Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Што се случи ?
Се поднесе кривична пријава ?

морам да има некој упатен овде....
 
Хах, овие уште не можат да го фатат кој е стварно?

Жал да ти падне за нашите органи. Немоќ демек
:tapp:
Го фатија па го пуштија демек немало опасност да побегне и сега не можеле да го фатат.[DOUBLEPOST=1430126006][/DOUBLEPOST]Официјално, дното е достигнато.

http://infomax.mk/wp/?p=28030
 
Последно уредено:
Па уште кога ќе видам дека и името и презимето му се со иницијали :sick: Како и за секој случај во кој настрадува невина жртва и е од едно обично семејство, а убиецот е од некој моќник така и за овој случај чисто се сомневам дека барем малку правдата ќе биде задоволена и дека оваа гнаса ќе ја одлежи заслужената казна.
 
Вреди ли за 10.000 евра да се преземе вината?

Мислам ОК, ваљда му ветиле и подршка у затвор, адвокати и сл. (мада скроз е веројатно дека може да му се деси нешто у затвор, пошто како што рече Литлфингер, парите купуваат замолчена уста за некое време, а стрела у срце - засекогаш)

Ама не знам баш дали вреди ваква работа за тие пари. Скроз е можно дужник да бил некој, од пред тоа, а тие 10.000 евра као бонус да му се.

Како и да е, семејството на девојчево кога ќе го најде вистинскиот починител, веројатно ќе го лиши од живот.
 
Вреди ли за 10.000 евра да се преземе вината?

Мислам ОК, ваљда му ветиле и подршка у затвор, адвокати и сл. (мада скроз е веројатно дека може да му се деси нешто у затвор, пошто како што рече Литлфингер, парите купуваат замолчена уста за некое време, а стрела у срце - засекогаш)

Ама не знам баш дали вреди ваква работа за тие пари. Скроз е можно дужник да бил некој, од пред тоа, а тие 10.000 евра као бонус да му се.

Како и да е, семејството на девојчево кога ќе го најде вистинскиот починител, веројатно ќе го лиши од живот.

Како ќе го најдат без подршка на институциите? За жал ако ова што го пишуваат е вистина, него никогаш нема да го стигне правдата.
 
http://www.dokaz.mk/bozhinovski-tvrdi-go-najdov-ubietsot-na-frosina-od-kriva-palanka/

Новинарот Зоран Божиновски на својот фб профил обзнани основани сомневања кој би можел да е типот кој со 160 на саат ја усмрти младата Фросина неодамна кај Универзална сала, Доказ интегрално го објавува ставот со напомена дека не влегува во тврдењето дали е вистинит истиот, но заради поттик на истрагата во РМ го актуелизираме:

Do večerva uspeav da doznaam deka kolata so koa brutalno e pregazena FROSINA C. od Kriva Palanka e sopstvenost na SAŠO BALANČEVSKI (vidi slika!). Vo moment na nesrekata se naodjal na sovozačkoto mesto, a voziloto go upravuval visok funkconer na MVR DPMNE, čie ime ušte ne go znam…..

Liceto što podocna se prijavilo vo policija ne e vozačot vinoven za pogibijata, tuku lice koe se dogovorilo so storitelot da go prevzeme deloto na sebe, za početna suma od 20.000 evra i natamu za sekoja godina zatvor koja ke mu bide (možebi!) dosudena, da dobie ušte po 10.000 evra…..

Slučajot nema da bide rasvetlen dodeka so policijata rakovodi Gorde ŠUPRAJŠ. Lično garantirala maksimalna zaštita na vinovnikot i na dobrovolecot koj pred javnosta izigruva DUBLER, so inicijali…..

11168023_704500533005187_3577945510396933200_n.jpg
 
http://vistina.mk/2015/04/30/foto-strashna-soobrak-ajka-vo-kisela-voda/

Тешка сообраќајна несреќа пред половина час се случи на булеварот „Борис Трајковски“ кај ресторанот Везилка. Мотор и автомобил се судрија по што возачот на моторот летнал 50 метри од силината на ударот, јавува Прес24.

Сега пред малку ми се јавија расчепкав на нет и еве ми кажа колата била напред крш смачкана а моторот партали со оглед на тоа како возат не е чудно многу се раскурцават а им почна сезоната ќе ги бичат сеа со големи брзини ама ќе си платат одма

Пријатно на уште еден живот да се надеваме дека не се два иако голема е веројатноста и за тоа
 
Како што гледам, вртел на две пуни оној со колата.
 
Језда и шофериве забегаа, се бркаат по улици ама тука нема пешачки, не е крив шоферот, му излетал како што може да приметам.
 
Блокирана Партизанска: Се оддава почит на прерано загинатата Фросина
прочитано 2,137 пати
04-05-2015 22:59:07

Булеварот Партизански одреди вечерва е блокиран на местото каде што пред точно еден месец загина 19-годишната Фросина Ц. од Крива Паланка која во Скопје престојуваше како студентка, пренесе порталот Фактор.






Всушност, најблиските другари и другарки и родителите на прерано згаснатиот живот на младата 19 годишна Фросина и оддаваат почит на местото на трагедијата.

Повикот беше упатен преку социјалните мрежи .

Присутните и оддадоа почит така што палеа свеќи, а пред тоа ја преминуваа улицата каде што настраданата почина.

Да се потсетиме:

Според податоците на полицијата, несреќата се случила во 20.50 часот. Возачот на „Хондата“ Љ.Б. (26) најверојатно со голема брзина, според очевидци од 160 на час, удрил во Фросина која починала на местото на несреќата.

Возачот првично побегнал од местото на несреќата, но по дваесетина минути, односно во 21.10 часот, сам се пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров каде што раскажал што се случило.

Возачот на Хондата и покрај тоа што избегал од местото на несреќата, по распитот во полициска станица беше пуштен на слобода.

Според објаснувањето од истрагата, возачот не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело. Исклучок има освен во ситуации ако возачот е странец или пак ако има сомневање дека може да избега.

Од она што можеше да се види тогаш, на местото на несреќата немаше траги од кочење, а девојката ја минувала Партизанска на обележан пешачки премин. На преминот има и семафор, а истрагата треба да утврди дали за возилата или за пешаците било вклучено зелено светло.

http://faktor.mk/wp-content/uploads/2015/05/partizanska-2.jpg
На фејсбук страната www.krivapalanka.info стои :

„АПЕЛ ДО: Сите родители, деца, студенти, совесни граѓани на Р.Македонија.
Со огромна болка за прерано почината Фросина Цековска од Крива Паланка, која на 03.04.2015 година трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди кај Универзалната сала.
Фросина Цековска имаше само 19 години, бруцош на Електро-техничкиот факултет во Скопје.
Девојче кое замина во големиот град за да ги оствари своите соништа. Сонуваше да стане инжинер, гордоста на нејзините родители.
Но за жал, Фросе не успеа во тоа.
Тоа што се случи тој ден навистина беше застрашувачко, на Партизански одреди не згасна еден живот, згаснаа илјадници.
Поради невнимателноста и поради неодговорноста на некој друг ние ја изгубивме Фросе. Изгубивме девојче полно со живот и планови за во иднината.
Поради секојдевните шпекулации кој е убиецот на Фросина, со разни имиња, разни сознанија ние го бараме нејзиниот вистински убиец.
Едни велат бил син на еден, други велат на друг, едни кажуваат едно име, други кажуваат друго.
Ние веќе не знаеме во чии зборови и во која вистина да веруваме, ние само го сакаме вистинскиот убиец на оваа девојче кое не заслужуваше ваков крај. Ја бараме правдата и се надеваме дека постои. Бараме овој човек да биде осуден и да си ја плати казната за делото кое го сторил. Не бараме финансиски надоместок, за ваква штета не постојат никакви средства кои ќе ја надополнат загубата. Ние ја бараме правдинина, сакаме убиецот на Фросина да си ја добие заслужената казна, но најпрвин го сакаме вистинскиот убиец. Сите го бараме оној кој на 3ти Април животот ни го смени, оној кој ни го зеде она највредното, она најмилото, она по кое ќе тагуваме цел живот.
Кој и да си и чии да си, веруваме дека пред се постои нешто човечно во тебе. Возењето со 160, не е сообраќајна несреќа, тоа е убиство, а бегството после таков чин е кукавичност, не пружањето помош нечовечност. Ние го сакаме твоето вистинско име, го сакаме твоето вистинско лице. Ние сакаме да застанаме пред вистинскиот убиец на нашата ќерка, сестра, внука, другарка, девојка, колешка и сограѓанка.
Дали те гризеше совеста кога продолжи да возиш, а знаеше дека на ладниот асвалт остави млад живот да лежи? Дали почувствува грижа на совест кога продолжи да возиш, а не застана да и помогнеш? Дали возењето со 160 те направи подобар човек или убиец?
Доколку некогаш постоело нешто човечно во тебе веруваме дека ќе се појавиш на судењето и веруваме дека ќе го прифатиш делото кое го стори, ќе направиш барем нејзините родители да се чувствуваат помирни кога ќе знаат дека убиецот на нивното девојче ја доби неговата казна.
Ние сме свесни дека ова не може да ни ја врати назад, но гневот кој го чувствуваме во нас ја бара казната за него.
Ве молиме сите коишто сочувствувате со нејзиното семејство, со нејзините најблиски да го споделите ова. Да го најдеме вистинскиот убиец на нашата Фросе, чии живот прерано згасна на улиците на Партизански одреди кај Универзална сала.
Ние како родители, како нејзина сестра и сите нејзините најблиски ја бараме вашата подршка за да не остане неказнето убиството на нашата најдрага.
ВЕ МОЛИМЕ СИТЕ СПОДЕЛЕТЕ ЈА ОВАА СТАТИЈА, КАКО АПЕЛ ЗА СИТЕ СОВЕСНИ ГРАЃАНИ НА Р.МАКЕДОНИЈА, КОИ СОЧУВСТВУВААТ СО НАШАТА БОЛКА.
ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ СЕКОЈ ОД ВАС ПОЕДИНЕЧНО ИЛИ ГРУПНО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ЗАЕДНО СО НАС ВО ПРОНАОЃАЊЕТО НА ВИСТИНСКИОТ УБИЕЦ НА ФРОСИНА.
ОД:
Нејзините родители, нејзината сестра и нејзините најблиски
 
Покренато обвинение за момчето кое го усмрти Иван кај Католичка

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинение против едно лицe за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 вв чл.297 ст.1 од Кривичниот законик.

Ако поради делото од членот 297 ст.1 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. Ако поради неукажување помош настапила тешка телесна повреда или смрт на повредениот, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
 
Алачки куртули од одговорност за прегазениот пешак на Рузвелтова
Објавено: 12:35, 19/05/2015 Прегледано: 2,361 пати.
alackiKumanovo-685x320.jpg



Познатата фолк пејачка, Адријана Алачки, нема да одговара за сообраќајната несреќа од октомври минатата година кога со своето возило прегази пешак на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје. Како што велат од Јавното обвинителство, нема да биде покрената постапка против неа затоа што било утврдено дека пешакот е виновен за настанатата сообраќајка. Во несреќата загина 76-годишно лице.

Од ЈО денеска известија дека ја отфрлаат кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи.

„Во текот на постапката од страна на одбраната беа доставени две вештачења, согласно кои кај осомничената не постои вина за настанување на незгодата. Со цел правилно утврдување на фактичката состојба, од страна на Основното јавно обвинителство Скопје со наредба е наложено ново вештачење, согласно кое возачот не направил пропусти, а пешакот е тој кој има направено пропусти кои се причинско последично поврзани со настанување на незгодата. Од страна на оштетените – законски застапници на сега починатото лице, доставено беше вештачење кое по наодот и мислењето се разликуваше од другите вештачења“, велат од Основното јавно обвинителство.

Поради неусогласеноста на извештаите, ЈО издало наредба за уште едно вештачење до Бирото за судски вештачења.

„Согласно вештиот наод и мислење на тимот од вешти лица при Бирото за судски вештачења произлегува дека возачот во конкретната ситуација реагирал соодветно на дадената ситуација. Имено, во околностите кои се создале со неправилното и невнимателно преминување на пешакот преку коловозот надвор од пешачки премин, возачот немал техничка можност да ја избегне незгодата. Тимот од вешти лица констатира дека опасната ситуација ја создал пешакот, а возачот немал никаква техничка можност за избегнување на незгодата“, појаснуваат од таму.

Со добиеното вештачење од Бирото за судски вештачења, додаваат од Јавно обвинителство, се потврдиле наодите од предходните извештаи. Јавниот обвинител не поклонил верба на заклучоците дадени во вештиот наод и мислење доставен од оштетените, бидејќи истите, велат од ЈО, се спротивни со заклучоците на сите останати вешти лица.

„Со оглед на фактот дека возачот – осомниченото лице во целост постапило согласно сообраќајните правила и прописи, јавниот обвинител утврди дека во дејствијата на осомниченото лице нема елементи на кривично дело што се гони по службена должност“, завршуваат од ЈО во соопштението до медиуми.

Фолк пејачката и готвачка на познатата кулинарска емисија, инаку, ги забавуваше партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на конгресот кој се одржа во Куманово на почетокот од месецов.




Патем, дали можеби има шпекулација за идентитетот на храбриот функционер кој се осмели да вози со 160 на Партизанска и притоа усмрти девојче?
 
Јас слушнав за шпекулации, демек Тодоров, Спасов ама не ми се верува, сепак они се со службени коли најчесто, со придружба.

Иначе, Фросе мислам еднаш пиша тука за случајов со Алачки дека пешакот не преминувал на пешачки, плус дека она му укажала прва помош. Плус ако возела според прописите и направила се' во нејзина можност, сметам дека е исправна одлуката на ЈО.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom