Вранишковски и владиката Петар роварат во Австралија

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
ВО ТАЈНА МИСИЈА ВО АВСТРАЛИЈА

Вранишковски го продлабочува расколот во Австралија

Црковните општини од Австралија, кои не ја признаваат јурисдикцијата на Македонската православна црква, најверојатно ќе поминат во составот на Православната охридска архиепископија на Јован Вранишковски, откриваат високи црковни извори.

Десната рака на Вранишковски, Давид Нинов, веќе извесен период е во Австралија каде, според информациите на Вечер, се обидува да ги убеди челниците на тие црковни заедници да влезат под капата на ПОА. Вечер дознава дека иницијативата потекнала од претставниците на тамошните црковни општини. Тие пред извесен период побарале од Српската православна црква да назначи свештеник кој би богослужел во македонските храмови.

Одговорот од Патријаршијата во Белград бил дека за таква опција ќе мораат да контактираат со ПОА. По инструкции на СПЦ, на тајни преговори во Австралија веднаш заминал Давид. Засега нема официјална потврда дали и што е договорено, зашто информацијата се чувала во тајност, пред се поради можноста од револт што би се појавил кај тамошните верници кои, иако формално се надвор од МПЦ, сепак не би прифатиле единство со паралелната црковна епархија на Вранишковски. Вечер се обиде да стапи во контакт и со ПОА и со претставниците на тие црковни општини, но безуспешно.

Од друга страна, во МПЦ знаат за тајната мисија на ПОА меѓу македонските верници во Австралија, но негираат дека е можен нов сериозен раскол. Надлежниот архиереј, владиката Петар, вели дека тамошните верници нема да дозволат такво нешто.

"Точно е тоа дека расчинетиот од страна на МПЦ игумен Давид е на посета во Австралија. Тој е таму по покана на СПЦ. Уверен сум дека народот и верниците, тие што се надвор од МПЦ, нема да прифатат такво нешто. Ниту челниците на тие компании имаат храброст да излезат пред верниците и да им соопштат дека поминале под јурисдикција на друга црква, а посебно во т. н. Јованова ПОА", вели г. Петар, потсетувајќи дека во таков случај проблемот екстремно би ескалирал.

"Верниците нема да дозволат такво нешто и, ако тоа се случи, најверојатно ќе ги избркаат од црквите тамошните директори на тие компании и ќе се вратат во МПЦ", вели владиката Петар.

Непосредно пред Божиќ, петте црковни општини побараа свештеник и од Антиохиската црква. Владиката Петар вели дека ниедна црква нема да ги прими тие општини под своја јурисдикција, зашто тие не сакаат да се откажат од црковните имоти и да ги предадат во владение на црквата, што всушност е и основата на црковниот проблем во Австралија. (Вечер)

ДЕМАНТ

За македонската заедница во Австралија Јован и Петар се исто зло!

Здружението на македонските заедници во Австралија, вклучувајќи ги сите македонски православни цркви кои не се под јурисдикција на недостојниот владика Петар Каревски, го издава следното соопштение:

“Целосно ја демантираме апсурдната дезинформација што е објавена на ТВ Сител (14 април 2009) и во Вечер (15 април 2009), дека наводно сме барале јурисдикција и свештеници од српската црква, и дека сме преговарале со претставник на српскиот владика во Македонија Јован Вранишковски.

Оваа чаршиска лага ја шират пропагандисти на г.Петар, со цел да го тргнат вниманието од неговото соучество во поткопувањето на автокефалноста и националниот идентитет на МПЦ, како и да ги одвратат македонските верници од нашите храмови за време на велигденските празници, а да ги пренасочат во своите паралелни храмови, од кои еден е припадност на протестантската Обединувачка црква од Австралија, а останатите се регистрирани како сопственост на тројца поединци: Петар Каревски, Јовица Симоновски и Тоне Гулев.

За тие на кои не им е јасно колку е безумна ваквата лага, ќе посочиме само неколку факти:

1. Основачка заложба на нашите самоуправни заедници и цркви е да се заштити македонскиот културен, јазичен и историски идентитет од асимилаторската политика на српската, грчката и бугарската црква и држава. Уште во 1996 година г. Петар се обиде да не убеди дека нашите активности кон таа заложба се политички и нецрковни. Откако тоа не му успеа, агресивно се впушти во поништување на нашата демократска самоопределба, преку тужби за одземање на општествениот капитал на нашите заедници, закани, уцени, насилства и примитивни клевети, обвинувајќи не дека го отфрламе влијанието на Белград зашто сме под влијание на Софија.

Според која логика сега треба да се верува дека сме бугаромани кои бараат јурисдикција од српската црква?

2. Сите македонски цркви во Австралија што не ја прифаќаат деспотската и неуставна власт на владиката Петар си имаат македонски православни свештеници од Македонија, а постојано се јавуваат и нови кандидати. Затоа немаме никаква потреба да бараме свештеници од некоја немакедонска црква.

3. Наше длабоко уверување е дека Јован само ја спроведува политиката на г. Петар, кој беше водечки креатор и потписник на Нишкиот договор од 2002 година за поништување на националниот идентитет и автокефалноста на МПЦ и ставање на нејзините верници и храмови под јурисдикција на српскиот патријарх. Ќе потсетиме дека по враќањето од Ниш, г. Петар и Јован беа единствените владици кои јавно ја бранеа Нишката спогодба, со тоа што г. Петар си ја смени бојата кога ја увиде опасноста да ги загуби привилегиите во Македонија, а Јован продолжи отворено да и служи на политиката на српската црква.

4. Токму г. Петар го инфилтрира Јован (тогаш Зоран) Вранишковски во Македонската православна црква како свој чирак, знаејќи го однапред неговиот негаторски однос кон Македонската православна црква. Уште во 1991 година г. Петар објави епархиска книга, наречена Глас на Вистината, во која Вранишковски, како градежен инженер на битолската Митрополија, бранејќи го г. Петар од синодската одлука за негово расчинување, пишува: "Можеби до некаде се во право сестринските Цркви кога велат дека нашата Црква е комунистичка". Ова е согласно со ставот на српската црква дека МПЦ е неканонски создадена од македонските комунисти. Знаејќи го ваквиот став на Зоран Вранишковски, г. Петар во 1991 година го постави Вранишковски на чело на битолската митрополитска библиотека, во 1993 го прати на теолошки студии во Белград, во 1995 го прати на постдипломски студии во Грција, за во 1998 експресно и неканонски да го промовира во монах, ѓакон, иеромонах и владика на МПЦ, наречен Јован.

5. Г. Петар беше единствениот владика во МПЦ кој до последен момент се обидуваше да го спречи расчинувањето на Јован.

6. Г. Петар се уште отворено ги повикува Јован и неговиот новосрпски клир во Македонија да се вратат во клирот на МПЦ. Нашиот став е дека не само што на таквите изроди не треба да им се даваат нови прилики однатре да ја разнебитуваат МПЦ, туку од МПЦ треба да се исклучат и клириците кои поприкриено ја спроведуваат негаторската политика на таканаречените "сестрински цркви".

7. Во 2008 година, при своја приватна посета на Шабачката епархија во Србија, г. Петар прими орден и признание за заслуга од Српската православна црква. Колку што знаеме, ниту еден друг владика на МПЦ не добил таква благодарност од Српската црква, која не ја признава МПЦ и упорно го оспорува македонскиот национален идентитет.

8. Денешниот почесен конзул на Србија во Македонија Сиљан Мицевски донеодамна беше член на Епархискиот управен одбор на Петар во Битола. Г. Петар отворено го промовираше Мицевски и за градоначалник на Битола.

9. Според низа документи и авторитетни изјави објавени во книгата Македонско распетие или Владика по Јуда од покојниот новинар Милан Дурло, г. Петар уште од осумдесеттите години го промовирал српскиот став дека МПЦ е неканонски отцепена од СПЦ, од страна на комунистите.

10. Уште во 1997 година ние упативме Предлог-спогодба до г. Петар и до Синодот за дефинирање на нивната управна јурисдикција врз нашите црковни имоти и приходи, под услов јурисдикцијата да се укине ако Синодот или Австралиската епархија прифатат промена на името на МПЦ или јурисдикција на која било немакедонска црква. На таквиот предлог сe уште немаме добиено никаков одговор.

Нашиот став кон Јован отсекогаш бил дека тој ги спроведува намерите на неговиот интелектуален татко, г. Петар, само што Јован отворено ја применува големосрпската политика кон МПЦ, додека г. Петар тоа го прави полицемерно и поитро. Екстремно потценување на интелигенцијата на македонската јавност е да се лаже дека ние сме барале јурисдикција од Јован, ако се знае дека веќе 13 години жестоко го браниме правото на црковно-национална самоопределба од суровата хајка на г. Петар.

Новинарот кој ја пренесе оваа апсурдна лага преку ТВ Сител и Вечер, Марјан Николовски, во својот напис тврди дека Сител и Вечер се обиделе да воспостават контакт со претставници на нашите општини. По консултации со сите управи на нашите заедници, можеме да потврдиме дека никој од Сител или од Вечер не се обидел да воспостави контакт со ниту еден наш претставник. Ние се обидовме да го контактираме Николовски преку неговата е-mail адреса, што е објавена на веб-страницата на Сител, со барање да ни каже со кој наш претставник се обидел да воспостави контакт и кој му е изворот за објавената дезинформација, но по четири дена сe уште немаме добиено никаков одговор.

Игор Аврамовски Александров,
Претседател на Здружението на македонски општини од Австралија’’

http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1070_21042009/027_crkva_k.html
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
хм .. ако ова е вистина Петар со Јован на бесилка ....
 
H

HITCH

Гостин
Се согласувам дека Зоран (не го викам по монашко име бидејќи е избркан од монашките редовте:toe:) и Петар (чуден човек прави белји каде ги нема) затоа што се борат кој повеќе пари ќе украде, Македонците таму се згадени од двајцава
 
R

RAYTHEON23

Гостин
македонска работа...сами се јадеме..иако гејци и срби сојат во заднина...нашите православни брака
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Веќе имаше изјава дека црковните оппштини од Автралија кои не се под контрола на МПЦ нема во никој случај да преминат во т.н.ПОА.:toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Да, имаше, но вредио да се повтори.

Исто така, вреди да се повтори улогата на Зоран Вранишшковски и владиката Петар во разнебитување на Македонската Православна Црква.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Веќе имаше изјава дека црковните оппштини од Автралија кои не се под контрола на МПЦ нема во никој случај да преминат во т.н.ПОА.:toe:
Сепак ќе најде приврзаници отпадници.Зарем овде не беше така?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Се согласувам дека Зоран (не го викам по монашко име бидејќи е избркан од монашките редовте:toe:)
Офф-топик: Поправка - го смени името од Зорав во Јован во матичната служба. Сега е Јован Вранишковски.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
хм .. ако ова е вистина Петар со Јован на бесилка ....
Петар не е со Јован. (ТОЧКА)

Се согласувам дека Зоран (не го викам по монашко име бидејќи е избркан од монашките редовте:toe:) и Петар (чуден човек прави белји каде ги нема) затоа што се борат кој повеќе пари ќе украде, Македонците таму се згадени од двајцава
Македонците во Австралија се згадени сами од себе си, никој не им е крив кога сами си ја прават бељјата. Во Австралија има 2 типа македонци. Македонци што се со МПЦ како и сите други Македонци (значи тие под владиката Петар) и тие што си имаат приватни компании кои се нарекуваат цркви и си прават екскурзии со расколници, такви како овој Зоран и туѓи цркви. Да не напоменам каде отиде приватната фирма т.н. црква на Ристо Алтин (се извинувам вистинско име КРИСТОУ АЛТИС)

Да, имаше, но вредио да се повтори.

Исто така, вреди да се повтори улогата на Зоран Вранишшковски и владиката Петар во разнебитување на Македонската Православна Црква.
Владиката петар најмалку ја копа црквата, мисирков навистина не знам од каде до ваков заклучок дојде!


ПЕТАР НЕ Е СО ОВИЕ РАСКОЛНИЦИТЕ НА ЈОВАН, ТУКУ ПРИВАТНИТЕ т.н. ЦРКОВНИ ЦЕНТРИ (тие што се вон МПЦ) СЕ СО НИВ.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Дали некој од дијаспората ... посебно од Австралија може да го разјасни ова непристрасно?

сепак премногу информации наведени за заедничката историја на Петар и Јован се некако чудни и сериозни.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Абе не е проблемот во луѓево, проблемот е во религијата...

Бек ту д, минатото, паганизам, и тогаш да видам на што ќе роварат, да им се посерам во братите нивни смрдливи.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Дали некој од дијаспората ... посебно од Австралија може да го разјасни ова непристрасно?

сепак премногу информации наведени за заедничката историја на Петар и Јован се некако чудни и сериозни.
Па ти разјаснив, малку. Заедничко имаат Петар и Јован, но се до моментот кога овој збесна. Повеќе од тоа немаат. Сигурни извори, дедото Петар го мрази Јован. Едно тоа што го направи за Македонците, Македонија и МПЦ, друго што до ден денешен му се меша во Преспанско-Пелагониска епархија со тоа манастирот. Зошто не појдеш до расколниците и прашај ги што мислат тие за Петар.

Абе не е проблемот во луѓево, проблемот е во религијата...

Бек ту д, минатото, паганизам, и тогаш да видам на што ќе роварат, да им се посерам во братите нивни смрдливи.
Проблемот е што луѓето си формираат приватни фирми и ги регистрираат како цркви за личен приход на 2-3 најмногу.
 
E

emission

Гостин
Може ли некој да постира за кој Петар се работи т.е. да постави слика од него, цело време сум во дилема дали е тој кој мислам.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Петар не е со Јован. (ТОЧКА)



Македонците во Австралија се згадени сами од себе си, никој не им е крив кога сами си ја прават бељјата. Во Австралија има 2 типа македонци. Македонци што се со МПЦ како и сите други Македонци (значи тие под владиката Петар) и тие што си имаат приватни компании кои се нарекуваат цркви и си прават екскурзии со расколници, такви како овој Зоран и туѓи цркви. Да не напоменам каде отиде приватната фирма т.н. црква на Ристо Алтин (се извинувам вистинско име КРИСТОУ АЛТИС)



Владиката петар најмалку ја копа црквата, мисирков навистина не знам од каде до ваков заклучок дојде!


ПЕТАР НЕ Е СО ОВИЕ РАСКОЛНИЦИТЕ НА ЈОВАН, ТУКУ ПРИВАТНИТЕ т.н. ЦРКОВНИ ЦЕНТРИ (тие што се вон МПЦ) СЕ СО НИВ.
Не го брани Петар, ВИНОВЕН Е.
Вие од братствово пак ја клавате религијата пред нацијата.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Тоа за Петар го зборуваат не само во Австралија туку и десетина години порано во САД, меѓу другото.


Владиката петар најмалку ја копа црквата, мисирков навистина не знам од каде до ваков заклучок дојде!
Со еден збор, владиката Петар ја уништува македонската црковна заедница во Австралија. Тој ги подели црквите и ја чинеше истата таа заедница $5 милиони -- пари кои можеа да бидат испратени во Македонија за благородни цели.

Целта на Петар е да ги поседува црквите и имотот. Срамота е тоа што го прави.

За доброто на МПЦ и Македонија, владиката Патар треба под итно да биде сменет!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom