Дедо Мраз (не) постои

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Инженерски поглед на Дедо Мраз

Предупредување : Ако и вие верувате у Дедо Мраз, могуча е варијанта следниов текст у најмала рака да ве вознемири и да ве разубеди...
На светот постојат отприлика 2 милијарди деца ( дефинирај дете : под 18). Ипак, пошо Дедо Мраз не ги посетува Муслиманите, Хиндусите и Будистите, неговата дежурна работа за Нова Година се намалува за 15% , т.е тоа би дошло да речеме 378 милиони деца. Ако ставиме некој заебан просек од 3, 5 деца по куќа, ондах Дедо Мраз мора да посети околу 108 милиони домови, ако секако претпоставиме дека во секој од нив има барем едно добро и бистро дете.

Дедо Мраз има околу 31 саат работа за Нова Година, благодарение на различните временски зони у земјината ротација и ако претпоставиме дека патува од исток кон запад ( што се чини некако логично). Доаѓаме до фрапантна бројка : Дедо Мраз треба да посети 967,7 куќи у секунда. Према тоа, за секој добар христијански дом со добро дете , Дедо Мраз има една илјадтинка од секундата да ги паркира санките, да се симне, да ги земе поклоните, па пентерење на покрив, па проблеми со големиот стомак низ оџакот, па полнење на чорапите, а па и уше да ја најде елката , да остави поклони под неа, па пак пентерење низ оџак, качување и палење на санката и оди у наредна куќа.

Претпоставуваме дека сите тие гореспоменати 108 милиони домови, се рамномерно распоредени по Земјава и се наоѓаат на еднаква оддалеченост (1,24 km) со што се доаѓа до заклучок дека Дедото Мраз поминува пат од 120,8 милиони км, а да се разбереме тука не се пресметани идењето у WC, стриптиз и паузата за јадење/пивцак.Произлегува дека брзината на дедомразевата санка е неверојатни 1.080 km у секунда ( 3200 пати поголема од брзината на звукот). Тука одма правиш паралела со најбрзото икад створено вселенско летало Одисеј кое стига до 45 km/sec (162.000/h) и еден просечен елен кој стига до 24 km/h т.е 0,0066 километри у секунда.

Теретот, товарот на санката како сакаш наречи го е исто така еден интересен феномен за разгледување. Да претпоставиме дека секое умно дете не добива ништо повеќе од една кутија Лего коцкици ( средна големина) - 860 грама. Тогаш вкупната маса на дедомразевата санка доаѓа до неверојатни 500 илјади тона. На земјава еден нормален елен може да влече максимум до кај 138 kg. Ајде еве ќе земеме дека летачкиот елен на Дедо Мраз може да влече 10 пати повеќе, ондах на него ќе му се потребни околу 360.000 илјади еленишта да му го влечат санкиштето. Али и тука имаме проблем, тој огромен број на елени ја зголемува масата на санката за околу 54 илјади тона, шо е усвари за околу 7 пати од масата на Кралицата Елизабета ( бродот секако, не Британката).

Значи добивме околу 600 илјади тона кои патуваат со брзина од 1080 km/h и со што би се создало незамислив отпор(триење) со воздухот – отпор кој толку многу ќе ги загрее елените како да речеме вселенски брод кој повтоно влегува во земјината атмосфера. Оние елени кои се наоѓаат напред (коловоџи) ќе апсорбираат околу 14,3 квинтиилјарди џули енергија у секунда. Накратко кажано, тој прв пар на елени би се претворил у ни малку пријатна глетка ( жив факел), шо секако ќе ги зафати и елените позади нив и добиваме ланчана реакција у која сите 360 –те илјади елени би изгореле за околу 4, 26 илјадитинки од секундата

Дедо Мраз како резултат на акселерацијата (забрзувањето) од 0 km/h у илјадитинката од секундата , би бил изложен на акселерациска сила која е 17.5 илјади пати поголема од онаа малана 175.000 m/s2. . Ќе го земеме Дедо Мраз да е прилично слаб ( 115 кг) и како таков ќе биде залепен за својата санка со 1.984.906,9 килограми сила, шо у најмала рака ќе му ги сломи коските а органите ќе му ги претвори у љубичиста – црвенкава течност.
Значи, не викам не, мејби Дедо Мраз постајал некад, али сега после сево он е сигурно мртов.

Среќна Нова Година!
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.948
Поени од реакции
1.500
...дедо мраз, елени, брзина на звук, ташаци...
Поентата е во тоа што Дедо Мраз има веќе поставено дистрибуиран систем најчесто и локално редундантен за делење на подароци а тоа се родителите/роднините на децата. :) ЕоФ
 
M

Mussolini

Гостин
ај шо си отворил тема за дедо мраз, добро... туку, не мислеш оти требаше да ја отвореш некаде околу Нова Година...?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Сега ќе пишам смешен пост каде го исмејувам отварачот на темата и ќе добијам лајк.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Маааа неее, Дедо Мраз не е мртов, само вие сте пораснале.
Дедо Мраз постои за оние за кои што треба да постои, за нас секако дека ќе биде мртов зошто нашето време помина.
Најважно е мислењето на децата, а тоа е ова:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom