Документарци

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Моментално го гледам TROM - The Reality of Me и сум до пола :D
http://www.tromsite.com/
Не е класичен документарец, пошо трае 13 саати ама поделен е на мали делчиња од по 20/30/60 минути.
Во кратки црти се објаснува за најобемните/најбитните ствари од животот како едукациониот систем, монетарниот систем, религија, живот, смрт итн итн.
Главната поента е дека најбитно од се е науката и технологијата. Мора да се концентрираме на тоа со единствена цел - подобар живот.
На крај од секое делче има алтернативни решенија кои 90% се:
Abundance и Едукација. Ова Abundance не знам како да го преведам но сфатете го како големо количество на ресурси достапни за секого.
Исто така напоменува дека решенијата се невозможни во монетарниот систем, дека се води кон профит, сфаќате. Затоа сугестираат да се прекине ваквиот систем.
Претежно збори Jacques Fresco, 96 годишен човек (машала и алал да му е) за кој може повеќе да прочитате на Wikipedia.
Документарецов е контроверзен и сигурен сум дека голем дел нема да се согласуваат со некои работи во него.
Како и да е, за оние што размислуваат малце подлабоко и out of the box, го препорачувам.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Го гугл транслејтирав ама ако го кажев само така немаше да се знае за шо се збори па морав да дообјаснам :D

Иначе, и како забораив да спомнам, цело време се збори и дека сите се однесуваме според средината и дека гените се битни но може никогаш да не се активираат токму поради средината.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Е ова е куќа на дрво. Пази шо вика кога се вселуваат жените секогаш влегуваат втори после мажите, и тоа правило постои оти овие им ѕиркале меѓу нозе :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
добро е да се погледне Civilization: Is the West History?

Последните 500 години западната цивилизација доминира во светот. Запад го научил остатокот од светот буквално на СЕ- бизнес, научни истражувања, носење закони, политика, мода......Но сега западната цивилизација е во криза . Историчарот Едвард Гибон дал подробен опис на првиот крах на Западот, и тоа 1600 години нaназад.
што го загрозува Западот денес- освен финансиската криза?
http://vimeo.com/33328603
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

Doomsday Preppers 2012

Филмот раскажува за американци кои се подготвуваат за „крај на светот“ и нивните различни варијанти на преживување на тој момент - вооружени до заби, бункери преполни со храна . генератори, печки на сончева енергија , систем на одгледување растенија......фрлени огромни суми на пари само за да го обезбедат своето постоење
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ENDGAME AN ALEX JONES


Вo филмов ќе видите како се управува светот .
Како една група за преговори се среќава тајно за да состави глобална мрежа на разузнавање . Таа група управува веќе стотици години и во блиска иднина Земјата ќе се раководи од нив. Слободните држави ќе бидат потчинети на вољата на елитите.
Човештвото е во една нова темна епоха каде државите ќе бидат минато. Секаква форма на независност ќе биде атакувана, така што семејството и одделниот човек ќе бидат близу до уништување. Близу 80 проценти од населението на Земјата ќе биде елиминирано. Некогаш слободните луѓе, ќе бидат принудени да живеат во силно контролирани градови, кои наликуваат на затвори. Патувањето ќе биде ограничено. Супер магистрали ќе ги поврзуваат мегаполисите и ќе ги пазат луѓето, да не навлезат во недозволените зони. Нема да има дејност, поготово не лична. Тоа е визијата на глобалната елита и нивната цел каде тиранијата ќе биде Закон.. Нашиот вид е осуден на една кошмарна иднина освен, ако масите не се освестат навреме и се мобилизираат да се борат со новиот светски поредок .
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.976
Поени од реакции
8.315
ова е еден од најдобрите сајтови на овие простори во кој може да гледате документарци со превод на српски
http://www.izaogledala.com/dokumentarci

има доста интересни документарци од повеќе жанрови
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
Јас, би ви ги препорачал да ги гледате документарците што ги даваат на HBO on Demand на Max TV, со Кејти Морган што се. Мене тие најомилени ми се :D .
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Убав документарец за екс југословенската кинематографија на чело со Авала Филм.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Како BBC за документарки нема, до ден-денес. Но најинтересни ми се едни документарки снимени во 70-те (отприлика), почнувајќи со Civilisation на Кенет Кларк, која и ми е омилена. Другите се насловени The Ascent of Man на Џејкоб Броновски, Connections на Џејмс Берк, Life on Earth на Дејвид Атенбороу (која допрва треба да ја гледам) и уште неколку други. Овие серии ги сметам за врв на образовната програма, оти не се обични лекции, туку се лични гледишта на авторите базирани на факти. Нарациите се многу јасни, концизни, англискиот - совршен, мерак да ги слушаш. :) Од технички аспект, доволно е да кажам дека тоа што тие го постигнале во 1969 (особено во „Цивилизација“), нашиве веројатно ќе го постигнат во 2069. Ништо не штрчи, од музика до дизајн на одјавна шпица.

Препорака за сите да ги ѕирнат. На YT мислам дека може да се најдат цели епизоди. Како што прочитав во еден коментар: this is what television should be all about. :) Нема доволно вакви серии на телевизии на кои треба да ги има, како NG, Discovery итн. Но среќа имаме интернет.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Како BBC за документарки нема, до ден-денес. Но најинтересни ми се едни документарки снимени во 70-те (отприлика), почнувајќи со Civilisation на Кенет Кларк, која и ми е омилена. Другите се насловени The Ascent of Man на Џејкоб Броновски, Connections на Џејмс Берк, Life on Earth на Дејвид Атенбороу (која допрва треба да ја гледам) и уште неколку други. Овие серии ги сметам за врв на образовната програма, оти не се обични лекции, туку се лични гледишта на авторите базирани на факти. Нарациите се многу јасни, концизни, англискиот - совршен, мерак да ги слушаш. :) Од технички аспект, доволно е да кажам дека тоа што тие го постигнале во 1969 (особено во „Цивилизација“), нашиве веројатно ќе го постигнат во 2069. Ништо не штрчи, од музика до дизајн на одјавна шпица.

Препорака за сите да ги ѕирнат. На YT мислам дека може да се најдат цели епизоди. Како што прочитав во еден коментар: this is what television should be all about. :) Нема доволно вакви серии на телевизии на кои треба да ги има, како NG, Discovery итн. Но среќа имаме интернет.
(y)
Дефинитивно! BBC се во своја посебна категорија, кога станува збор за правење документарци. Ниво над сите останати. Скоро се што е од нивна продукција е квалитет.
Методолошка обработеност на темата, издржани теории позади се што кажуваат, гостувања и интервјуа со врвни луѓе во нивната област. Како визулизирани книги, да гледаш.
Си се држат строго до стандардот, ама затоа стандардот им е врв.

Тие серијали од тој период се права класика. Слободно може во образовниот систем да се вметнат.
Само да се надоврзам на листата, за уште еден серијал, најдобриот за СВ2 некогаш направен. The World at War. Има 20 и нешто епизоди, сите за различен период од војната, со собрани снимки од целата војна од секаде, со интервјуа со преживеани од војната, со лица кои се историски битни за војната, пример во неколку епизоди го има и контроверзниот Albert Speer. И најбитниот дел, нарација на Лоренс Оливие.
Исто и, иако не е во продукција на BBC, ама правена е по терк на таквите серијали, Cosmos на Carl Sagan. Одличен серијал, мислам дека видов и на минатите страни е спомнат.
 
L

Luki Junior

Гостин
loophole Баш ќе пишеех за тај документарец, оти моментално сам на 18та епизода...Еден од најдобрите досега шо сам ги гледал за ВСВ. Кој сака да го гледа
http://www.1channel.ch/?tv
Друг добар е Whermacht, има го на Јутјуб..
Или Vietnam in HD.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom