Деновиве на големо ги препрочитував темите на форумов поврзани со патиките и посебно впечаток ми оставија членовите кои ги користат Конверс Ол Стар патиките, нивната емоционална поврзаност со овие патики...нивната љубов кон овој култен бренд на младештвото. И јас сум нивен корисник.
“Converse All Star“ патикиките , веројатно се најкоментираниот вид на патики секаде на светот (според моите прелиминарни истражувања) , па така и кај нас (на нашиов форум вклучително) има и најразлични теми за - култниот статус на Конверс патиките (некаде попознати само како “старки“ ) и за луѓето кои носат Конверс Ол Стар патики.
Некој ќе рече - патики ,како патики , но повеќето љубители на овие патики си ги доживуваат како нешто посебно од нивната гардероба со кое и емотивно се сврзани и веројатно нешто со кое си го изградуваат својот личен имиџ на бунтовничка личност !
Оваа тема ја поставувам со цел да утврдиме еден ПРОФИЛ на типичен корисник на Converse All Star патиките , и меѓусебе да си разговараме за тоа како овие патики ,овој бренд СЕ ДОЖИВУВА од своите корисници , дали постои некаква емотивна врска или не, зошто тие ви се толку убави/неубави и сл.
Значи -
1.Дали ги користите (некогаш сте ги користелеле) Converse All Star патиките? -ЈАС ГИ користам ,3-4 пара непрекинато последниве 4-5 години.
2.Колку години имате Вие и колку ги користите (Што мислите колкава е возрасната граница на корисниците на Converse-All Star патиките? - јас мислам дека личностите од 14 до 35 годни највеќе ги носат овие патики...
3.Каков вид на музика слушате? - рок, ска-панк..
4.Кои социјални мрежи ги користите? - Твитер
5.Што мислите за нив ? -
6.Опишете ги со 2 збора? - уникатни и бунтовнички
7.Пол (машки/женски) - машки
На крајов од темава заеднички ќе направиме еден профил на типичниот просечен корисник и се надевам ќе го разоткриеме феноменот кој се поврзува со култниот статус на Converse All Star патиките...