Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
A го бива ли за агресивно возење, затоа што ич не сум мирен кога сум на две тркала :]
А што тоа подразбираш под агресивно возење ??? Објасни малку.. :)
 
Ако има некој од Струмица шо сака да вози... нека пише ПП. Деновиве е планирано да се оди до Банско.
 
со никаков брат, и што е најдобро немавме ни резерва гуми ни пумпа. Иначе плачам за нов точак
--- надополнето: 6 јули 2012 во 17:04 ---
Луѓе ве молам мислење за овој велосипед
MERIDA MATTS TFS 100D

Батуле јас го имам баш овој модел. Шалтерите се лудила (Shimano Alivio). Виљушката ќе сакаш да ја смениш за година дена максимум.
Ама све остало е грабај, бегај :icon_lol:. Агресивно го возам и јас со своите 113 кг, така да ич да не му ја мислиш. Поздрав :)
 
Утре се враќам од одмор и кој е за тура до патишка река или Велес деновивд нека пише ПП

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
Батуле јас го имам баш овој модел. Шалтерите се лудила (Shimano Alivio). Виљушката ќе сакаш да ја смениш за година дена максимум.
Ама све остало е грабај, бегај :icon_lol:. Агресивно го возам и јас со своите 113 кг, така да ич да не му ја мислиш. Поздрав :)
Добро па и ти сега, без никаква навреда, шалтерите не дека не чинат но има и многу подобро, вилушката зошто е RST Gila јас би ја сменил веднаш, од такви вилушки без rebound лесно се паѓа, а и телескопите се многу тенки. Мој другар (на истиот модел) веднаш ја смени за Rock shox Reba и вожњата се смени екстремно, како да зема сосема друг точак. Исто така треба надградба и на другите (сите) делови зошто се поосновни модели. Сите ние мислиме дека возиме екстремно но кај секого е различна границата. Така да не збори како да возиш merida ninety one модел. Но за почеток точачево вреди, додека човек се навикне на off road возењето, потоа му треба сериозен апгрејд на деловите. :)
 
Здраво дечки. Сакам да си земам ефтин ама квалитетен велосипед. Мислам дека овие два се најефтините што ги најдов:

Трек 820 - 15.490

GT Agressor 3.0 - 16.150

Ако имате уште нешто во предвид околу таа цена ве молам предложете.

Дали мислите дека се исплаќа вакво нешто? Сепак се со Shimano Tourney.. :oops:

Ама не мислам да го возам офф којзнае колку така да..

И уште едно прашање: Дали може ваков точак да се апгрејдира? Да се додаде хидраулика, дискови, деоре менувач на пр, вилушка итн.. ? Да кажеме од некој друг постар?
 
Земи го вториот од причина што Трек-от е со челичен рам. Мислам дека има солиден рам Агресорот и ќе можеш без проблем да го надградуваш.
За до таа цена некаде може да го земеш и овој во предвид http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=a61b3787-224d-4486-8bdf-2ed0ae49e6f6

Со попуст би ти излегол 18.700, ако имаш нешто пара тогаш хардрок со диск е за 23.500.
 
Да го гледав и размислував и за тој, но мислам дека GT Agressor 1.0 повеќе се исплаќа. Има Acera менувач, а Specialized-от има Tourney што е 2 класи разлика и башка GT-то има дискови.
 
Да го гледав и размислував и за тој, но мислам дека GT Agressor 1.0 повеќе се исплаќа. Има Acera менувач, а Specialized-от има Tourney што е 2 класи разлика и башка GT-то има дискови.
Во право си за опремата на Specialized-от, мизерна е, но рамката му е поквалитетна од GT. Со апгрејд на деловите на Specializet-от може да направиш одличен точак. За исплатливоста, да, се сложувам со тебе, GT-то 1.0 е подобар за парите. Инаку тие горе што си ги посочил двата Trek -от и GT -то 3.0, батали. :)
 
Ех па и ти, со какви точаци одат на Водно, ти за овој прашуваш. Ок е точачето и опремата како за почеток, за off road исто така можеш, само пополека. Со време полека почни да го надградуваш со подобри/поквалитетни делови. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom