- Член од
- 7 мај 2013
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 387
Гледам си го дополнил постот, и тука те чекав.Интерес, интерес и само интерес поради љубов кон материјалните работи.
Американските претседатели полагаат заклетва на Библијата, но не можат да се ПОВИКААТ на неа, кога во Евангелието по Матеј јасно стои што рекол Исус Христос за колнењето.
Ова се зборовите на Исус Христос од Беседата на гората
34. Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, оти тоа е престол Божји;
35. ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, оти е град на великиот Цар.
36. Не колни се ни во главата своја, зашто не можеш ниту едно влакно од косата своја да го направиш бело или црно.
37. Но зборот ваш да биде: да, да, – не, не, а сè што е повеќе од тоа, од лукавиот е.
Сега види ти самиот колку имаат врска од Христијанството оние кои се колнат во Библијата, бидејќи христијанинот не смее да се колне во ништо како што гледаш самиот во 37. стих.
Самиот чин на полагање заклетва врз Библијата е антихристијански бидејќи директно се противи на зборовите на Исус Христос.
И размисли, кому служат американските претседатели со таквиот чин?
ете тука упаѓате во замка, кога ние викаме за тој "христијански тероризам" ти викаш џабе што се колнат гледај Исус што вели за тоа.
И тоа може да "помине".
САМО МУСЛИМАНИТЕ НЕ СМЕАТ ДА КАЖАТ: ЏАБЕ ОВИЕ ОД ИСИС ШТО УБИВААТ, АЛЛАХ ВО КУР'АНОТ ВЕЛИ СПРОТИВНО.
Ама не, не важи тоа кога Исламот е во прашање, тоа да ти важело само кога другите религии се во прашање.
Ете тоа се тие двојни аршини, двојни лицемерни стандарди поради кои не можеме да отидеме ни чекор напред.
Брејвик може да добие прилика да каже зошто убил 77 луѓе, може дури и психо тест да му направат... а сиротиот Муслиман не може ни да дочека да каже нешто, одма снајперот у глава..
а камо ли испитувања,психо анализи... одма печат: ИСЛАМСКИ ТЕРОРИЗАМ.
Само муслиманите не можат да полудат, да скренат... за сите останати: АБЕ ОСТАЈ,БУДАЛА Е.
Тука лежи зајакот.

http://www.mkd.mk/89371/svet/obama-kje-polozi-zakletva-vr-dve-bibliiНе е точно. Америка е една од првите секуларни држави, и председателот полага заклетва на амандманите врз кои се темели американската демократија. Тоа што си видел библија и заклетви е сведочење во суд, и библија се користи само доколку сведокот е верник.
Овој дури на две се заколнал

На почетокот на свеченостите се огласуваат фанфарите, за потоа новоизбраниот шеф на Белата куќа да положи заклетва пред Врховниот судија на нацијата и пред пленумот на Конгресот. Заклетвата се полага, се разбира, со ставање рака на Библијата, иако тоа уставот изречно не го предвидува.
Последно уредено: