Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам: ти, што велиш?
Па еве да решиме двајцата, се шо постои е создадено во тие 6 дена, госпо видел се шо создал и рекол дека е сето тоа добро, беше задоволен седнал и отпочинал ... и одеднаш после тоа се појавува некакво зло, од каде дојде тоа зло? која креација на господ за која рекол дека е добра - го создаде злото?
Дали господ е задоволен и од злото? Тој се знае се предвидел се испланирал, ако создал зло - било тоа добро за него , ако создал нешто шо ќе создаде зло - и тоа му било по ќеиф
 
... и одеднаш после тоа се појавува некакво зло, од каде дојде тоа зло? која креација на господ за која рекол дека е добра - го создаде злото?

Не знам: ти, што велиш? Од каде?
 
Самиот тоа го велиш, изнесувајќи го мислењето од твојот „ред„ дека живеењето не значи прифаќање на нечија вистина, туку истражување и одлучуавње/прифаќање повеќе можности. Тие „многу можности„ сеуште ги немаш напишано на форумов, ама затоа наброја пола туце зла, кои се чини дека ти се поблиски отколку што е едно добро.
Мики, нормалните луѓе сами откриваат што ги исполнува и што им дава смисла во животот, оние како тебе бараат "објавени вистини".
 
Мики, нормалните луѓе сами откриваат што ги исполнува .

Ги исполнуваат само: егоизмот, страстите и похотите.
Све е тоа „так нормално„.
 
Не знам: ти, што велиш? Од каде?
Дали после господ се јавува уште некој творец, шо творел она шо господ не го створил? дали има таква сила која може да твори исто како господ - да создава нови работи? Дали господ е способен да создаде зло или не е способен за тоа?
 
Полека де: јас ти велам дека не знам а ти ми поставуваш прашања...[DOUBLEPOST=1417905691][/DOUBLEPOST]
Мисли си ти дека е така.

А така е‘.
 
не е се во знаење, некогаш е убо и да имаш свое мислење за работите

Штом е толку убо‘, дај одговори си на поставениве прашања. Живо ме занима како ќе изгле‘а одговорот...
Јас само си верувам, не знам.
 
Штом е толку убо‘, дај одговори си на поставениве прашања. Живо ме занима како ќе изгле‘а одговорот...
Јас само си верувам, не знам.
Во Исаја се вели дека Бог го создал злото
му верваш?
 
Во Исаја се вели дека Бог го создал злото
му верваш?

Верувам во она кое е запишано во Шестодневот: најди ми каде пишува дека Бог Е творец на злото во времето од 6-те денови на создавањето на небото и земјата.
Верувам во правилното толкување од Црквата, за створеноста од доброто и допуштеноста од злото.
 
За тебе Мики библијата е до шетсиот ден? после тоа не постои?
Треба некоја овоземска црква да ти толкува збор божји кој вели “Јас го создадов гревот“ и да ти протолкува дека господ не го создал гревот... Мики ти дефинитивно нема да одиш во рајот
 
За тебе Мики библијата е до шетсиот ден? после тоа не постои?

Погрешно прашање: очигледно е дека Писмото е сеуште важечко.[DOUBLEPOST=1417906967][/DOUBLEPOST]
Мики ти дефинитивно нема да одиш во рајот

Хммм, ти сигурно ќе одиш...:sneaky:[DOUBLEPOST=1417907013][/DOUBLEPOST]
Треба некоја овоземска црква да ти толкува збор божји кој вели “Јас го создадов гревот“ и да ти протолкува дека господ не го создал гревот...

Да, треба: во спротивно, ојдовне сите у протестанти.
 
Погрешно прашање: очигледно е дека Писмото е сеуште важечко.[DOUBLEPOST=1417906967][/DOUBLEPOST]

Хммм, ти сигурно ќе одиш...:sneaky:[DOUBLEPOST=1417907013][/DOUBLEPOST]

Да, треба: во спротивно, ојдовне сите у протестанти.
Да писмото е важечко и нема мрдање додека не се исполни се така да секој кој погазил или неисполнил и најмала заповед божја - ќе биде казнет, се додека постои небото и земјата - законите ќе постојат а во рајот ќе одат малкумина не секојј кој се прекрстил или вапцал јајца за велигден, туку оној кој ги испочитува сите божји закони без да врда и се вади на толкувања
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom