Хуманитарен спортски хепенинг во Кавадарци
Најголемите кошаркарски и спортски ѕвезди на Македонија на 25 декември ќе се соберат во салата Јасмин во хуманитарни цели.
Иницијативата за овој хепенинг потекнува од прославениот кошаркарски ас Врбица Стефанов, а поддржана е од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци. Хепенингот ќе се одржи во спортската сала Јасмин во Кавадарци, на
25 декември со почеток во 17:30 часот. Главниот настан е кошаркарскиот натпревар на кој покрај најдобрите македонски кошаркари ќе настапат и поранешни ѕвезди на овој спорт, како и голем број актуелни репрезентативци.
Кавадарчани ќе имаат можност по подолго време во живо да ги гледаат мајсториите на своите Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов, Горан Самарџиев, Никола Златев, Методи Каровски, Ѓорѓи Наумчев, како и Ѓорѓе Војновиќ, Игор Михајловски, Слободан Петровски, Кочо Дилберовски, Бранко Ацков, Благој Печалов и многу други прославени имиња. Спектаклот ќе биде засилен и со присуството на други актуелни репрезентативци како Перо Антиќ, Перо Блажевски, Ѓорѓи Чековски, Јане Петровски, Дарко Соколов, Димитар Мираковски, Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски, Тони Симиќ, Александар Димитровски, Александар Костоски, Синиша Аврамовски и други...Селекциите ќе бидат предводени од актуелниот селектор на Македонија, Марин Докузовски и прославениот кошаркарски тренер и учител на кавадаречките кошаркари, Димитар Пецов.
Почетокот на кошаркарскиот натпревар е закажан за 19:00 часот.
Програмата започнува во 17:00 часот, кога свој футсал настап ќе имаат екипите на спортските великани на Македонија (Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Кочо Димитровски, Драган Мутибариќ, Шабан Сејдиу, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Пепи Манасков, Васил Кафеџиски, Артим Шаќири, Врбица Стефанов и други) против локалната селекција на спортисти на Кавадарци (Јордан Милков, Диме Ризов Бендер, Ангел Кимов, Благоја Бошковски, Миле Масларков, Трајко Камчев Вкот, Ристо Камчев, Темо Златев, Борче Митрев, Дивна Пешиќ, Перо Милков Суска, Блажо Василев и други).
Целиот приход од влезниците, сите донации на помагатели и покровители, како и сите доброволни прилози на хуманите граѓани на Македонија ќе бидат наменети за итна операција на
11-годишниот Емил Новески од Кавадарци, кој болува од рецидив на акутна миелоична леукемија.
Извор:
http://sitel.com.mk/dnevnik/sport/humanitaren-sportski-hepening-vo-kavadarci
Броевите за донирање ги имате погоре...Смилувајте се и бидете хумани !!!
Повелете во Кавадарци ако имате можност, ќе бидете добредојдени !!!