Верски вести III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Значењето на празникот Преображение Господово

preobrazenie_chast_epistiliya_fragment_640.jpg

Историјат на празникот

Нашата Света Црква, сеќавајќи се на сите настани од земниот живот на Господ
Исус Христос, и овој пат пред нас изнесува еден чудесен по својата длабока смисла празник – празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.


Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.
Ако, како што веќе спомнавме, овој празник се случил непосредно пред страдањата Христови, односно пред точно четириесет дена, тогаш би требало тој да се празнува некаде во месец март, според празнувањето на Воскресението. Но, тоа време се совпаѓа со периодот на Светата Четириесетница и бидејќи не би можело да се торжествува во периодот на Великиот Пост, затоа овој празник е пренесен на 6/19 август. Датумот не е случаен, бидејќи е четириесет дена пред празникот „Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст“ (14/27 септември), кој наликува на Велики Петок. Празникот Преображение, започнал да се слави во источниот дел на Византиската Империја во периодот помеѓу VI – VIII век. Веќе во VIII век тој е раширен низ сиот христијански Исток, а додека на Запад, иако почнал да се празнува малку порано, својот конечен облик го добил дури во XV век.
Инаку, специфично за овој празник е тоа што на Литургијата после задамвоната молитва се благословува и осветува грозјето. Тогаш за прв пат може да се јаде од овој плод.
Таинствената смисла на празникот Преображение Господово
Во мигот на Преображението Христос ги озари апостолите со Својата неискажлива светлина, и сакајќи да им ја покаже светлината на скорешното Негово Воскресение, Он истовремено им ја покажа и првобитната човечка убавина. Он сакаше човекот да го дознае своето потекло, да види чиј образ тој го носи, во каква слава, и чест, и убавина е создаден и кон што е повикан. Црквата, пак, таа силна чуварка на Свештеното Предание, го упатува својот повик до човекот, до осознавање и постигнување на неговата најдлабока и најсуштинска животна цел – неговото лично преображение, обожувањето, кое е гледање на несоздадената светлина. Таа, пак, е „доживување на Царството Божјо... и паралелно со тоа, предвкус на идните блага... “, Преображението ни покажува и што претставува нашето собирање како Црква: тоа не е просто собирање на луѓе, туку собирање на преобразени личности кои се поврзани со врските на љубовта, радоста во Бога, заради прослава на Неговата жртва за спасение на човештвото.
Ако „Преображението е централен настан на сотириолошкото учење на Црквата, бидејќи ја покажува целта на постоењето на човекот“ (о. А. Шмеман), а таа е личното преображение и обожение, тогаш таа истовремено и го поттикнува човекот да дојде до посакуваната цел. И за да би можел човекот да го доживее тоа, најнапред треба да го очисти своето срце. По мерата на очистувањето на нашето срце, добиваме и просветлување одозгора.
Во овој контекст, Црквата нѐ повикува и кон нашето лично искачување на Таворската гора, за и нам да ни биде добро („Господи, добро ни е да бидеме овде“, Му рекле апостолите на Христа), за да Го чувствуваме Божјото благодатно присуство, посакувајќи тие мигови никогаш да не завршат. Но истовремено таа и нѐ потсетува дека заради нашите слабости можеме од таму, од Тавор, да се најдеме на Голгота. И пак вели, дека за да се искачиме на Тавор, претходно треба да се распнеме на Голгота. Нејзиниот непрестаен повик е „непрестајно искачување и еволуција. Во Црквата зборуваме за еволуција на човекот, не од мајмун до човек, туку од човекот кон Бога. Оваа црковна теорија за еволуцијата дава смисла за живот и ги задоволува сите внатрешни проблеми и егзистенцијални немири на човекот.
Значи, Преображението Христово е основен момент во животот на човекот. Впрочем, живееме во Црквата и не се стремиме да бидеме само добри луѓе, туку да бидеме богови по благодат“ (о. А. Шмеман). Црквата денес нѐ кани да ги отвориме дверите на нашето срце, за таму да Го населиме Бога и сите луѓе, да подариме повеќе љубов, да се преобразиме не само себеси, туку со својот живот, со својот пример и сите околу нас. На таква висина денес нѐ кани Црквата.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=svetootechki_tekstovi&action=details&record_id=123
 
NEVIĐENO ZVERSTVO Sveštenik odobrio grupno silovanje i vađenje očiju tinejdžerki
Alo.rs/jutarnji.hr | 22. 08. 2015. - 12:10h | Komentara: 0
Tinejdžerka (16) iz Argentine jedva je preživela monstruozan obred egzorcizma - isterivanja đavola!

271116_20120906reutersjaime-saldarriagala-cumbredi003928222_f.jpg


Njeni roditelji su, naime, uz blagoslov sveštanika organizovali njeno grupno silovanje, a potom su joj nožem izvađene oči!

Neimenovan devojka (16) se trenutno bori za život u bolnici nakon što je preživela ovaj monstruozni čin koji je odobrila njena porodica verujući da ju je zaposeo đavo.

Starija sestra napadnute devojke, koja joj je sama nakon brutalnog silovanja oči nožem iskopala, tvrdi da joj je verski centar dao nož i da su joj rekli kako ona lično mora da izvrši nasilni čin kako bi izlečila sestru. Starija sestra je uhapšena.

Zastrašujući zločin dogodio se u gradu Ženeral Pinedo, u severnoj Argentinskoj provinciji Čaco.

Kada je sestra nesrećne tinejdžerke privedena u policiju, rekla je da je žrtva imala “vizije”. Pošto se veruje da se demoni boje bola, ona je misilia da će brutalnošću izlečiti svoju mlađu sestru. Silovana devojka, osim što je oslepljena, teško je povređena i u području genitalija. Policija tvrdi da će uskoro uhapsiti grupu muškaraca koja je učestvovala u ovom varvarskom činu.

Načelnik lokalne policije Pablo Almiron rekao je da su roditelji silovane devojke rekli da je imala “vizije koza” koje nisu stvarno bile na mestima na kojima ih je viđala i da su se zbog toga obratili evangeličkom centru i njihovom svešteniku sa željom da je oni “izleče”.

“Ovo je prvi put u mojoj 22-godišnjoj karijeri da sam imao ovakav slučaj, a i javni tužilac je takođe rekao da nikada do sada nije video ovakav zločin. Vrlo je teško objasniti kako se ovako nešto moglo dogoditi jednoj tinejdžerki”, rekao je načelnik policije Almiron.

http://www.blic.rs/Vesti/Svet/58478...grupno-silovanje-i-vadjenje-ociju-tinejdzerki

http://www.diarionorte.com/article/...poseida-la-joven-a-la-que-extirparon-los-ojos
 
Урнат христијански храм во Албанија – реакции од православниот свет
28.08.2015 | 10:54
Регион
Прочитано: 525

Не стивнуваат реакциите откако пред само некој ден беше урнат православниот храм во Албанија во градот Дерми.

117495.jpg
Под урантините од црквата се уште има остатоци од икони и крстови. Настанот се случил вчера во раните утрински часови.

Загрижените граѓани, но и невладини организации бараат одговор од надлежните која е причината за овој како што го нарекоа вандалски чин.

Образложението на албанските власти беше дека црквата е изградена нелегално, на што остро се спротиставило дел од христијанското население кое живее таму.

Жестока реакција и осуда стигнала и од грчкото МНР од каде ја повикаа Тирана да ги почитува религиозните слободи откако локалните власти ја уништија црквата и потенцираа дека токму ваквите акти се случуваат на Блискиот исток и Сирија.
 
Чудо – течат солзи од иконата на Jеромонахот Арсениј

Jеромонахот Арсениј Бока важи за вистински чудотворец меѓу мештаните од областа Васлуј во Романија. Порталот Православна Молдавија ги пренесува нивните изјави заедно со веста за дека неговиот портрет од манастирот Прислоп „плаче“.

jdiqwiofweiokfowkgokrehg.jpg


Луѓето го сведочат ова чудо и усрдно се молат. Дали се работи за добар или лош „знак“ – мислењата се различни, но повеќето верници веруваат дека светителот плаче поради нашите гревови. Луѓето стојат во ред за да се поклонат на портретот – икона, но не во Прислоп, каде што се упокоил отец Арсениј, туку токму во Пушкаши, каде еден жител купил репродукција на портретот. Иконата ја поставил во капелата пред неговиот дом на Ѓурѓовден, пред распетието Христово. – Ѝ реков на мојата сосетка дека левото око од иконата што ја донесе Клавдиј плаче, дека од него тече солза… Не зборував со никого, затоа што знаев дека нема да ми веруваат – раскажува една мештанка. Друга се надоврзува: „Во моите седумдесет години немам видено вакво нешто.“ Трета, пак, раскажува дека не им верувала на гласините сè додека со свои очи не се уверила. Народот смета дека треба да се оддаде на пост и молитва, дека преку ова чудо Бог им испраќа некаква вест.

„Сега нашиот Отец небесен укажува на тоа дека луѓето станаа лоши“, убеден е еден верник. + + + Отец Арсениј е еден од најпознатите романски духовници на 20 век, близок соработник на отец Думитру Станилое. Неговото прогонство под власта на безбожниот режим започнало од 1945 година. Бил затворен во логорот на каналот „Дунав – Црно Море“, но и во најозогласените затвори – Жилава и Ораѓа. Потоа бил префрлен во манастирот Прислоп, од каде што подоцна бил исфрлен. Останатите 30 години од својот живот ги поминал сликајќи ги црквите низ Романија, под строг надзор од безбедносните служби. На 28 ноември 1989 година многустрадалниот отец Арсениј Му ја предал својата душа на Бога. + + + Некои од изреките на св. маченик Арсениј Бока: Животот ни е од Бог: Со Него живееме, се движиме и постоиме (Дела 17, 28). Односно Бог е извор, заштита, предназначеност на нашиот живот. Ако живееме во согласност со Него, тогаш имаме живот, загарантиран од страна на Бог, а ако не Го следиме и нашиот живот го трошиме на секакви беззаконија и гадости, поради кои и душата и телото ни стануваат опседнати, тогаш Бог – поради нашите гревови – се оттргнува од нашиот живот.

Но Он сепак не се одвојува од нас веднаш после гревовите, туку некое време ја трпи човековата заблуда на Својот помлад син, повикувајќи го на сите можни начини… Мерата на љубовта кон непријателите мора да ја достигнат сите христијани што сакаат да се спасат



http://fox.mk/aktuelno/svet/chudo-techat-solzi-od-ikonata-na-jeromonahot-arsenij/
[DOUBLEPOST=1440848725][/DOUBLEPOST]ЧУДО: И ПЧЕЛИТЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ИКОНИТЕ (ФОТО)

Во регионот Капндрити во близина на Атина, побожниот пчелар Исидорос Тиминис во една од своите кошнички со пчели поставил икона од Распетието Господово.Набрзо после тоа кога ја отворил кошничката бил вчудоневиден. Пчелите покажале голема почит према иконата, тие ја извезле со восок целата икона освен делот каде е прикажано лицето и телото Господово.


ikona2-374x630-178x300.jpg
Отогаш тој секоја пролет во кошничката ги става иконите на Спасителот, Богородица, и Светителите, а резултатот е секогаш ист.

– Еднаш донесов икона на која е насликана голготата со трите крста. Пчелите ја имаа извезено со восок целата површина на иконата, оставајќи јасно да се види крстот на кој е распнат Христос и разбојникот кој што се покајал, насликан од десната страна, додека разбојникот од левата страна беше прекриен со дебел слој на восок, вели Исидорос.

– Последен пат ја оставив иконата на Свети Стефан првомаченик. И како што гледате цела икона је покриена со восок освен лицето и телото на светителот.







http://mkd-news.com/chudo-i-pchelite-gi-pochituvaat-ikonite-foto-2/
[DOUBLEPOST=1440848791][/DOUBLEPOST]ОНИЕ КОИ УСПЕАЛЕ ДА ДОЈДАТ ДО ЕВРОПА СЕ ЕЛИТА. СО ПАРИ И ЦЕЛ
Ахмед од Либија стигна до Србија: Наместо цркви во Европа ќе се гледаат минариња. Тоа ќе биде нашата освета!

http://vecer.mk/balkan/ahmed-od-lib...vi-vo-evropa-kje-se-gledaat-minarinja-toa-kje[DOUBLEPOST=1440848854][/DOUBLEPOST]Тој им е последна надеж: Канадски тајкун ги спасува сексуалните робинки кои ги мачат џихадистите


Жените и девојките, од кои некои имаат едвај 8 години, се слаби и живеат во нехумани услови, навечер се принудени да спијат во кафези.


Од минатата година Исламската држава киднапирала, продала, злоставувала и претворила во сексуални робинки повеќе од илјада ирачки христијанки и јазидки. Еден Канаѓанец дава сè од себе за да ги врати на безбедно. Екстремното насилство започнало кога Исламската држава во јуни 2014. година го освоила Мосул. Од тогаш жените и девојките, во главно христијанки и јазидки, се брутално силувани, мачени и продавани како сексуални робинки по цена од 160 долари.



Ваквата состојба била неприфатлива за канадскиот бизнисмен Стив Маман, кој започнал акција "Ослободување на христијанските и јазидските деца од Ирак", која има за цел да ги врати жртвите кај своите семејства. Маман објаснил дека не може да седи мирно додека жените и девојките, од кои некои имаат по 8 години, да живеат во нехумани услови.



При интервјуто за Russia Today, Маман ги објаснил нехуманите услови со кои се соочуваат киднапираните.




"Се продаваат на пазар на цивили и поединци. Тие поединци и цивили оваа година ги силувале, убивале, им сечеле главите, ги палеле", рекол тој.




Маман вели дека неговата организација, која се финансира од собрани средства и пари од Еврејската заедница на Монтреал, успеала да спаси голем број на жени и девојки.

"Преку нашите групи на теренот, имаме тим кој успеа да воспостави контакти внатре во калифатот, и тие контакти одат кај сопствениците и ги купуваат тие девојки", рекол Маман за RT.




Тој додал дека организацијата преговара за ослободување на жртвите од нивните киднапери на два потенцијални начини: убедување на киднаперите, или исплаќање на сумата која тие ја платиле.

Кога жртвите ќе се најдат на безбедно, Маман вели дека организацијата не се обидува да ги идентификува, имајќи во предвид дека минале низ "незамислив хорор". Додал и дека нивните семејства исто така сакаат да ги чуваат своите деца подалеку од очите на јавноста.
 
Страници од „најстариот Коран“ може од темел да го разнишаат исламот

Делови од најстариот Коран во светот биле откриени и во Бирмингем минатиот месец, а по анализата на нивната старост било утврдено дека најверојатно се постари и од самиот пророк Мухамед, што може целосно да го смени начинот на кој се гледа на раната историја на исламот, тврдат истражувачите.

Страниците, за кои се верува дека се стари меѓу 1.488 и 1.371 година, се најдени меѓу страници на друг Коран, кој потекнува од крајот на 7 век, во библиотеката на Универзитетот во Бирмингем, пренесува Дејли мејл.

Напишани со мастило на парче животинска кожа, овие страници содржат делови од поглавјата меѓу 18-тото и 20-тото и ги напишал некој што можеби го знаел пророкот Мухамед, основачот на исламот.

Научниците врз основа на датирање со јаглерод откриле дека станува збор за најверојатно најстариот примерок од Коранот во светот, што е значајно откритие бидејќи се сметало дека во почетокот Коранот бил усно пренесуван.

Меѓутоа, сега историчарите тврдат дека документот може да е и постар од Мухамед – потекнува од периодот меѓу 568 и 645 година, додека се верува дека Мухамед живеел меѓу 570 и 632 година.

„Ова, најблаго кажано, ја руши идејата дека можеме што било со сигурност да тврдиме за настанувањето на Коранот, а тоа се одразува врз самата историја на исламот, Мухамед и неговите следбеници“, изјавил историчарот Том Холанд, кој работел на истражувањата.

Кут Сол од Бодлијанската библиотека на универзитетот Оксфорд додал дека ова откритие веројатно е доказ дека Мухамед се служел со веќе постојни текстови.

„Мухамед и неговите следбеници најверојатно обликувале постојни текстови да се вклопат во нивните теолошки и политички ставови“, кажал тој за Тајмс.

Сепак, исламските теолози, на чело со Мустафа Шах од Школата за ориентални и африкански студии во Лондон, жестоко ги отфрлаат овие тврдења.

„Ако ништо друго, ракописот ги потврдува традиционалните верувања за потеклото на Коранот“, кажал тој.

Пророкот Мухамед го основал исламот по 610 година, а првата муслиманска заедница била формирана во Медина во 622 година.
Во тоа време Коранот се учел напамет и усно се пренесувал, но калифот Абу Бакир, првиот лидер на муслиманската заедница по смртта на Мухамед, наредил материјалите од Коранот да се соберат во книга. Конечната верзија не била завршена сѐ до 650 година, за време на владеењето на третиот лидер калифот Утман.

Муслиманите веруваат дека Коранот што денес го читаат е истиот текст што Утман го стандардизирал и дека е точна белешката на откровението што Мухамед го примил од Алах.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/stranici-od-najstariot-koran-mozhe-od-temel-da-go-raznishaat-islamot
 
Порака на Вселенскиот Патријарх за новата Црковна Година
и денот за заштита на природната околина

31 август 2015 лето Господово

Вартоломеј, по Божја милост, Архиепископ на Константинопол - Новиот Рим и Вселенски Патријарх.

До полнотата на Црквата, благодат, мир и милост од Творецот, Животодавец и Владетел на сето создание, нашиот Господ и Спасител, Исус Христос.

„Сета твар се обновува од Светиот Дух, враќајќи се пак на првобитното (Степени на I глас)“.

„Благословен Си Ти, Боже, Кој Самиот секојдневно го обновуваш делото на Твоите раце“ (Св. Василиј Велики).

Браќа празникољупци и благословени деца во Господа,

како што секој знае, на иницијатива на Вселенската Патријаршија, а неодамна исто и од Римската Католичка Црква, 1 септември е посветен како ден за молитва за заштита на природната средина. На овој ден ние упатуваме особени молитви до Семоќниот Бог да го зарадува Своето создание, така што човечкиот живот во него да биде радосен и плоден. Оваа молитва ја вклучува секако и молбата за неизбежните климатски промени што треба да се случат, да бидат умерени и подносливи, како за човечкиот опстанок, така и за опстанокот на самата планета.

Како и да е, ние луѓето – било како поедини групи, или колективно – се однесуваме спротивно на оваа наша молба, бидејќи ја потчинуваме природата на таков начин што во климата и средината се случуваат неочекувани и непосакувани промени, кои имаат негативно влијание врз нивното нормално функционирање, со сериозни последици по самиот живот. Збирниот резултат на постапките од извесни поединци, како и на корпоративни и државни активности со цел реформирање на природната средина, така што да може да се обезбедат повеќе ресурси за оние што ја злоупотребуваат, само води кон уништување на созданието, коешто некогаш беше создадено добро од Господа, и така функционираше на еден хармоничен начин.

Сите вие коишто ја сфаќате сериозноста на климатските промени што со секој ден сѐ повеќе се интензивираат за нашата планета, како резултат на човечки дела, подигнете ги вашите гласови за да ја истакнете оваа опасност и поканете го секој да испита што може да се направи „за животот да не се загуби поради лакомост“ (Декларација на ОН).

Затоа, како Вселенски Патријарх со години вложуваме труд да ги известиме верниците на нашата Црква и сите луѓе со добра волја, за страшните последици што произлегуваат од растечката злоупотреба на енергетските ресурси, којашто се заканува да го зголеми глобалното затоплување и го загрози опстанокот на природната средина.

Ние, Православните христијани научивме од црковните Отци да ги ограничуваме и намалуваме своите потреби колку што е тоа можно. Во одговор на стремежот за консумирање или неумерена потрошувачка ние го предлагаме етосот на аскетизам, имено етос на себеограничување само на она што е неопходно. Ова не значи лишување, туку рационално и воздржано консумирање, како и морално осудување на расипништвото. „Така што ако имаме храна и облека со тоа да бидеме задоволни“ (1.Тим. 6, 8), како што нè советува Господовиот Апостол. И после умножувањето на петте леба и заситувањето на 5 илјади луѓе, освен жените и децата, Самиот Христос им нареди на Своите ученици да го соберат останатото „за ништо да не се изгуби“ (Јован 6, 12). За жал современите општества го напуштија применувањето на оваа заповед, се предадоа на расипништво и нерационална злоупотреба за да ги задоволат суетните желби за просперитет. Сепак, таквото однесување мора да се промени со цел создавање на ресурси и енергија на посоодветни начини.

Браќа и сестри, деца во нашиот заеднички Господ и Творец,

човечкиот род го уништи созданието преку лакомство, со фокусирање исклучиво на оваа земја и нејзините земни богатства, коишто ние стремиме постојано да ги зголемуваме, како „безумниот богаташ“ во Евангелската парабола (Лука 12, 13 - 21). Ние го занемаруваме Светиот Дух во Кого живееме, и се движиме, и постоиме. Ова покажува дека одговорот на еколошката криза може успешно да се реши само во Светиот Дух, преку Чијашто благодат нашите човечки напори се благословени и сето создание се обновува, враќајќи се на првобитното, како што било создадено и замислено од Бога – имено, „многу добро“. Ете зошто е огромна одговорноста на човештвото како со-творец на Бога надарен со слободна волја, за било каков соодветно решавање на еколошката криза.

Оваа земја наликува на „огромно купче ѓубре“ (Папа Франциско Лаудато Си, 2015). А нечистотијата наговестува многу повеќе отколку обични материјални нешта; таа претежно вклучува духовни нешта. Тие се нечистотиите што пред сè произлегуваат од страсните помисли на човештвото. Со цврста вера во Пантократорот и Творецот на сето создание, ние, Православните христијани сме повикани да ја исполниме задачата на евангелист и мисионер во врска со заштитата на созданието. Односно ние сме повикани да ја разгориме повторно радосната евангелска вест во современиот свет полн со немири, и да ја разбудиме заспаната духовна природа на човештвото, кое е на најразличен начин и многустрано вознемирено, за да ја пренесеме пораката на надеж, мир и вистинска радост - мирот и радоста во Христа.

Ете зошто ние веруваме и прокламираме од Најсветата Апостолска и Патријаршиска Вселенска Столица и го покануваме секого на трезвен живот, очистување од страсни помисли и себични мотивации, така што да можеме да живееме во хармонија со нашите ближни и со Божјото создание. Најпосле се молиме заедно со Св. Василиј Велики „којшто ја возвеличи природата на нештата“: „Благословен Си Ти, Боже, Кој Самиот секојдневно го обновуваш делото на Твоите раце. Благословен Си Ти, Боже, Кој ја создаде светлината и темнината, и ги раздвои една од друга. Благословен Си Ти, Боже, Кој ги создаде сите нешта и ја направи сенката на смртта со затемнување на денот во ноќ. Благословен Си Ти, Боже, Кој го создаде човечкиот род според Твојот образ и подобие, Кој со светлина го направи денот за работа, а ноќта за одмор на луѓето...“ (Псалтир и молитвеник, манастир Пантократор, Света Гора 2004).

Ова е нашата порака, став, поттик за сите вас: Ајде да стоиме добро; да стоиме со почит пред Божјото создание.

Нека благодатта и неизмерното милосрдие на нашиот Господ, Творецот на сето создание, видливо и невидливо биде со вас и со сиот свет, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

Вартоломеј Константинополски,

огнен молитвеник за сите пред Господа.
http://www.bigorski.org.mk/index.ph...d_pravoslavieto&action=details&record_id=2046
 
ИСПОВЕД НА МИГРАНТ: НАМЕСТО МУХАМЕД, ОТСЕГА ЌЕ СЕ ВИКАМ МАРТИН, А МОЈАТА ЖЕНА...
Со формално одрекување од исламот се надеваат дека порано ќе добијат азил.


Мохамед Али Зоноби ја наведна главата, а свештеникот врз неговата црна коса истури света вода.

AP_8459912944.jpg


– Дали се откажуваш од Сатаната и сите негови дела? – го праша свештеникот Готфрид Мартенс бегалецот од Иран.

– Дали ќе се одделиш од исламот?

– Да – повтори Зоноби.

Свештеникот тогаш ги рашири рацете и го крсти мажот, во името на Отецот, Синот и Светиот Дух”. Мохамед стана Мартин – повеќе не е муслиман, сега е христијанин. Зоноби, столар од иранскиот град Шираз, дојде во Германија со сопругата и двете деца пред пет месеци. Тој е само еден од стотиците, главно Иранци и Авганистанци кои се преобратиле во Епископската црква во Берлин.

Како и Зоноби, повеќето напоменуваат дека го прифатиле христијанството заради цврста вера. Но, она што нема да го признаат гласно е дека оваа одлука им ги зголемува шансите за добивање азил, бидејќи ќе имаат оправдан аргумент дека, ако бидат вратени назад во својата татковина, ќе се соочуваат со прогон, бидејќи тие се христијани. Сепак, за свештеникот мотивацијата не е важна.

– На многумина крштевањето им го менува животот – вели свештеникот кој проценува дека само околу 10 % преобратени не се враќаат во црквата.
– Знам дека луѓето доаѓаат овде, бидејќи се надеваат на азил. Сепак, јас ги повикувам да се приклучат, бидејќи знам дека секој кој доаѓа тука, нема да излезе – вели Мартенс.

Самото крштевање не е доволно за добивање азил и канцеларката Ангела Меркел оваа недела нагласила дека исламот ѝ припаѓа на Германија. Но, во Авганистан и Иран преминувањето во христијанството се казнува со смрт или казна затвор, па малку е веројатно дека Германија ќе ги врати таквите бегалци назад дома. Неколку од крстените во црквата на Мартенс не сакале да ги дадат своите имиња, поради страв дека нешто лошо ќе им се случи на нивните семејства кои останале во татковината.

По тримесечниот “забрзан курс” пасторот Мартенс муслиманите ги крштева, а подоцна дури им помага околу добивање азил. И други цркви низ Германија пријавиле зголемен број на оние Иранци кои преминале во христијанската вера. Нема точен број колку муслимани во изминатите неколку години во Германија го прифатиле христијанството, и тие се малцинство во споредба со четирите милиони муслимани, колку што живеат во Германија. Но, Мартенс преминувањето го опишува како мало чудо.

– На крштевање сега чекаат околу 80 луѓе, претежно мигранти од Иран и неколку Авганистанци, вели Мартенс.

Оваа година барање за азил ќе поднесат, се претпоставува, околу 800.000 луѓе и додека бегалците од Сирија речиси сигурно ќе добијат статус азилант, ситуацијата е посложена за луѓето од Иран и Авганистан, бидејќи ситуацијата во тие земји, особено во Иран, многу повеќе е постабилна. Во последниве години, околу 40-50 % од бегалците успеале да добијат дозвола за престој во Германија, а многу од нив имаат само привремена дозвола.

Зоноби, кој за крштевањето во неделата се облече во бело, рече дека во Иран присуствувал на тајни религиозни церемонии откако неговите пријатели го запознале со Библијата, кога тој имал 18 години. Решил да побегне во Германија, откако неколку од неговите пријатели христијани биле уапсени поради тоа што ја практикувале својата вера. За Зеноби и за неговата сопруга, Афсанех, која со крштевањето го добила името Катарина, крштевањето означува нов почеток.

– Сега сме слободни и можеме да бидеме тоа што сме. Најважно од сѐ, јас сум среќна поради тоа што нашите деца ќе имаат добра иднина во Германија, каде што ќе добијат добро образование – рече Катарина.

http://think.mk/pregled/ispoved-na-migrant-namesto-muhamed-otsega-kje-se-vikam-martin-a-mojata-zhena


 
@kajgana1 Дозволени се вести кои се поврзани со религија на било каков начин пошто гледам дека си ја пријавил веста погоре. Вести за конвертирање од една во друга религија се дозволени. Твојата ја избришав затоа што е постара од 1 недела, а според правилата на темава, секоја вест постара од 1 недела, се смета за оф топик.
 
@kajgana1 Дозволени се вести кои се поврзани со религија на било каков начин пошто гледам дека си ја пријавил веста погоре. Вести за конвертирање од една во друга религија се дозволени. .
Stom se dozvoleni vo red,jas mislam deka imase vesti za konvertiti posebni vesti i zatoa bese mojata zabeleska no nejse.[DOUBLEPOST=1441999001][/DOUBLEPOST]Građani u SAD-u slave odluku da se ne gradi džamija
11 septembar 2015 Izmijenjeno 18:53 CEST
Deseci ljudi ispred Gradske vijećnice u Sterling Heightsu nosili su antiislamske transparente i vrijeđali pripadnike muslimanske zajednice.

Komisija za planiranje u gradu Sterling Heights, u američkoj saveznoj državi Michigan, jednoglasno je odbila prijedlog za izgradnju džamije.

Deseci ljudi slavili su takav ishod glasanja ispred zgrade Gradske vijećnice, noseći antiislamske natpise.

Don Mende, zadužen za gradsko planiranje, navodno je odbio izgradnju rekavši da je projekat prevelik za naselje koje je predloženo.

Svjedoci su rekli da su demonstranti ispred Gradske vijećnice nosili antiislamske transparente.

twitter_status.jpg


Novinar Randy Wimbely izvijestio je da su uzvicima negodovanja ispratili pripadnike muslimanske zajednice kada su izašli iz zgrade.

Michael Taylor, gradonačelnik Sterling Heightsa, objavio je krajem augusta na svom Facebook profilu: "Pojedini kandidati za [Gradsko] vijeće ove godine pokušavaju zaplašiti stanovnike i vlasnike biznisa u Chaldeanu govoreći im da grad ima promuslimansku agendu."

Na Facebook stranici povezanoj sa zajednicom iz Chaldeana kršćanska populacija porijeklom iz Iraka slavila je rezultate glasanja, napisavši "Bog blagoslovio Ameriku".

Izvor: Agencije
 
Средба на верските лидери на Кипар
6732465221kbrslliderlerdininderlerle.jpg

Емитување 10.09.2015 Ажурирање 10.09.2015
AA
vbPrint.png

Во меѓупросторот на Кипар се состанаа лидерите на Кипарската исламска заедница, Кипарско-грчката православна црква Маронитската црква, ерменската православна црква и латино-католичката црква
Продолжуваат напорите кои што се водат за изнаоѓање трајно решение на Кипарскиот проблем.

Двајцата лидери на островот кои ги продолжуваат преговорите за изнаоѓање трајно решение од една страна се состануваат и на социјални настани со што придонесуваат кон позитивната атмосфера.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис овојпат се состана со верските лидери на заедниците на островот.

На средбата што се одржа во меѓупросторот на островот под посредништво на амбасадата на Шведска учествуваа претставниците на верските заедници на Кипар.

Кипарската исламска заедница ја претставуваше претседателот за верски прашања на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Талип Аталај, а Кипарско-грчката православна црква архиепископот Хрисостодомос.

Освен тоа на оваа средба учествуваа функционери и на Маронитската црква, ерменската православна црква и латино-католичката црква.

Притоа од средбата произлезе одлука за целосна поддршка на процесот на преговори на Кипарhttp://www.trt.net.tr/makedonski/регион/2015/09/10/средба-на-верските-лидери-на-кипар-327793
 
Brutalni napadi na muslimane u Londonu
12 septembar 2015 Izmijenjeno 07:48 CEST
Nasilje iz mržnje prema muslimanima od jula prošle do jula ove godine povećano za 70 posto.
muslimanima od jula prošle do jula ove godine u Londonu povećano za 70 posto.

Prepoznatljiva meta

U saopćenju policije se navodi da je na teritoriji Londona u spomenutom periodu od 12 mjeseci zabilježeno 816 napada na muslimane, što je za 70 posto više u odnosu na broj takvih napada u prethodnih 12 mjeseci.

Ističući da su žene muslimanke bile česte mete napada, iz policije navode da se radi o fizičkim i verbalnim napadima na ulicama, kao i o napadima putem interneta.

met-police-uk.jpg

Metropolitan Police objavila mapu napada na muslimane [Met-police.uk]

Provladina organizacija Tell Mama, koja se bavi praćenjem napada na muslimansku populaciju u Velikoj Britaniji, također je saopćila da su žene bile žrtve napada u 60 posto slučajeva.

Iz ove organizacije navode da su žene muslimanke češća meta napada, jer se zbog marama lakše prepoznaju da su muslimanke.
http://balkans.aljazeera.net/vijesti/brutalni-napadi-na-muslimane-u-londonu
Izvor: Al Jazeera[DOUBLEPOST=1442068728][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1442070620][/DOUBLEPOST]VIDEO: Napadnut mitropolit Crnogorske pravoslavne crkve, sve veći sukobi između Srpske i Crnogorske pravoslavne crkve
By Saznajemo -

Sep 7, 2015






Rasprava o Nacrtu zakona o vjerskim zajednicama odgođena je zbog vrijeđanja mitropolita Mihaila.

Zbog vrijeđanja mitropolita Crnogorske pravoslavne crkve Mihaila, odgođena je rasprava o Nacrtu zakona o vjerskim zajednicama, koja je trebala biti održana u Bijelom Polju, na sjeveru Crne Gore.

Dio okupljenih prije početka skupa verbalno je vrijeđao i tražio zabranu obraćanja mitropolita Mihaila.


Crnogorski ministar za ljudska i manjinska prava Suad Numanović pokušao je smiriti situaciju, a zatim je odlučio odgoditi raspravu.

Mitropolija crnogorsko-primorska saopćila je da je Nacrt zakona o slobodi vjeroispovijesti neodrživ i da stvara uznemirenost u javnosti.

Dugogodišnja neslaganja

Neslaganja CPC-a i Srpske pravoslavne crkve traju već godinama.

SPC ne priznaje CPC, koja u isto vrijeme od SPC-a traži povrat imovine, među njima i brojnih manastira.

Predstavnici vjerskih zajednica u Crnoj Gori prvi put su se trebali naći za istim stolom kako bi javno raspravljali o Nacrtu novog zakona, koji treba regulirati odnos države i vjerskih zajednica.

Postojeći zakon je iz 1977. godine.

Javnoj raspravi u Bijelom Polju odazvali su se predstavnici Mitropolije crnogorsko-primorske i eparhija Budimljansko-nikšićke, Zahumsko-hercegovačke i Mileševske.

Više u videosnimku…

Izvor: Al Jazeera i agencije[DOUBLEPOST=1442070686][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Промовиран зборникот „Бигорски Манастир – 20 години возобновено монаштво“
29 август/11 септември 2015 лето Господово
Усекновение на чесната глава на Св. Јован Претеча

Во рамките на вчерашното светло торжество по повод главната манастирска слава – Усекновение на чесната глава на Св. Јован Претеча и Крстител, и прославата на 20-годишниот јубилеј од обновата на општежителното монаштво, после празничната Вечерна богослужба, во манастирскиот двор се одржа свечена културно-уметничка програма во која беше промовиран јубилејниот зборник „Бигорски Манастир – 20 години возобновено монаштво“.

Пред неколку илјадното мноштво верни, среде кое беа присутни и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, претставници од Владата на Р. Македонија, игумени на неколку манастири од нашата земја, игуменијата Таиса и нејзиното сестринство од Клисурскиот Манастир во Р. Бугарија, академици и претставници од научниот, културниот и политичкиот живот во Р. Македонија, свеченоста ја започна нашиот возљубен Старец и игумен, Архимандритот Партениј со своето смиреномудрено поздравно слово:

„Ваше Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски, г. г. Стефан,
Ваши Високопреосвештенства,

Достојнопочитувани службеници во Владата на Р. Македонија

Достојнопочитувани академици, професори, претставници од научната, културната, политичката и јавната сфера во Р. Македонија,

Ваши Екселенции,

Сечесни презвитери и ѓакони, отци игумени и мајки игумении, монаси и монахињи,

Возљубени браќа, сестри и чеда,

Гледајќи го со неизмерно ликување во душата овој торжествен собор, нема што би можел да кажам, освен смирено да ја изразам својата преголема благодарност кон Семилостивиот наш Спасител, Господ Исус Христос, зашто Он погледна на понизноста на слугите Свои и нè удостои нас, последните и најмалите, и по две изминати десетолетија, уште смерно да стоиме во подвигот овде, во ова преславно светилиште на најголемиот меѓу родените од жена (Мт. 11, 11), великиот и Свет Пророк, Претеча и Крстител Господов, Јован.

Кога праотецот на сите верни, старозаветниот Патријарх Авраам, кај Мамврискиот даб му се обратил на Бога со зборовите: Еве, се осмелив да Му проговорам на Господ, иако сум земја и пепел (1 Мојс. 18, 27); кога и големиот и врховен Апостол на народите, Божествениот Павле се нарекол себеси недоносче - недостоен да се нарече Апостол, тогаш што би можел да кажам јас, најнедостојниот, освен да упатам зборови на свештена благодарност кон Бога најзвољубениот? Му благодарам за призивот со кој нè повикал, за благодатта со која нè дарувал, за силите со кои нè укрепил, за искушенијата со кои нè испитал, за падовите со кои нè смирил, за љубовта со која нè милувал. Му благодарам за годините во Негова служба изминати, за делата преку Него и за Него направени... Му благодарам за нашиот многупочитуван Архијереј и духовен пастир на оваа богочувана Епархија, Митрополитот Тимотеј, за неговиот архиерејски благослов и молитви, како и за неговата постојана и несебична поддршка кон нашето монашко братство во изминативе 20 години. Му благодарам на Бога за сите оние што на каков било начин ни помогнале, нè утешиле, нè поддржале, но и за тие што нè повредиле и натажиле. Му благодарам и за сите вас во Христа возљубени, коишто дојдовте денес да ја споделите радоста на нашето монашко семејство.

Навистина се чувствувам себеси за крајно неподготвен и неподобен да зборувам за тоа што значи рамноангелниот монашки живот, па затоа со целото свое срце сакав таа возвишена и благородна, но во исто време и тешка задача, да му ја препуштам на најстариот монах во нашата земја, Неговото Високопреподобие, Архимандритот Нектариј, игуменот на Свештената Обител на Св. Наум Охридскиот Чудотворец. Верувам дека токму по молитвите на Светиот и Рамноапостолен отец наш Наум Охридски, родоначалникот и небесниот покровител на словенското општежително монаштво, нашиот отец Нектариј беше избран и повикан во монашкиот ред во време кога беше многу тешко да се биде дури и Христијанин, а камоли монах, и беше високо издигнат како обелиск и светилник, кој го осветли патот на едно цело поколение монаси и ја одгатна големата тајна на служењето и пожртвуваноста за доброто на својот народ, Црквата и Татковината. Никогаш нема да ги заборавам зборовите што ми кажа тој пред моето заминување на Света Гора, кога двоумејќи се дали да го направам тој чекор, го побарав неговото мислење. Тогаш отец Нектариј ми даде вистински татковски совет: ‘Оди, таму ќе научиш многу, па ќе можеш и други да научиш. Тоа е најдоброто што можеш да го направиш’.

А од вас, возљубени гости, би сакал само смирено да побарам да Го помолите милостивиот Господ да нè удостои до крај да го изодиме патот на добриот подвиг, борбата храбро да ја завршиме и верата да ја запазиме.

Ви благодарам на вниманието“.

Во продолжение следеше говорот на Неговото Високопреподобие, Архимандритот Нектариј, многуценетиот игумен на Манастирот „Свети Наум Охридски“ и драг пријател на нашата Обител, кој со особено монахољубие зборуваше за возвишеноста на монашкиот живот и неговото големо значење за општеството и Татковината.

Нашиот, пак, ценет професор од Православниот богословски факултет, протоѓаконот Ратомир Грозданоски, во својство на промотор, на еден студиозен и прекрасен начин, со длабоко вдахновено слово го промовираше јубилејниот зборник, предавајќи им на присутните низ своите поетски метафори еден навистина суштински предвкус на духовното богатство содржано во зборникот.

Вистинска драгоценост беше и словото на далеку познатиот македонски академик Цветан Грозданов, кој говореше за значењето на Бигорскиот Манастир низ вековите, и за личноста на првиот ктитор Јован Дебарски.

На крајот од оваа свечена промоција, нашиот многупочитуван надлежен архипастир, Митрополитот Тимотеј, од името на Бигорската Обител им го додели одликувањето „Претеча“ на: г-ѓа Валентина Божиновска, проф. д-р Сашо Цветковски, г-ѓа Милка Симоновска и компаниите „Електра комерц“, „Мобил-ел“ и „Техноклима“, како и благодарници на: г-дин Владимир Јовановски, и компаниите „Сашопласт“ и „Симона мебел“, поради нивната несебична помош кон Манастирот во изминативе години.

Свечената програма беше збогатена и со учеството на хорот на Бигорскиот Манастир, како и со настапот на гудачки квартет од Македонската филхармонија, кој во чест на воскреснатото општежително монаштво после безбожното комунистичко време, како и во чест на воскреснатото Бигорско Светилиште после пожарот од 2009 г., го отсвири победниот тропар на Воскресението Христово.




















http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=2058
 
(ВИДЕО+18) Феминистки упаднаа на контраверзна исламска конференција



Активистки од организацијата Фемен се качија на бината и прекинаа исламска конференција во Париз.

На конференцијата фундаменталистички свештеници држеле предавања на тема ,, Дали сопругите треба да се тепаат или не?

Активистките на своите тела имале испишано „Никој не ме потчинува“ и „Јас сум својот пророк“.

На видеоснимката се гледа како група мажи со насилни удари ги туркаат жените од бината, а во позадина се слуша како еден маж вика „убијте ги“.


По инцидентот во кој активистките се здобиле со полесни повреди, тие се уапсени.

Истовремено стотици приврзаници на екстремниот ислам повикале на каменување и колективно силување на активистките на Фемен.

Инаку, за оваа контраверзна конференција повеќе од 6 000 луѓе потпишаа петиција да се забрани.

http://faktor.mk/2015/09/14/video-18-feministki-upadnaa-na-kontraverzna-islamska-konferentsija/

http://www.telegraf.mk/aktuelno/sve...limanska-konferencija-zavrsija-so-kotek-video

А само што рекоа дека жена не треба да се тепа. :tapp:

[DOUBLEPOST=1442263172][/DOUBLEPOST]Лидерот на Ал Каеда ги повика муслиманите да ги нападнат западните земји


Ајман Ал Завахири, лидерот на Ал Каеда ги повика сите муслимани да извршат напади на западните земји, посебно САД.


Во видео записот за кој се верува дека е направен пред два месеци, а кој на интернет се појави во неделата, Ал Завахири ги повикува муслиманите да земат пример од бомбашот Царнаев кој постави бомби на бостонскиот маратон.



„Ги повикувам сите муслимани кои можат да им наштетат на крстоносните коалиции да не се двоумат. Мораме да се фокусираме на преместување на воените операции во нивните домови и градовите на западните крстоносци, посебно САД“, порача Ал Завахири.


http://tocka.com.mk/1/170471/lidero...ka-muslimanite-da-gi-napadnat-zapadnite-zemji
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom