денес ми раскажа дека се скарале со дечко и затоа што немал разбирање за нејзините проблеми и кога му пишувала нешто битно он и менувал тема. (deep:aplauz:)
Испадна дека битното што му пишувала е дека не ги решила сите задачи по физика на тестот а он и рекол ако ти е, си требало да научиш. :vozbud:
Може не е убаво што на најзината мака ја си го поправам расположението, ама неодоливи ми се со нивните 14 годишни животи исполнети со wow проблеми.:backa:

п.с Цел стан сум го светнала, а замисли немам испит за ден два:bravobe:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom