Го сакам животот , јас сум среќен !

  • Креатор на темата Креатор на темата ShakaZulu
  • Време на започнување Време на започнување

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.330
Поени од реакции
3.720
Синџирот на животот на секој човек започнува со првата негова акла а тоа е раѓањето. Каков ќе е во продолжение по целата негова должина зависи од многу причини на кои ние можеме да имаме удел во поголема или помала мера но каков ќе е почетокот тоа никој не знае додека не почни нашиот развиток како ембриони во нашата прва постела, во утробата на нашите мајки...

Ова е приказна за еден животен синџир кој никој од нас не го посакува а напишана како инспирација од еден човек кој не знае за бариери, човек кој треба секого од нас да го натера да размисли за своите погледи кон живот. Да размисли за неговите тешки мометни во кои мислел дека е готово крај нема повеќе, се откажува од се па дури и да го крати сам на себе синџирот... Да размисли дека се само трошка од тешкотиите кои ги имаат некои други... Тие продолжуваат зошто не и сите ние ...

Nick Vujicic човек без раце и нозе но со грамадна желба за живот и љубов кон истиот. Желба која треба да искри од сите нас но дали е така...

Одвојте неколку минути и погледнете го ова. Погледнете го и размислете за неговите зборови, искрено се надевам дека ќе разберете оти ако се случи да имате тежок лош момент и паднете не треба да се престанете да се обидувате да се вратите како феникс пак назад. Треба да пробате пак, и пак и ако треба пак по милионити пат.... дека секој обид за издигнување значи чекор кон успехот, тоа што сте го направиле погрешно пред тој момент само ве воздигнува на повисоко ниво и целта е се поблиску. Учињето на сопствените грешки е можеби најлошиот начин но тоа ќе доведе до резултат на кој самите ќе се гордеете , успехот е загарантиан...


Би замолил да нема дискусија за него како единка, ова за поентата на животот, животот во кој секој од нас има алки кои се добри и алки кои пукнале ...

Треба ли да го сакаме каков и да е или треба ли да се одкажеме како многумина...

Се извинувам ако случајно е погрешен форумов мислам дека ова има повеќе врска со психологијата на човекот одколку да е само обичен муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom