Обрежувањето е обавезно и во христијанството, али не се спроведува
Ќе ти поставам три индискретни прашања.
1. До кога планираш да ми го губиш драгоценото време?
Битие 17:
7. И ќе поставам завет Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам заветот да биде вечен, ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе.
8. И ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое по тебе земјата, во која си придојден, целата земја Хананска во вечно владеење; и ќе им бидам нивни Бог.”
9. И му рече Бог на Авраама: „Ти, пак, запази го заветот Мој, ти и потомството твое по тебе во нивните родови!
10. А ова е заветот Мој меѓу Мене и вас и потомците твои во нивните родови, што ќе го пазите: секое машко од вас нека биде обрезано.
11. А ќе обрезувате крајче од телото свое; тоа ќе биде знак на заветот меѓу Мене и вас.
12. Секое машко дете кога ќе наполни осум дена по раѓањето, низ целото ваше потомство, да биде обрезано: и роб, роден во вашиот дом, и оној што ќе биде купен од странец, а не е од семето твое, со образание ќе се обреже робот од твојот дом и купениот.
13. Да, и робот, роден во домот твој, и купениот мора да биде обрезан, и така Мојот завет над вашето тело ќе остане вечен.
14. А необрезаното машко, на кое не ќе му се обреже крајче од телото негово во осмиот ден, да се истреби од родот свој: таквиот го нарушил заветот Мој.”
Потоа Господ преку својот пророк Eремија рекол:
Eремија 31:
31. Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет.
32. Не онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од Египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.
33.
Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон во утробата нивна и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
34. И нема повеќе да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: „познајте Го Господа”, оти сите тие, од мал до голем, сами ќе Ме знаат, вели Господ, бидејќи ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам.
2. Кој дел од Еремија 31:33 не го разбираш?
И на крај имаш Матеј 28:
18. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
19. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
20. и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!”
3. Разбра нешто од ова или и понатаму ќе продолжиш со своите мајмунлаци?