Дали во Прилеп, градот на револуцијата, се спрема нова револуција?

Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Овој пат револуција не против тиранинот туку против нашите, против луѓето кои ние ги храниме, ние ги плаќаме.
Револуција против државниот апарат, против УЈП, против скопската администрација, против тие што живеат на наш труд на наши заработени пари.
Нема да должам многу..
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Прилепчани се дигаат на протести против УЈП

Народот се крева на протести, против арачот кој го собира УЈП по македонските градови и села. Прилепските дуќанџии од утре во 9 часот почнуваат со протести пред канцелариите на УЈП во Прилеп.

Утре чаршијата нема да работи, стои на плакатите залепени низ целиот град.

"Време е за самозаштита од прекумерното и нечковечко однесување од страна на УЈП, време е да го кренеме нашиот глас затоа што ние имаме семејства и сакаме чесно и поштено да си го заработиме својот леб. Да кажеме стоп за лудилото на УЈП, да престане!", се вели во известувањето на прилепските дуќанџии.

- УЈП, наместо да прочешла онаму каде што не се плаќа никаков данок, односно во западна Македонија, тие доаѓаат тука каде што народот е мирен и знаат дека нема да им се спротистави, но до кога мисли ВМРО-ДПМНЕ дека овој гладен народ е молчалив, велат револтираните пазарџии од Прилеп.

- Загрижени сме, нема пари, приходи од никаде, прометот ни е намален, цел бизнис е задушен - а овие од власта ни собираат пари за да градат камења и врби низ Скопје, вели еснафски дуќанџија од Прилеп.

- Ова е беда и сиромаштија, вака не било, велат граѓаните.

Во Прилеп, евидентен е револтот на граѓаните поради тоа што власта само им ги зема парите, а не им враќа ниту денар.

Оставен е само пустош, патиштата се со дупки и уништени, во време кога во Скопје се фрлени повеќе стотици милиони евра на еден километар квадратен, и тоа само за бронза и врби.

И додека под силен удар на инспекциските служби се само градовите од Источна и Јужна Македонија, на западот ништо ново. Таму полиција и инспекција не смее да пипне, а камо ли да напише казна или да затвори некој бизнис велат познавачите.

За само два месеци во Битола и Прилеп, инспекциските служби затвориле неколку стотици бизниси, каде без работа останале илјадници битолчани, прилепчани, ресенчани.


превземено од sky.mk веста е пренесена и од novamakedonija.mk и другите интерент портали

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

официјален одговор од УЈП:

Став УЈП во врска со протестите во Прилеп

Чесно заработениот леб е од платени даноци, како и во секоја нормална држава. Физички напад и навреди кон вработени во УЈП... се неоправдани, недозволиви и нецивилизирани, е ставот на Управата за јавни приходи во врска со последните случувања и најавените протести во Прилеп.

Од УЈП децидни дека тој став не може да биде поинаков од она што е пропишано во даночните закони.

- Секој даночен обврзник има права и обврски, и истите треба да ги решава институционално. За жал во конкретниот случај тоа не е направено, туку службените лице на УЈП во два наврати се нападнати од страна на ист даночен обврзник во Прилеп со цел спречување на вршење на службените должности и контрола на финансиското работење, стои во денешното соопштение од УЈП.

Доколку даночен обврзник или група граѓани има поплаки и барања до УЈП, се подвлекува, истите ќе бидат сослушани и одговорени согласно законите.
превземено од www.idividi.com

http://www.idividi.com.mk/biznis/makbiznis/776694/index.html
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
мој став:
доста е грујо... народот нема веќе пари за вашите споменици... што крадевте крадевте што направивте направивте, доста е... барем да ги распоредеше сите трошења тие за споменици низ македонија, да видевме малку аир и ние од тие пари. вака повеќе не..
минатите парламентарни избори вмро победи во прилеп за 1500 гласа благодарејќи на алинци, долнени, тризла..... следниве нека бидат задоволни и со вкупно 1500....

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
следи:

Управата за јавни приходи, со автобуси, комбиња, автомобили од други градови е во поход да ги собере парите на ресенчани и битолчани, објави порталот ПреспаСкај.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
а во меѓувреме низ Македонија

Најмногу се отселуваат инжeнери и доктори. Кој ќе работи во Македонија?

Во отсуство на стратегија и мерки да се спречи одливот на мозоци, младите образовани кадри ќе купуваат авионски карти за во еден правец. Следува декада на засилен лов на научници и експерти, сметаат експертите.

Младите образовани кадри сe повеќе ја напуштаат Македонија, бидејќи не можат да најдат работа каква што бараат. Истражувањето на Економскиот институт во Скопје покажа дека најголем дел од младите кои завршуваат високо образование заминуваат на магистерски и на докторски студии во странство и остануваат во тие земји. Најпосакувана дестинација е САД, а најголем дел од имигрантите се од техничко-технолошките факултети и од медицинските науки.

Половина од средношколците за 10 години не се гледаат тука

превземено од http://www.kapital.mk

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/84951/najmnogu_se_otseluvaat_inzheneri_i_doktori__koj_kje_raboti_vo_makedonija_.aspx
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
P

PewDiePie

Гостин
БАХАХАХА Капитал мислам што да се очекува од такви аматери.

Ни револуција ни меволуција не се спрема. Чил
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
БАХАХАХА Капитал мислам што да се очекува од такви аматери.

Ни револуција ни меволуција не се спрема. Чил
само последниот текст во врска со иселувањето е превземен од таму...
а и не е нешто што треба да се прочита, оти сите знајме што се случува со иселеувањето на високообаруваниот кадар... текстот одделен со ----------- е превземен од некоја страна, долу потенцирана која
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
T

Tetro

Гостин
Најмногу се отселуваат инжeнери и доктори. Кој ќе работи во Македонија?
Пензионерите и администрација за пребројување гласови после избори.
Другите се стационирани во Скопје, каде пола работат, а пола живеат од изнајмување станови по атрактивни цени.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ај нешто од централа директ како главна причина за вчерашната реакција.
Со измени на Законот, некои мали претпријатија, беа ослободени да плаќаат персонален данок, или пак еднаш годишно во зависност од услови.
Трета работа беше тоа што владата имаше одобрено субвенции, за претпријатија кои пример во месецот ќе работат со поголем капитал, 80 000 евра да речиме проток на пари. Е сега дел од овие маливе претпријатија кои немаа пари да работат, се ослободија од одредени обврски како што пишав погоре, преку ноќ станаа ,,големи" со проток над 80 000 евра, и почнаа да ги користат субвенциите, што е многу контрадикторно. Точно ради ваквите фалсификати кај дел од нив се пристапи кон затворање, но ете се збунтоваа луѓето. Инаку да, зачестени се казните, контролите и слично, и тоа не ја бива многу, не го оправдувам. Макар што не ја разбирам нивната намена, некој би рекол го полнат буџетот, но факт е дека буџетот се полни само еден процент од казни, според закон, така да не оди работава на арно
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Редно време е да му се укажи дека тие работат во наша функција, а не ние во нивна.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Убаво велат , што не отидат во западна македонија кои сви знаеме што ќе им се случат на инспекциити - ни полиција не ги спасува од ќотек !
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Убаво велат , што не отидат во западна македонија кои сви знаеме што ќе им се случат на инспекциити - ни полиција не ги спасува од ќотек !
јас не бев директен сведок но чичкоми бил, и кажа дека цело време со тоа ги навредувале, дека неможеле во тетово да појдат, во битпазар, во арачиново, и на овие им скур*ило и викнале полиција
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Темава за УЈП е во ред, но само веста за УЈП. Сето останато е политичка пропаганда и ги молам модераторите да реагираат.

Познато ни е дека се спроведуваат законите само кај и над Македонците, додека во Чаир, Теотово, Струга, Гостива, Бутел-Визбегово, Арачиново итн. не гледаме никакви даночни контроли; се градат палати со вредност од над 200,000 евра, се возат коли од 50,000 евра, се купуваат имоти, куќи, станови и не сум сретнал по медиумите информација дека некој од УЈП ги прашува од кај им се парите и на кој начин и од што дошле во Македонија.

Според Уставот на РМ СИТЕ ГРАЃАНИ НА РМ СЕ ЕДНАКВИ. Според законите, се забранува и привилегирањето на една групација по основ на етнос, религија итн., а со тоа е забранета и даночната привилегија.

Ако не се спроведува даночната дисциплина насекаде во Македонија и ако некои се привилегирани и ако немаат никакви даночни контроли и ако им се прогледува низ прсти плаќањето данок , тогаш согласно Уставот и законите дека сите луѓе се еднакви, треба да се постапува потполно исто и со етничките Македонци, за да нема ДИСКРИМИНИРАНИ И ПРИВИЛЕГИРАНИ во РМ.


Што се однесува на остатокот од текстот, тоа ми е чиста СДСМовска пропаганда. Со криминалната приватизација и неработењето ништо, СДСМовската политика ги испозатвори сите индустриски објекти од каде можеше да се извлечат финансиски средства, а оние поперспективните сe подарија на сопартијци, со што во приватизацијата не само што имаше привилегија по социјален и корпоративен статус од комунизмот, туку имаше и привилегија по партиска линија. И како ќе има работа за инжињерите, кога се испозатворија 1993-1998 г. Алумина, Стаклара, Порцеланка, Кожарите, Кланица, Микрон, итн.

Сега Македонија почнува од ново, поправо од 2006 година Македонија почнува да работи нешто.

И навистина не знам како тоа немало работа за лекарите, кога огласите се преполни со слободни работни места за лекарите.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Прилепчани не треба да се бунат за тоа што им ги затвориле локалите,дуќаните,тезгите,заради неправилности.....туку нека кренат глас да се прочешла и Западна.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411






превземено од a1.on.mk
протестите беа за денеска во 9 (на кои и јас присустував ама не направив фотки)... еве неколку сликчиња превземени од а1 он

а ова е дел од текстот горе
„Го молиме Управникот на даночното одделени во прилеп да превземе мерки и да ги спречи “контролите” во нашиот град затоа што во ова тешко време, се помалку имаме работа во нашите фирми и неможеме да ги исполниме нашите услови и давачки по нормален пат, а не и превисоките казни од УЈП и пломбирањето на нашите објекти. Во време на криза ние немаме пари за преживување, а не за казни“, пишува во барањето на приватниците од Прилеп.


имаше и некои бисери од моите сограѓани, ама за среќа (или несреќа) камерата не ги фати
 

Kajgana Shop

На врв Bottom