TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Во последниот број на Фокус осамна наслов „ИСУС БИЛ РАСПНАТ ВО ОХРИД“. На прва делува сензационалистички. Понатаму текстот станува доста интересен. Тоа е 20 годишно истражување на писателот Милош Линдро кој се посветил на украдената македонска историја и тајните кодови и знаци на христојанството. Доста интересно. Текстот е на Блаже Миневски.
_____________________________________________________________________
Дали Исус и христијанството се родени во Охрид, вистинсхиот Ерусалим, во Првата Вистина (Јустанијана Прима); која е причината за распнувањето нa Исус според таканаречениот Болоњски псалтир, ракопис украден од охридското село Рамне, а првпат печатен вo Париз 1746-та година; каков е мистериозхиот крст во Охридското езеро; зошто немало да има никаква Ренесанса во Европа ако нe билe украдени скапоцените книги на охридските манастири; зошто во Македонија веќе десет века доаѓале и доаѓаат тајни мисионери од Ватикан; дали апостол Павле уште во првиот век во Македонија го ширел христијанството меѓу образовани и писмени Словени - староседелци; зошто мапата нa Ерусалим е речиси идентична со мапата нa стариот Охрид? Тоа се само дел oд прашањата што уште пред дваесет години си ги поставил писателот Милош Линдро, а дури сега јавно ги објавува одговорите дo кои дошол истражувајќи ги тајните шифри нa просторот околу Охрид, старите фрески, икони и книги.
Која е, или, поточно, каде е вистинската татковина нa нашата стара христијанска вера; дали Охрид е вистинскиот Ерусалим, дали овој балкански Ерусалим е градот нa 'светиот крал' Давид и нa неговите синови Авесалом и Соломон; дали е градот нa Дионис и нa Хермес, па дури, може дa се рече, и градот нa Исус, градот нa неговите маки? Според Милош Линдро, писател и темелен истражувач нa скриени шифри во фрески, мапи и стари книги, градот Охрид е заборавениот балкански Ерусалим, градот нa светиот цар Давид, градот на Исус и нa неговите свети посланија. Истражувајќи ги над дваесет години тајните шифри нa христијанството, Линдро дошол до сензационални откритија дека, нa пример, во пештерата под Канео е роден Дионис, внук на Кадмо, основачот нa Охрнд; дека таканаречената европска ренесанса се темели на украдените книги од Охрид, дека Исус е убиен поради крвна одмазда; дека во Македонија уште доаѓаат тајни мисионери за да го бараат клучот за шифрите во старите христијански книги однесени од балканскиот Ерусалим и друго.
-Материјалите за тајните шифри на христијанството ги собирав повеќе од дваесет години, но тoа љубопитство трае и денес. Како што минуваше времето работите стануваа се' поинтересни и се' позагадочни.
ПРЕТХОДНИКОТ HA ИСУС OД КАНЕО!
Всушност, првиот импулс и пресврт во моето интересирање за скриените тајни нa христијанството се случи во седумдесеттите години, кога кај нас беше објавена книгата 'Македонија во старите мапи', каде што Охрид се јавува под некопку имиња.
Втор многу силен поттик беше една многу стара македонска народна песна эабележана и објавена од браќата Миладиновци во нивниот 'Зборник нa народни песни'. Таму има стихови за девет кучки ламји во окридско полe, кај цареви кладенци во кои стариот Свети Никола мy вели нa помладиот брат Свети Илија:
'Ти не можиш да погубиш ними. Тук да поиш во село Канео, таму имат сирота вдоица
и м'шко дете по татка посмртче... Дa г'однесиш нa Цареи кладенци, да се качиш Перин
Планина, да потераш девет кучки ламји... Сите осум (ламји)Дете'и изуби, а девета ламја
побегнала, побегнапа в црква Архангела... Caм се пушти стар свети Илја; caм се пушти со
Дете од рулека и деветта ламја е загуби...'
Оваа чудесна охридска песна е запишана пред 150 години, а е објавена во католички 3агреб вo 1861-та година. Таа опејува едно чудо, чудото нa спасението. Таа опејува двајца светци и едно дете, а детето е co божествена сила е Бог. Јас утврдив дека тоа дете е богот Дионис. Како? Детето е дојено од небото, а песната тоа преносно го именува кака посмртче.
Дионис е дојден за да го избави народот што живее крај Светото езеро. А одама Титаните се космичките сили од кои целoто тогашно човештво било застрашувано. Се поставува прашањето каде е тоа 'село Канео' што се спомнува во песната како место каде што е родено и живее детето - Бог?
Ha југозападннот брег на Охридското езеро токму под сегашната црква има една впечатпива карпа наднесена над водите на езерото. Таа карпа и денес се нарекува Канео. Врз неа има црква Cв. Јован од 14-ти век. Некогаш и вo пештерата која била нa нај истурениот дел од неа во езерото има пештерна црква. Ете, токму таму е родено безименото дете -јунак, безименото дете - Бог, син на Диј, што значи носител на божествените сили. Детето, како што тврди песната е многу, многу посилно од стариот светец, господар нa молњите, од Свети Илија. Дете, а посилно од светецот што фрла молњи и громови! Балканската митологија посочува дека ова дете - Бог има и поголем брат-Хермес. Токму тој го прима својот Божествен брат Дионис и го предава нa една нимфа за да гo одгледува. Tаа нимфа во охридската песна е наречена 'стара, црна вдовица'. Инаку, Кермес односно Ермес, според моето истражување е роден малку подалеку од местотo на раѓањето нa својот помал брат, во малата пештepa кај сегашната црква Свети Еразмо. Кога станал маж, го добил синот Пан, кои некои го викаат Асклепиј, чија скупптура, заедно со онаа на Дионис, сега е во зградата нa Владата нa Македонија. Раното христијанство го знае како Пан-телејмон - просветлениот вo се'. За неговиот помлад брат Дионис на многу места се вели дека е 'второродениот', но и 'двапатиpoдeниот'. Првиот пат тој се родил од смртната жена Земела, која во истиот миг кога го родила била пеплосана. Tаa била избрана меѓy смртните жени да го роди Детето -Бог. А 3емела е ќерка нa Кадмо и Хармонија - ја објаснува тајната за почетоците на вистинското христијанство, вели писателот Милош Линдро.