Апсолутни контраиндикации за операцијата се невропатија на нозете, аваскуларна некроза, активна или хронична инф. што вклучува голем обем на телото, никаква или слаба функција на мускилите на нозете.
релативни контраиндикации се, млади пациенти, тешки (дебели) пациенти, тешка остеопороза и уште некој поретки.
евентуално или е проблемот доколку е премногу тешка, или се плаши докторот поради ревматоидниот артрит (или евентуално ако има некој срцев порок поради тоа).
Индикации за операцијата се или мн. силни болки, или онеспособување (како во случајот што слабо се движи).
Доколку е спремна психички за операција (и рехабилитација), и доколку навистина сака, нека се консултира со друг ортопед, инаку друго не ви препорачувам, другите опции се лекарсва (за болки и воспаление како аналгини, ибупрофен, напроксен и сл.), или инекциите горе што ги пишавте, но со временски и лимитиран ефект.
поздрав!