Владата ги почна програмите за вработување за годинава

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Со денеска објавениот конкурс за мерката самовработување почна примената на шестиот владин Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година. Со Оперативниот план годинава треба да бидат опфатени 6.000 невработени лица, за што се обезбедени околу 500 милиони денари.
Со двегодишниот план се дефинирани 24 целни групи, со што е дадена можност за секое невработено лице, во зависност од можностите и условите да аплицира за одделна програма, информира на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Покрај програмите и мерките за вработување, во планот се содржани неколку пилот програми креирани согласно искажаните потреби на невработените, работодавачите или сознанијата на пазарот на трудот. Таков е случајот со пилот програмата за обука до одржливо самовработување и обуката до субвенционирано вработување.
Новина е пилот програмата за субвенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште. Со неа ќе се обезбеди надомест на корисници на социјална парична помош, социјално осигурување и дополнителни субвенции преку програмите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како пилот ќе се спроведува и програма за општокорисна работа преку работно ангажирање за социјални услуги.
Успешни од изминатиот период, според Ристовски, се програмите за субвенционирање за која за 700 самовработувања аплицирале 1.899 невработени лица, и за формализација на постојани бизниси, каде имало интерес од 587 лица, а се поддржани 250. Кај двете програми се реализирани сите планирани вработувања. За програмата за практикантство, за 300 практиканти аплицирале 1.839, а работодавачите поденеле барања за 2.037 практиканти, при што се реализирани 94 проценти. Интерес за Програмата за субвенционирање имало од 3.025 невработени, а со неа се субвенционирани 636. Во 2011 е забалежан значителен интерес и за обуките за дефицитарни занимања, односно 865 апликации за 204 планирани обуки.
Одговарајќи на новинарски прашања министерот Ристовски посочи дека минатата година имало 80.000 нови вработувања, бројот на невработените изнесува над 280.000. Наводите од опозицијата за вештачко намалување на невработеноста за ресорниот министер се класично политичко обвинување, бидејќи не биле поткрепени со аргументи.
Податокот дека за 80.000 решенија елиминација односно бришење на статусот на невработени од Агенцијата за вработување имало само 7.000 жалби, според Ристовски, е најдобар аргумент дали некој невработен е избришан фиктивно.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информира дека конкурсот за програмата за самовработување е достапен на веб страниците на Министерството за труд и социјална полотика и Агенцијата за вработување. Заинтересираните невработени треба да поднесат апликација во центрите за вработување, каде ќе одговарат и на определен број прашања кои носат соодветни бодови врз основа на кои ќе бидат рангирани. Годинава првпат ќе добијат различни прашања, односно не може да се случи две лица да имаат исти прашања. Целта е да нема пробивање на тестовите и злоупотреба на мерката, појасни Поповски.

што мислите колку се реални шансите оваа идеја да профункционира во реалност ??
ако се знае дека во минатото вакви случни идеи не се остварија.
дали се оди кон вештачко намалување на невработените во македонија ??

се надевам дека темава нема да биде избришана од модераторите на форумов
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Таков е случајот со пилот програмата за обука до одржливо самовработување и обуката до субвенционирано вработување.


-----------------
Jas ne pametam nesto vakvo da e imalo osven kursevi za kompjuteri engleski itd sto ne ti bas koristi
 
S

Sagan

Гостин
Минатата година имало 80.000 нови вработувања?! Преместување од едно место на друго, и тоа ли го сметаат за ново вработување?

Ако во 2010 година, имаше 309.651 (33.5%) невработени, со новите 80.000 вработувања, сега требаше да бидат 229.651 невработени, а не 280.000. Лесно е да се тресат бројки од ракав и да се манипулира со народот.

На што дрога ги држат министрите у влада?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
канабис од Драчево:D ете министрите такво си уживаат.:giggle:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom