Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Имам неколку прашања:
- Од каде да купам кацига и шо цена се?
-Исто така ме интересира од каде да купам од оние јакните за кога ќе врне дожд, а што ги користат во странство ( ок, па и тука ) за кога ќе врне дожд?
Мислам дека овие беа проѕирни.
============================================================================
И здравје, се гледаме утре!

164455_460615237339627_41734530_n.jpg

Критична маса- Скопје на точак #10: „Извади го точакот од гаража!“



  • CkUsr6b1mSA.png

    помеѓу гаражата од Влада и големата мачка на мостот Гоце Делчев

  • K6_TY47YS3x.png
    Се сеќавате каков вело- бум имаше минатата пролет?
    Бројот на луѓе кои го избираат точакот како превозно средство расте од година во година и оваа пролет ќе не’ има уште повеќе, како што и зимава имаше повеќе од лани.
    Условите за возење точак во Скопје не се нешто мотивирачки, но сообраќајните гужви, зголемувањето на цената на горивата, поголемата еколошка свест, тенденциите кон поздрав начин на живеење и сфаќањето дека точак е супер превозно средство си го прават своето.
    Иако ги посакуваме, не ни се чекаат идеални услови за да возиме!
    Ни се вози! :)

    Возењето точак секојдневно е славење на животот, славење на чистиот воздух, на слободното движење, на погонот на сопственото тело, на посебните ќошиња на градот и на љубовта кон неговите улици!

    А Критична маса е славење на сето тоа, но заедно!
    И битка за подобар град во која се оди чекор понапред со секој нов велосипедист!

    Ајде да се множиме!

    Понесете балони, понесете миленичиња, деца, дечковци, девојки....вашите пријатели, луѓе кои ги сакате!
    Февруари е, месец е за љубов!
    Поттикнете ги да извозат еден круг со нас.
    Нека ја откријат повторно магијата на возењето велосипед!
    Скоро и да нема човек кој не знае да вози велосипед!
    А и да не знае, лесно ќе научи и уште полесно ќе се заљуби во тоа!

    Многу од нас имаат по некој кутар заклучен и можеби зарѓан велосипед во гаража кој чека да биде ослободен.
    Скопје има улици кои чекаат да бидат преплавени со точаци и радост!
    А ние имаме желба да создаваме таков град!
    Местото на велосипедската инфраструктура е повисоко на дневен ред!
    Местото на точакот се улиците!
    Ослободете го!
    Извадете го од гаража!

    Да ја прошириме комфорната зона и да ги притиснеме сопствените граници!
    А скоро и да нема зима. Мачките одамна завршија работа. Мириса на пролет!
    Нека биде велосипедска!

    ***Секој учесник вози на своја одговорност

    ***Ова ќе ни биде рутата на движење: www.0.mk/km10
    ***Блог-пост најава за настанот:
    http://natochak.blogspot.com/2013/02/10_23.html
    ***Промотивните материјали слободни за умножување:
    http://natochak.blogspot.com/2013/02/10.html

    Извор: http://www.facebook.com/events/334791759966239/ :)
 
Hip.Hop_MKD

Eeee педер си станал бе ти :icon_mrgr: инаку да ми се јавеше ќе ти кажев кај има кациги и тоа се што бараш дури и ќе појдевме ама ти ... :cautious:
 
Велосипед возење е најдобро хоби !! после спиење нормално :pos::pos::pos: ЈК
 
Kako беше? Напорно?:)
Види го инаку убавецов, фантазија.

Surly LHT е нешто како Мерцедес помеѓу велосипедите.
Не е посебно напорно, патеката е релативно права освен неколку километри и возев доста споро темпо како за почеток. Единствен проблем е што минувам низ три села и се бркам со кучиња како Цезар од Нејшионал Џеографик.
 
Ѓорче Петров. :)
Мобилен не давам на никој освен на другари и роднини, ако сакаш FB, а ако си од ваму некаде ќе се најдеме на друго место. Извини вака, не е со лоша намера ништо. :)
ништо тогаш,јас сум од далеку,нема да возиме...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom