Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Дај ми чесен Титов... Кроули не користел дроги? Ете почињаме со тоа прашање прво..[DOUBLEPOST=1471466590][/DOUBLEPOST]
Мики е во право, нон стоп избегнувате одговори[DOUBLEPOST=1471466663][/DOUBLEPOST]
Ај да не отварам уста кој е тука подол и беден човек[DOUBLEPOST=1471466706][/DOUBLEPOST]
Кое е? Али не на луцифер, него на Бога!

Наркотиците можат да ти дадат мистична состојба на умот и во едно се искуство плус за самата личност. Ама доколку човекот продолжи со нивна конзумација тогаш самиот организам создава толеранција, тоа денес го добро знаеме од нашиот народ што пие Валиуми (диазепам, лоразепам) дека истата дрога создава толеранција и веќе не влијае таа доза и дека истите создават зависност. Кога веќе си зависен од некоја субстанција, дали ти ја извршуваш својата Волја или се потчиинуваш на болките од киризите за да дојдеш пак до таа субстанција? :)

Употребата на халуциногени субстанции е позната во повеќето култури. Каде што на пример пред 200-300г. не се знаело ниту за Луцифер ниту за Исус.
 
Сакаш да кажеш дека твојата “ланд оф фрее“ трпи диверзитет?
Сакаш да кажеш дека во ново еонските богови немаат потреба од крв?
Ти неможеш да трпиш припадник на исламот ,нити припадникот на исламот може тебе да те трпи.
Ти неможеш да живееш со христијанин нити христијанинот може со тебе да живее.
Ти си различен за нив,твојот политеизам на земја е нивни противник. Имаш идеолошки судир и војна ја сакал ти или несакал.
Зарем твојов говор не е говор на војна? Неможеш да му имплементираш свој закон на човек што не сака да го живее твојот закон,секогаш ќе имаш конфликт.
Ова важи и за муслиманите и за христијаните и за вас.
Ние може да живееме со секого, се додека тој некој не почне да го напаѓа нашиот начин на живот. Се додека не почне да не прикажува како ,,неморални", несоодветни и слично. Во што ќе верува, кому ќе се моли, за што ќе се смета себе си е негова работа. Но кога ќе почне другите да ги посочува со прст и да шири омраза кон нив, тогаш веќе имаме проблем.

Во Liber Oz си пишува дека секој човек има право да живее според свој сопствен закон, но исто така пишува дека човекот има право да ги убие оние што му ги спречуваат правата наведени во Liber Oz.
 
Знаеш која прашина ќе ја дигнеш сега со Liber Oz? :)
Ахам, говор на омраза :)
[DOUBLEPOST=1473002634][/DOUBLEPOST]
Ти воопшто не философираш, туку фантазираш...

Не знам од каде да почнам да те поправам во твоите изјави во врска со религиите...

Прво, јас никогаш нема да објаснувам дека нема закон. Тоа си го го заклучил после 5 мин. читање мои размисли? Би требало да знаеш подобро од ова...
Второ, немам потреба да се помирувам со никаков бог, не сум скаран со боговите, ами со догматските философирања на мирјани кои верувањето го креваат до Олимп, а се друго забораваат или им е одбивно. :)

Каде прочита или како дојде до тоа да за мене како Телемит некој друг човек е навреда бидејќи е нешто сосема трето, посебно кога се работи за едно верување?
За Телемата ништо не е навреда, не е човек да се навредува :)
Реков што смета кај старо-еонските религии... врати се наназад низ муабетиве.

Сешто тврдат муслиманите, имаме читано тука на форумов - и мора да креираат непријатели, рековме веќе еднаш зошто... ништо страшно.
 
Последно уредено:
Мојот говор е говор на борба. Братска борба... но што знаат тие за братство? :)

Запознај се со мојата философија, посети ја темата за Телема и таму ќе зборуваме и ќе „расправаме“. Тотално си незапознаен со новиот еон, а се обидуваш нешто да ми кажеш а и ти не знаеш како или што... :)

Јас со секој можам да живеам без да му велам дека е неверник или пак дека мојот концепт на божественост ќе го казни бидејќи не му е ок мојот закон, но не можам да трпам некој да ми проповеда како јас сум грешник бидејќи не сум муслиман, христијанин или не знам што уште веќе од стариот еон :)
Гледаш како се навредени бидејќи се зборува негативно за нивната религија или бог?
Нормално е тоа?

Тие сами градат непријатели тоа сакам да ти кажам, без непријатели нивните религии се празни. Ако не те убедат дека си грешен, која е целта на богот кога ќе нема што да спасува?
Е сега дали богот гради непријателство(не гледам логика), дали самите верници и следбеници, тоа е нивни проблем... :)

Благодарам на покана,го читам твојот блог почесто но сум слаб временски да седнам и буквално да дискутирам во врска со телемата. Всушност, се работи за разбирање надвор од доменот на обичното и би било тешко за еден атеист да “допре“ до некоја суштина без пракса.Ако не повеќе,барем можеме да философираме :).
Во врска со со другото,законот на телемата не е директен ами индиректен казнувач за верниците од другите религии и преку тоа е во конфликт со нив.Нивната религија е интолерантна на повеќе богови,на друг закон од нивниот и оттука и тоа непријателство и омраза помеѓу вас.Она што е интересно,никогаш нема да постои заеднички консензус или компромис во врска со тоа прашање.
Ти ќе објаснуваш дека богот е човекот и дека нема потреба од закони и дека не постои грев нити казна ,они ќе пропагираат вера во еден бог,ќе го следат тој закон и ќе војуваат против твојето “беззаконие“ бидејќи они веруваат дека тоа е грев и погрешно.

Ти си навреда за нивната вера и они се навреда за твојата философија.Ти никогаш нема да се помириш со нивниот бог,нити нивниот бог некогаш ќе се помири со тебе. На крај ќе биде тебе твоето,ним нивното во приватниот дел ама во јавниот ќе биде помоќниот тој кој што ќе ги постави нормите.
Затоа реков,они ќе го тврдат истото за тебе дека ти креираш непријателство со тоа што не се придржуваш до нивните закони.
 
Кога ќе потрошиш малку повеќе време за проучување на философијата на Телема, нормално, не само со читање на мојот блог, ами и некоја книга и размисли од други луѓе - тогаш ќе можам да коментирам сериозно за твојот став во врска со Телема.
До тогаш стојам на ставот дека воопшто не разбираш што значи Телема и дека и она што си го прочитал на брзина, го гледаш преку индоктриниран ум од стариот еон...

И за да не ме заморуваш напразно со твоите фантазии, ете ти книги, запознај се со материјата, не да читам глупости - мака ми е кога млади луѓе или не знаат или омразата им ги мати размислите и зборуваат сешто.

И да те постетам дека доби одговор на ова, веќе модифицирано мислење:
„Ти воопшто не философираш, туку фантазираш...

Не знам од каде да почнам да те поправам во твоите изјави во врска со религиите...

Прво, јас никогаш нема да објаснувам дека нема закон. Тоа си го го заклучил после 5 мин. читање мои размисли? Би требало да знаеш подобро од ова...
Второ, немам потреба да се помирувам со никаков бог, не сум скаран со боговите, ами со догматските философирања на мирјани кои верувањето го креваат до Олимп, а се друго забораваат или им е одбивно.

Каде прочита или како дојде до тоа да за мене како Телемит некој друг човек е навреда бидејќи е нешто сосема трето, посебно кога се работи за едно верување?
За Телемата ништо не е навреда, не е човек да се навредува.
Реков што смета кај старо-еонските религии... врати се наназад низ муабетиве.

Сешто тврдат муслиманите, имаме читано тука на форумов - и мора да креираат непријатели, рековме веќе еднаш зошто... ништо страшно.“

П.С. Телемата не е навреда за стариот еон, туку крај.
Тоа ги плаши и едните и другите (и христијани и муслимани), а стравот прави од луѓето монструми, само погледни им ги делата! Ќе има лудости уште некое време... од нивна страна...
 
стравот прави од луѓето монструми, само погледни им ги делата! Ќе има лудости уште некое време... од нивна страна...
Замисли само, најмногу повторувана заповед во библијата е "Не се плаши", точно 365 пати ја има, тоа значи за секој ден во годината по еднаш:)
(можеби си знаел или не ама е интересно)
 
Ах па тоа си ти... за малку ќе те сфатев сериозно дека си го проучувала еврејскиот закон...
Мора христијанските секти да смислуваат „интересни факти“ за децата - инаку за кај се? :cautious:
 
Замисли само, најмногу повторувана заповед во библијата е "Не се плаши", точно 365 пати ја има, тоа значи за секој ден во годината по еднаш:)
(можеби си знаел или не ама е интересно)
Изреки 9:
10. Стравот од Бог е првото нешто кое е потребно за да се стекне мудрост.
 
Замисли само, најмногу повторувана заповед во библијата е "Не се плаши", точно 365 пати ја има, тоа значи за секој ден во годината по еднаш:)
(можеби си знаел или не ама е интересно)
Сонце, пред да даваш вакви изјави, проверувај...

Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот, напишани во оваа книга, и не се плашиш од славното и страшно име на господ, твојот бог,
господ ќе те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со порази големи и трајни, и со болести лоши и неизлечиви;
и ќе ги навлече врз тебе сите лоши болести египетски, од кои се плашеше, и тие ќе се залепат за тебе;
и секаква болест и секаква проказа незапишана (и секаква запишана), во книгата на овој закон, господ ќе испрати врз тебе, додека не те истреби; и ќе останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и ѕвездите небески, бидејќи не го слу- шавте гласот на господ, вашиот бог..“
- Стар Завет, Второзаконие

Ќе зборуваме за стариот еон и за тоа колку богот има човечки особини или ќе си молчиме и ќе чекаме ова да помине? :)

Во иднина, не пишувај само колку да се напише „fun fact“!
Не сме тука ние некакви старо-еонски секташи или ученичиња кои ги интересира тоа...

П.С. Провери таму во твојата библија во кој контекст тоа „не се плаши“ богот зборува, или пророкот...
 
Поентата ми беше дека од една страна не заплашуваат со казни за секој грев, со горење во пекол а од друга страна Бог најмногу го употребува изразот-Не плаши се! (некој eте се нашол па ги изброил)
Сакав само добронамерно да го кажам овој податок, извини што ти се обратив.
 
Не, ти кажа „факт“ дека вака и вака пишувало во библијата толку и толку пати, нормално поврзано со Земјата и сонцето... :)
Јас ти реков дека тоа е лага (не кажал никаков бог толку и толку пати „не се плаши“ дури и ако го извадиме од контекст целиот израз)

Извини што те поправив дека „фактот“ е чиста измислица.

Да сакаше да го кажеш ова што го кажа сега, ќе го кажеше нели?
И како така со сигурност велиш „Бог најмногу употребува зборот“? Кој бог? Еврејскиот? Веруваш во постоењето на такво битие кое се појавува низ стиховите на Мојсиевите размисли?

П.С. Никој не може да те плаши со казни ако сакам не го дозволиш тоа од само за тебе познати причини.
 
И не вдишувам стотина илјади пати дневно... практикувам јога, дишам многу поспоро за разлика од тебе и твоето запенето срце ;)
Не можеш да го „навикнеш“ организмот да дише поспоро. Освен ако не си свесен за своето дишење 24/7 и свесно не го контролираш темпото што прво не верувам дека го правиш, а второ ако го правиш, тоа е психофизички најнездравата опсесија со функција која треба да е автономна, организмот го првезема темпото на дишење кое е најоптимално за тебе и зависи од тоа колку енергија трошиш во моментот (дали трчаш, седиш итн...) и колкава е хемиската рамнотежа на јаглеродните пуфери во твојата крв.

Вежбите со дишењето не се ништо друго освен едно големо срање. Дишеш поспоро, го зголемуваш количеството на CO2 во крвта, а поради тоа ти се шират крвните садови и ти паѓа притисокот, што ти го доживуваш ко смирување и вдишување на мистична прана. Тоа све ќе беше супер ако немаше ситуации во кои на организмот му треба повеќе кислород, поради што е потребно забрзано дишење. Ти не можеш да знаеш, а уште помалку да го навикнеш организмот на одредено темпо на дишење, освен ако не пресметуваш колку енергија и' е потребна на секоја твоја клетка и при секое дишење на правиш пресметки за волуменот на воздух што му треба на твојот организам за да функционира оптимално.
 
Јас ова напишав:

„И не вдишувам стотина илјади пати дневно... практикувам јога, дишам многу поспоро за разлика од тебе и твоето запенето срце.“

Сето друго што го изнапиша, сам си го додаде за да ми кажеш што можам и што знам и твоите идеи за хата јога, раџа јога, џнана јога....?

Браво, па мораше некаде да „испукаш“. :)

П.С. И после толку пишување, сепак можам да не вдишувам и издишувам сто илјади пати дневно, без разлика што тебе јогата ти е срање и што за некои е опсесија.
 
Ако не е тајна, со која динамика ти се одвива дишењето?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom