Да му помогнеме на Тео

Статус
Затворена за нови мислења.

NaTaLi

BabaSera pod Ste4aj
Член од
22 април 2006
Мислења
1.061
Поени од реакции
17
Почитувани
Ви се обраќаме со барање за финансиска помош за лекување на 3,5 годишното дете на нашата колешка, новинарката Марија Тасев од скопската рубрика, кај кое е дијагностициран рак на лимфните жлезди. Детето ќе се лекува на клиника во Париз и родителите се подготвуваат наскоро да заминат на лекување.

За лекувањето се потребни пари, па секоја финансиска помош е добредојдена, оти семејството не е во можност самостојно да ја обезбеди целата сума. Познавајќи ја вашата голема хуманост, ве молиме да донирате средства за лекувањето на детето.

Парите можат да се уплатат на следната жиро-сметка: 300001000017753 отворена во Комерцијална банка на име на Тео Тасев.

Во благодариме многу

Од вработените во дневниот весник “Дневник”
и порталот МММ.com.mk







Инаку семејството ми се комшии, и се едни од најфините луѓе што некад сум ги запознала, а Тео е најсрце детенце на планетава... Да не дозволиме да згасне еден млад живот...
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Вистина, дај направете некако да може да се донира преку мобилни телефони или преку фиксен. Мислам дека е поефикасно
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Со цел да му се помогне на малиот Тео, од денес “Космофон“ го отвори бројот 075/143 888, а ’’Т-Мобиле’’ 070/143-133, на кои сите корисници можат да донираат по 100 денари по пат на повик или СМС.
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Супер што се отворени мобилните линии, вака мислам дека е многу полесно и сега сите можеме брзо и едноставно да му помогнеме на малиот Тео.
 

IronMan

Dreamer
Член од
25 јуни 2007
Мислења
49
Поени од реакции
3
Мило ми е што некој ја отворил темава, треба што повеќе луѓе да дознаат за оваа хумана акција. Лично го знам Дарко, таткото на Тео, кој е еден од најдобрите луѓе што ги познавам и ми падна многу жал кога ја дознав оваа вест. Никој не заслужува да му се случи вакво нешто, а најмалку ваков добар човек. Секој нека помогне и нека донира колку е во можност, барем по 100 денари. Можеби не е многу но сепак е некаква помош. Да спасиме еден млад живот!
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Тео заедно со неговите родители е веќе во Франција. Лечењето е во тек. Секоја помош е добредојдена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom