Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.724 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.176
Член од
25 август 2005
Мислења
98
Поени од реакции
2
а за тоа дали има живот или не на други планети, ќе знајте наскоро сите, најкасно до 2012 :wink:


A moza da te prasam od kaj znaes. Da ne si nekoj prorok? :roll: :shock: :twisted: :D :D
Pa da ti kazem do togas bi trebalo da znaemo nesto pojce za ziviotot nadvor od nasata planeta.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
zemajki vo predvid deka vselenata e beskonecna, apsurdno e da se kaze deka Zemjata e edinstvena planeta so zivot na nea.

vonzemjani postojat, samo ne ocekuvajte da vi vlezat v soba dodeka spiete ;)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Еве ви извадок од една книга околу НЛО

"Градот Тиаванако е полн со тајни. Тој лежи на висина од 4000 метри, и тоа на крај на светот. На таа висина пејсажот се чини како да е на некоја друга планета. На секој дојденец физичката работа му е тешка: воздушниот притисок е за половина понизок отколку нивото на морето, а количината на кислород е помала. Па сепак на таа висина настанал голем град.
На блоковите од 100 тони лежат камени коцки тешки 60 тони. Сите камења се уредно обработени. Во блоковите тешки 10 тони се наоѓаат дупки долги 2.5 метри, чија употреба до сега е неразјаснета. Во земјата се наоѓаат камени водоводни цевки – два метри долги, пола метар широки и од прилика исто толку и високи. Тие пронајдоци пленат со својата прецизна изработка. Зарем претците од Тиаванако немале некоја попаметна работа отколку без алат со години да прават толку прецизни водоводни цевки? Нашите современи бетонски одводи се обична играчка во споредба со тие цевки.
Во еден двор кој е денеска обновен, постои цела низа камени глави, кои кога подобро би ги посматрале, ќе забележиме дека претставуваат собир од различни раси: тука ималица со тенки и дебели усни, долги и кукасти носови, ситни или гломазни уши. Освен тоа на некои глави има и шлемови.
Едно од големите чуда на Јужна Америка се и монолитните Сончеви врати од Тиаванако: од едно единствено парче е изработен голем кип, висок три, а широк четири метри. Тежината на тоа дело се проценува на повеќе од 10 тони. Тоа суштество кое претставува некој бог кој лета – во три реда од страните го опкружуваат четириесет и осум коцкасти ликови.
Што кажува легендата за таинствениот град Тиаванако?
Таа зборува за некој златен вселенски брод кој стигнал од ѕвездите; со него дошла некоја жена која се викала Орјана. Орјана имала само четири прста, кои биле споени со опна. Прамајката Орјана родила седумдесет деца на Земјата и се вратила на ѕвездите. Во Тиаванако можат да се видат цртежи на стените и киповите кои покажуваат суштества со четири прста. Нивната старост е неопределлива. Ни еден човек од било кое време познато за нас не го видел Тиаванако поинаку, освен во рушевини.
Да не го заборавиме и Сакваман, кој е оддалечен нецел километар од познатото утврдување на Инките. Нашата фантазија не е толку богата да одговори на прашањето: какви технички средства користеле нашите претци, за камените блокови тешки повеќе од сто тони да ги пренесат на друго место и таму да ги обработуваат. Во кратер се наоѓа еден камен блок висок колку четирикатница и според проценките неговата тежина изнесува 20.000 тони. Каменот е беспрекорно обработен, има скали и платформи меѓу одредени делови на скалите, а украсен е со спирали и дупки. Кој камен блок стои свртен наопаку – поточно скалите водат од горе па надолу, дупките изгледаат како да се направени од експлозија на граната и се насочени во различни насоки. Може ли да се замисли дека човечки раце и сила ја откинале таа грамада, ја пренеле и ја обработиле?

Сумерците почнале да ја бележат славната историја на својот народ. Денеска сеуште не знаеме точно од каде дошол тој народ. Меѓутоа, знаеме дека Сумерците со себе донеле супериорна изградена култура која делумно им ја наметнале на Варварите. Знаеме и дека своите богови ги барале на врвовите од планините и дека ако се населеле во област каде нема возвишение – правеле вештачки. Нивната астрономија била неверојатно развиена – нивните опсерватории успеале да направат пресметка на Месечевото кружење кое се разликува од денечната за само 0.4 секунди. Ни оставиле и една вистинска мала сензација: на ридот Кујунџик се наоѓа пресметка чиј резултат изнесува во наши вредности 195.955.200.000.000. Петнаесетцифрен број. Претците на нашата западна култура на кои обично се повикуваме и проучуваме, старите мудри Грци, во времето на процутот на нивната наука не ја поминале цифрата од 10.000. Тоа што ја поминувало таа цифра едноставно се означувало како “бесконечно”.
Сумерците со векови граделе возвишенија, пирамиди и живеалишта со сите удобности, им принесувале жртви на своите “богови” и го чекале нивното враќање. Сумерските “богови” имале човечки лик, а симболот на секој бог бил поврзан со некоја ѕвезда. На плочите ѕвездите се така прикажани како би ги нацртале и денес. Необично е тоа што ѕвездите се опкружени со планети во различни големини. Од каде тогаш Сумерците, кои немале на располагање средства за посматрање на небото какви што имаме денес, знаеле дека ѕвездите кои што стојат имаат планети?

Штом гледаме наназад во минатото со денешни видици и му го дадеме замавот на нашето техничко време, ќе почнат да се подигаат корените кои лежат над темнината. Проучувањето на прастарите светски книги ќе ни помогне нашата претпоставка да ја претвориме во јака замислива стварност и истражувањето на минатото под силен притисок на револуционерните прашања, нема да може повеќе да се одложува.

Во ескимската митологија се тврди дека првите племиња на север ги донесле “боговите” со бронзени крилја! Најстарите индиски легенди зборуваат за огнената птица која го донела огнот и плодовите. Митологијата на Маите зборува за тоа како “боговите” можеле да видат се: Вселената, сите четири страни на светот, па дури и округлата површина на Земјата.

Маите биле мудар народ и имале високо развиена култура. Нам не само што ни оставиле календар, туку и некои неверојатни пресметки. Тие годината на Венера ја израчунале на 584 денови траење, Земјината година ја процениле на 365,2420 денови (денешната точна пресметка изнесува 365,2422).

Народите кои живееле пред Инките, во своите легенди за боговите зборуваат за тоа како ѕвездите се населени и како боговите од соѕвездијата ќе слезат кај нив. Сумерските, Асирските, Вавилонските и Египетските текстови ги опишуваат со клинесто писмо истите тие слики.

Тибетските книги “Тантјуа” и “Кантјуа” ги споменуваат праисториските летала кои тие ги викале “бисери на небото”. Двете книги изразито нагласуваат дека тоа сознание е тајна и дека не е наменето за јавноста. Во “Самарангана Сутрадари” постојат цела низа подглавја во кои се опишуваат воздушните бродови кои фрлаат оган.
Еден дел од некој запис од времето на Тутмес III, кој живеел околу 1500 година пред нашата ера, кажува како научниците виделе некоја огнена топка која се приближува од небото. Тутмес и неговите војници ја гледале таа појава се додека огнената топка не се качила во јужен правец и ја снемало од видикот.

Текстовите настанале неколку милениуми пред нашата ера, а авторите живееле на различни континенти и припаѓале на различни култури и религии. Па сепак, на сите четири страни на светот и од многу извори наоѓаме скоро еднакви извештаи. Зарем сите автори имале иста фантазија? Зарем сите тие биле еднакви на еден начин, скоро сите манијачки опседнати со тие феномени?

Во Едфу дури и денес можат да се најдат на вратите на храмовите цртежи од сонцето со крилја или сокол што лебди во воздухот и на себе има натпис за вечноста и вечниот живот. Ни на едно до сега познато место на планетава нема толку голем број цртежи со божествена симболика со крилја како во Египет.

Во најстарите записи на островот Елефантина се кажува дека островот се вика така затоа што личи на слон. Тоа е точно, островот личи на слон. Но, од каде го знаеле тоа старите Еѓипјани, кога тој облик може да се види само од голема височина или од некое летало. Имено, нема ни едно возвишение од каде што би можел да се види островот и да се познае неговиот облик.

Во 1965 година Американците под Њујоршкото тло закопаа две временски капсули кои се така направени, да можат до 6965 година да ги издржат сите неволји што воопшто можат да се замислат на земјата. Тие временски капсули содржат вести кои сакаме да му ги соопштиме на потомството. Капсулите се излиени од метал кој е поцврст од челикот. Тие можат без оштетување да поднесат дури и нуклеарна експлозија. Во капсулата се наоѓаат снимки на градови, бродови, автомобили, авиони и ракети. Тие содржат примероци од метал и пластика, влакна и ткаенини. За да се запознае потомството повеќе, внатре има предмети за секојдневна употреба како што се кованите пари, орудија и облека. На микрофилмови се забележани книги за математика, медицина, физика, биологија и астронаутика.
Идејата за таа толку богато опремена капсула да му се подари на потомството им падна на ум на инженерите од “Vestinghouse-electrics”. Џон Харлингтон измислил остроумен систем за дешифрирање за сеуште непознатото поколение. Еден лудак? Нашите остварувања, т.е. замисли ги исполнува среќа и спокој: поточно, сепак има луѓе кои мислат 5000 години однапред! На археолозите во далечната иднина не би им било полесно отколку што ни е нам. Имено, после атомски пожар нема да имаме никаква полза од сите библиотеки на светот, а сите работи на кои сме толку горди не би вределе ни колку едно јаболко, зашто ќе нема ништо, се ќе биде разурнато и озрачено.

Дали е навистина случајност што висината на Кеопсовата пирамида помножена со милијарда – од прилика одговара на оддалеченоста на Земјата од Сонцето? Дали е случајност што меридијанот кој се протега низ пирамидата дели два континенти и два океани на две потполно еднакви половини? Дали е случајност тоа што основата на пирамидата поделена со двојната висина го дава познатиот Лудолфов број? Дали е случајност и тоа што каменото тло на кое лежи пирамидата е феноменално нивелирано? Големата пирамида, а и другите исто така, остануваат видлив доказ за постоењето на една непоимлива техника. Денеска во 21 век ниту еден архитект не би можел, па и да ги има сите технички помагала од сите континенти, повторно да ја изгради Кеопсовата пирамида. Под услов работниците да успевале да подигнат во денот по десет камени блокови, тогаш за од прилика 250.000 денови, односно 664 години би се изградила пирамида составена од 2,5 милиони камени грамади.
Во Осфордската библиотека постои ракопис, во кој коптскиот писател Мас-Уди тврди дека за изградбата на големата пирамида дал согласност египетскиот крал Сурид. Тоа е малку чудно, бидејќи тој крал владеел со Египет пред големиот потоп.
За начинот на кој е иградена пирамидата, како и причините за градењето не знаеме речиси ништо. Пред нас стои вештачки рид висок 150 метри и тежок речиси 31.000.000 тони како доказ за една несфатлива работа. И тој споменик е наводно само некоја гробница на некој крал! Кој сака нека верува..."
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Вонземјаните ја сакаат Македонија

Во Македонија има над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала и вонземјани на нашето небо. Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967!


Покрај Јужна Америка и Ново Мексико, Македонија е најинтересната земја за вонземјаните, тврдат уфолозите. Проучувањата велат дека вонземјаните доаѓаат поради две причини - во потрага по можности за духовна хармонија или како предупредување за можна катаклизма, политички пресврти или револуции. Македонската земја важи за земја на древни цивилизации, но и за земја на луѓе со чиста душа, кои во гените носат предиспозиции за живот во хармонија и љубов.


Во Македонија има над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала и вонземјани на нашето небо. Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967, кога голем НЛО се појавил над скопското село Глумово. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека хронологијата на НЛО-посетите на Македонија е поинаква. Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско

"Беше околу осум навечер и тамам се имаше стемнето. Бев во дворот кога насекаде блесна светлина како да е ден. Над ридот над мојата куќа полека леташе светлечки креденец. Си реков во умот дека е тоа некоја божја работа. Не се исплашив, туку ме обзеде некое блажено чувство. Си имав мака со болното срце, па ревма. Арно ама, откако го видов тоа на небото, се ми помина. Сега летам како младо момче", ни ја раскажа својата средба со НЛО во 1997, 90- годишниот Здраве Лазески од кичевското село Раштани. Драстичното подобрување на неговото здравје било потврдено и од неколку лекари-специјалисти .


Уфологијата, односно науката која ги проучува неидентификуваните летачки објекти, тврди дека последниве педесетина години Македонија е под инвазија на вонземјани. Еден од ретките, ако не и единствен фанатичен проучувач за НЛО во Македонија, кичевецот Стојмир Симјаноски тоа го објаснува со тезата дека вонземјаните се заинтересирани за проучување на древните цивилизации и култури, а Македонија е една од најстарите цивилизации. "Покрај Јужна Америка и Ново Мексико, Македонија е најинтересната земја за вонземјаните. Проучувањата велат дека вонземјаните доаѓаат на Земјата, главно, поради две причини - во потрага по можности за духовна хармонија или како предупредување за можна катаклизма, политички пресврти или револуции. Општо познато е дека македонската земја е земја на древни цивилизации, но и луѓе со чиста душа кои во гените носат предиспозиции за живот во хармонија и љубов. Затоа вонземјаните сакаат да испитуваат обични, но умни луѓе. На оваа земја живееле големи умови како Александар Македонски, кој бил генијалец, потоа се докажа дека Михајло Пупин е од овие краишта и уште многумина други кои се интересни за вонземјаните", вели Симјаноски.

Меѓутоа, тој во својата СФ книга "Мит за сите времиња" го поставува и прашањето дали посетите на вонземјаните на Македонија во минатиот век биле предупредување за она што ни се случи во 2001 година. Како доказ дека Македонија била под своевидна вселенска инвазија, Симјаноски посочува над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала и вонземјани на нашето небо. Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967, кога голем НЛО се појавил над скопското село Глумово. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека хронологијата на НЛО-посетите на Македонија е поинаква. Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско, кога бил виден и вонземјанин, следната година повторно кај Добреноец, на 31 август 1957, над селото Иванчишта зад Пресека,-Кичевско, бил виден огромен вселенски конус, во 1961 над селото Дедебалци, Битолско, каде што вонземјанка се обидела да се симне од леталото и да влезе во една селска куќа. На 1 август 1964, кај Барбура, врв на планината Јама, била видена вонземјанка, јуни 1965 таа се појавила и во Суви Дол, Кичевско, а на 15 април 1969 250 ученици кои биле на екскурзија, виделе огромен НЛО над Извор, Велешко. Во септември 1969 бил виден голем НЛО над штипски Кумлак, и од леталото излегле седум помали НЛО, во разни бои. На Илинден 1972 била регистрирана летачка топка кај Прентов Мост, Охридско, во август 1980 два НЛО повторно над Кумлак, Штипско, а во 1983 летало четириесет минути вртело над селото Стење во Преспа. На 1 септември 1990 бил виден НЛО над Кичево, истата година над планината Буковиќ, 1992 година над селото Покрвеник кај Ресен, и на 28 март 1997 над штипскиот Исар. На 3 април 97 селото Стење повторно го надлетувале вонземјани, а истата година биле посетени и Пресека, Раштани, и повторно Штип. Во мај 1997 свратиле пак над Штип, на 5 јуни истата година над Бистра, јули 1997 помеѓу Кичево и Другово, ноември 1997 над Чавкова Чешма кај Штип. Две години подоцна за вонземјаните станала интересна Битола, во февруари 1999 Скопје, мај истата година Ѓорче Петров, а летото 1999 - планината Јама. Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над месноста Цареви Кули, Валандово и повторно Штип.

- Не можам да издвојам кои се побитни, а кои помалку битни случаи на појава на НЛО, бидејќи не се работи за нешто што се случува секој ден. Сепак, некои предничат пред другите. Таков е случајот на Синадинка Костадиноска, која е првата што проговорила дека видела НЛО и вонземјани во Македонија. Значаен е случајот во селото Стење, случајот со д-р Наум Целакоски, со бебето- вонземјанин и, секако, средбата на дедо Здраве Лазески од кичевското село Раштани - вели Симјаноски.
Во пролетта 1942 година Синадинка Костадиноска била кај кладенчето над градината и наеднаш како да слушнала нечиј глас кој сосем јасно и рекол: "Синадинке, слушај што ќе ти речам и кажувај им го тоа на луѓето", почнал гласот, а Синадинка останала како вкочанета. Отпрвин не зборувала ништо за случката, но подоцна, по втората сердба, кога и се гледало како сонцето да и се приближува, им кажала на роднините и на пријателите. Оттогаш многу често паѓала во транс и зборувала неповрзани работи кои отпосле излегувале дека се пророштво.

- Сега воопшто не можам да се присетам што всушност работевме, но еден момент некој од овчарите што минуваа тука со овците, извади нешто што го носеше на две прачки и го донесе кај нас. Долги години се мачам да се присетам што точно беше тоа. Овчарот го стави на неколку папратки и ние се собравме околу него. Суштеството тој го нашол во долот и прво му заличало на фрлено голо, штотуку родено бебе, но му било необично и затоа го зел и го донесе да го покаже. Беше долго околу триесет сантиметри, широко 10-12 сантиметри и толку сантиметри дебело. Ми се чини дека и сега го гледам пред себе, а татко ми го вртеше за да го разгледаме подобро. Бојата му беше некоја комбинација од сива и од бакарна, со чудни бледоцрвени линии. Немаше коса на зашилената глава, која личеше на рибина. Крлушки немаше, но имаше набрана кожа, под која на градите се истакнуваа ребрата. И рацете и нозете, наместо овални, беа ромбоидни, со истакнат раб и одозгора и одоздола тој преминуваше во проsирна 'рскавица од задната страна. Наместо опашка, имаше лигава проsирна кожичка која завршуваше во задниот дел на колената, во форма на малку повеќе зашилено лопатче - сведочеле неколкумина селани од кичевското село Лекомлаче за вселенското бебе што го нашле во далечната 1957 година.

Од сите жители во Македонија, штипјани имале најмногу средби со НЛО. Дури над 20. Во неколку наврати тоа биле разнобојни или портокалови кругови над Исарот, додека во 1957 НЛО се спуштил на само 50 метри од куќата на сведокот Петар Бошков.
На 29 март 1997 година нешто чудно се појавило на небото над селото Стење. Жителите на селото се колнеле дека на небото виделе летало во форма на голема печурка, со три ногарки од долната страна. На кружните рабови на леталото, кое застанало сосема ниско над куќите, блескале повеќе разнобојни светла, кои некако неизменично светнувале со црвена, сина и со жолта боја.

На 10 април 1997 година, во периодот меѓу 9 и 11 часот, над Штип одеднаш се појавиле два бели огромни правилни бели круга, со дебелина на обрачите од околу половина метар. Немало штипјанец што не го видел и што не го збунило чудото, бидејќи природните појави, како виножитото или други слични, се вертикални, додека двата круга над Штип биле во хоризонтална положба.

- Кога на 10 прил 1997 година МТВ јави дека дента над Штип се забележани два чудни бели светлечки круга, кои камерите и ги покажаа, следуваше и стручно објаснување дека тоа е природна појава која настанува како последица на јонизацијата на воздухот или прекршувањето на светлината. Меѓутоа, тогаш никој не спомена дека двата круга над Штип биле хоризонтални, што ја менува ситуацијата и дава слика на НЛО - вели во својата книга Симјаноски.

- Девојката имаше доста карактеристичен изглед, со широко чело, триаглесто лице со бледа бакарна боја и со црни големи очи - сведочи С.С. И таа го гледала него без да трепне. И пулсирало само едно топче над челото, менувајќи ги боите. Дури му се причинило и дека тоа светкаво топче ги покажува чувствата, па кога тој еднаш се обидел да се помести, топчето силно блеснало со црвена светлина, а вонземјанката само се насмевнала.

На 2 август 1961 година, на околу 200 метри над земјата, кај Прентов Мост, Охридско, слетала сребренеста топка со пречник од 15 метри. Неа ја видел д-р Наум Целакоски и тргнал да види што е тоа. Во леталото имало вонземјанин, кој се појавил пред сведокот. Кога Целакоски тргнал кон него, дојденецот ја подигнал раката и од предметот што го држел блеснал тенок долг млаз црвеникави зраци кои го погодиле во челото. И покрај драматичноста на ситуацијата, д-р Целакоски сфатил дека она зелено суштество, всушност, не сака да му напакости, туку да го опомене да не оди преблиску до вселенскиот брод.

- Беше околу осум навечер и тамам се имаше стемнето. Бев во дворот, кога насекаде блесна светлина како да е ден. Над ридот над мојата куќа полека леташе светлечки креденец. Си реков во умот дека е тоа некоја божја работа. Не се исплашив, туку ме обзеде некое блажено чувство. Си имав мака со болното срце, па ревма. Арно ама, откако го видов тоа на небото, се ми помина. Сега летам како младо момче - ни ја раскажа својата средба со НЛО во 1997, деведесетгодишниот Здраве Лазески од кичевското село Раштани. Тој е посебен случај, бидејќи неговата влошена состојба драстично се подобрила по средбата со летачката чинија, што било потврдено и од неколку лекари-специјалисти. Неговата приказна ја поткрепуваат исказите на неколкумина негови соселани, кои во исто време го виделе истото летало. Тие биле од другата страна на ридот и на диво береле дрва. Кога блеснало леталото, помислиле дека се запалила шумата и избегале за да не ги обвинат нив.

Во теориите зошто вонземјаните толку често ја посетуваат нашата планета се наведуваат уште многу други причини. Тие ги проучуваат нашата планета и нашата цивилизација од повеќе аспекти и од повеќе причини, ги привлекуваат нашите рудни богатства и енергија, загрижени се за нас и сакаат да ни помогнат, бидејќи гледаат дека ја уништуваме сопствената планета, имаат намера да не колонизираат, па психички не подготвуваат за големата средба, загрижени се за себе поради нашиот продор во вселената, па сакаат да не спречат или да не упатат, или бараат погодна планета за преселба, бидејќи нивната е веќе уништена. Македонија, велат уфолозите, многу лесно може да се вклопи во која било од овие причини.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
се сеќавам на телевизија сведочеше еден стар дедо, македонец, не ми текнува од кој град, како видел НЛО и вонземјани излегле од него и додека објаснуваше плачеше од страв
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
A колку ги има необјавени воопшто, тоа е друга приказна........
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
990
Поени од реакции
650
Имаше една емисија на незнам која телевизија која ги објаснуваше сликите со кои некои луѓе тврдеа дека се НЛО. Скоро сите од нив паѓаа во вода. Како во велика британија после завршувањето на серијата X-Files никој не пријавил НЛО, а минатата година додека се прикажувала серијата имало околу 200 пријави за НЛО. Некои од луѓето се со прилично голема фантазија и им се привидуваат летала во воздухот. Не оспорувам дека некои од тврдењата не се вистинити туку дека треба малце повеќе да се размисли во нешто пред да се потврди.

Во врска со живот на друго место освен на планетава, би биле многу арогантни кога не би поверувале. Со целата вселенска опрема тешко можиме детално да погледниме подалеку од нашиот соларен систем така да не можиме да ги откриеме вонземјанските знаци за живот.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
YuZe напиша:
Имаше една емисија на незнам која телевизија која ги објаснуваше сликите со кои некои луѓе тврдеа дека се НЛО. Скоро сите од нив паѓаа во вода. Како во велика британија после завршувањето на серијата X-Files никој не пријавил НЛО, а минатата година додека се прикажувала серијата имало околу 200 пријави за НЛО. Некои од луѓето се со прилично голема фантазија и им се привидуваат летала во воздухот. Не оспорувам дека некои од тврдењата не се вистинити туку дека треба малце повеќе да се размисли во нешто пред да се потврди.

Во врска со живот на друго место освен на планетава, би биле многу арогантни кога не би поверувале. Со целата вселенска опрема тешко можиме детално да погледниме подалеку од нашиот соларен систем така да не можиме да ги откриеме вонземјанските знаци за живот.
Забораваш на едно.
Дека не ги откриваме ние нив, туку тие нас.
Докази за вонземјани има колку сакаш, од фрески и цртежи во стариот Египет и насекаде во светот, фрески во некои цркви во Македонија, па до многу многу сведоци, дигитални записи и очевидци.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
990
Поени од реакции
650
Е баш за тие докази не треба да ми кажуваш. Имам неколку книги за НЛО дома, и во сите нив има ептен многу така наречени "докази". Е сега на што се базираат тие докази, повеќето се на предпоставки. (негде имало нацртано чинија(летачка) и ајде сега вонземјани не гледале, а може да е и тој што цртал си цртал обичен тањир) Значи предпоставките може но не мора да се вистинити и не треба на се слепо да се верува.

Вонземјаните чим досега извршиле прв контакт, значи чекаат на нешто како на пример човештвото да напредни да направи технологија што му овозможува да патува на други места во вселената и после да извршат прв контакт.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
абе не може ние да сме единствени во ова универзумов
мислам вакви кретени...
 
Член од
9 септември 2005
Мислења
81
Поени од реакции
3
Еве една дешавка што ми се има случено кога бев мала околу 6 години,значи 1990 година беше тоа.Моите ме пратија во славија да купам леб,онаа што беше спроти ГУЦ,тогаш лептокарија уште не беше изградена или почнуваше да се гради.И идам ја си купувам леб и одеднаш на раскрсницата(семафорите кај болница букурешт) се спушта нешто летечко и свемирско,буквално ко на цртани што сум гледала,јас со дотогашната развиена свест само сватив дека е нешто страшно и дека се спуштила летачка чинија,со оглед дека продавачкиве и случајните поминувачи трчаа околу,кој бегаше,кој доаѓаше од љубопитност.Јас дојдов дома и им кажувам онака еј видов летечка чинија,се спушти на улицава,кој сака нека излезе да ја види,има различни светла.Ме направија ненормална поготово плус мала што бев.Еве не помина ни еден сат од како им кажав тоа,имаше вонредни вести и интервју со очевидци.Од тогаш нормално,не се спомна ништо околу тоа.
 
Член од
19 декември 2005
Мислења
259
Поени од реакции
2
Вонземјани

Дали постојат вонземјани???
Јас сум цврсто уверен дека има иако немам докази за нивното постоење:raz:
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
да уверен сум и сигурен сум деКА ИМА вонземјани имам гледано некои слики од НАСА шо беа иатакнати пред едно 5-6 години од "вонземјани" некои суштеств асо долги екстремитети и малце поголеми глави и очи два примерока местото каде шо ги беа пронајдени е Ареа 51 и Росвел
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Пред околу десетина години имам напишано еден труд каде и математички се потврдени по теорија на веројатност, по хронолошки (историски) ред сите физичко хемиски параметри идентични како на Земјата во галаксијава, неопходни за „создавањето“ на живот. Сепак, краен резултат беше дека идеално идентични услови по историски, и физичко-хемиски параметри би можело да се очекуваат најблиску некаде на периметар од околу 10-12 илјади светлосни години. Бројот на теориските идеално слични планети само во нашата галаксија би бил некаде околу 145-150.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom