Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Острог: Карпа се сруши врз група верници

25.08.2013 - 12:57:09

Три жени се полесно повредени откако се одронила голема карпа на платото пред горниот манастир под Острог.

Директорот на болницата во Никшиќ потврдил дека три жени се хоспитализирани вчера по 18 часот со полесни повреди, но откако им била укажана лекарска помош тие биле пуштени на домашно лекување.

Големата карпа паднала на платото во моментот кога таму имало голем број верници. Карпата од падот се поделила на три големи дела, а остатоците биле отстранети со багер.


Црногорско-приморската митрополија најавила соопштение по повод несреќата, а нејзиниот протереј Велибор Џомиќ соопштил дека управата на манастирот Острог, заедно со аплипинистите редовно го одржуваат просторот над манастирот за да се спречат поголеми одрони.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=136175&kategorija=5
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:24 ---
25/08/2013 - 13:33
Ограбена џамија сред бел ден

Крадците со себе го однеле сефот, за кој не се знае колку пари чувал


Непознати сторители вчера околу 11:40 часот насилно ја отвориле влезната врата на скопската џамија Султан Мурат и извршиле тешка кражба.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите, кои со себе го собрале сефот со неутврдена сума пари.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/29576-ograbena-dzamija-sred-bel-den
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:35 ---
ЛИБАН
Страотен момент кога верници бегаат од џамија во која експлодира бомба (ВИДЕО)
За време на петочната молитва во две џамии во Триполи експлодираа бомби, при што загинале 42 лица, додека либанскиот Црвен крст јавува дека се повредени повеќе од 500 луѓе. На вознемирувачката снимка од локалната телевизија се гледа силната експлозија и како се крева магла од прашината во преполната џамија Ал-Салам во моментот кога завршува молитвата, во градот во кој доминираат сунитските муслимани.
По овие два очигледно координирани напади, најголеми и најкрвави во Триполи од завршувањето на граѓанската војна во Либан, најверојатно ќе се засилат секташките напади, кои се прелеаја од соседна Сирија.
Првата експлозија се случила во џамијата Таква, во која се моли тврдото крило на сунитските исламисти и во која, според првичните извештаи, загинале најмалку 14 лица. Втората експлозија се случила пред џамијата Ал Салам, кога бил разнесен автомобил со 100 килограми експлозив.
Кога почнале да се зголемуваат тензиите во Триполи, либанските официјални лица повикале на смиреност и воздржаност.
Поранешниот шеф на внатрешната безбедност Ашраф Рифи, чија куќа исто така била оштетена во втората експлозија, предупредил дека Либан се соочува со растечки бран насилство.
Хезболах издал соопштение во кое ги осудува експлозиите, изразува солидарност со жртвите и вели дека тие биле цел на обидите за поттикнување поголемо насилство во Либан.
Ројтерс јавува дека кратерот од експлозијата бил четири метри широк и 2,5 метри длабок, додека подот на џамијата бил покриен со крв.
Во близина на џамијата Таква разбеснети мажи излетале на улица носејќи калашникови и пукале во воздухот, додека некои ги гаѓале либанските војници што стоеле недалеку од нив.
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:38 ---
Флорида: Оџа помагал терористички напади

Објавено: 11:08, 24/08/2013
Седумдесет и осумгодишниот имам Хафиз Кан, од Флорида е осуден на 25 години затворска казна, бидејќи донирал неколку десетици илјади долари на пакистанските талибанци, кои парите ги употребиле за терористички напади.
Во текот на доказната постапка е утврдено дека Кан за три години испратил околу 50.000 долари во Пакистан, а парите се употребени за финансирање напади на американски и пакистански мети.
Кан кој бил имам во џамија во Мајами, тврди дека парите им биле наменети на семејството, пријателите и верското училиште кое што тој го основал.
http://a1on.mk/wordpress/archives/195857--- надополнето: 25 август 2013 во 14:41 ---
Внимавајте: Папата се јавува кога најмалку очекувате

прочитано 784 пати

24-08-2013 12:05:17

Оние кои му се обратиле на римокатоличкиот поглавар, нека бидат претпазливи бидејќи папа Франсис би можел да им одговори или да им се јави преку телефон, стои во статијата на италијанскиот весник „Koriere dela Sera“.

Римокатоличкиот поглавар папа Франсис веќе го воодушеви светот, со својата едноставност, лежерен стил и смисла за хумор, а многу лица добија неочекуван телфонски повик од папата, откако му пишале или пак преживеале некоја лична трагедија.
По еден таков втор случаен телефонски повик од папата, водечкиот медиум понуди патокази за оние кои ќе ја имаат таа среќа да им се јави папата, па им порача на читателите да бидат подготвени доколку им заѕвони домашниот телефон.
Седумдесет и шестгодишниот папа, лично го избира бројот и телефонира на старомоден начин, користејќи ги домашните броеви,поради што често знае да ги изненади своите соговорници.
Откако дојде на чело на Ватикан, телефонски ги повика весниците во Буенос Аирес и ја откажа претплатата, како и својот чевлар за да му каже да не изработува црвени папски мокасини, туку да продолжи да ги прави за него вообичаените црни ортопедски чевли.
Бепе Северњини колумнист во „Коriere dela Sera“, во својот текст им порача на оние на кои што ќе им се јави папата, да го сослушаат па потоа да разговараат.
- Бидете природни. Избегнувајте незгодни теми, како политиката или скандалот. Секогаш прашајте како е неговиот претходник Бенедикт. Тоа ќе го усреќи – стои во статијата на Северњини.
http://libertas.mk/внимавајте-папата-се-јавува-кога-најм/
--- надополнето: 25 август 2013 во 14:46 ---
Датум: 23.08.2013, 17:58

ТЕЖОK ИНЦИДЕНТ НА ЈУГОТ ОД АЛБАНИЈА
ЦРКВА ГИ СКАРА ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА

Откако градоначалникот на Пермет, јужна Албанија, испрати обезбедување за да ја испразни локалната православна црква за да може таа да се врати во сопственост на општината, тензии се појавија не само на општинско, туку и на меѓудржавно ниво. Недоразбирањата беа повод за вчерашната средба меѓу градоначалникот на Пермет, Гилберто Јаче, и грчкиот конзул во Ѓирокастро, Николас Kотрокои. На средбата Јаче истакна дека немирите што беа предизвикани поради земањето на црквата се неприфатливи, а грчкиот конзул истакна дека црквата е независна институција, која сама донесува одлуки, пренесе „Шекули“.

-Автокефалната албанска црква не зависи од никој. Нејзините одлуки треба да се почитуваат. Грција е единствената земја што ја поддржа Албанија во процесот на евроинтегрирање и ќе продолжиме. Ние сме два пријателски народа, сме биле и ќе бидеме за зајакнување на меѓуетничките, меѓуверските и регионалните односи - истакна грчкиот конзул по средбата.


http://dnevnik.mk/?ItemID=790E1784DCD95640A836AFC0164DE169
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

Деца убијци: Се појавиле снимки од деца кои учат да убиваа

http://tocka.com.mk/1/103594/deca-ubijci-se-pojavile-snimki-od-deca-koi-ucat-da-ubivaat


Снимките биле направени во камп во Вазирстан, а на интернет ги објавила Ал Каеда.

Едно мало момче се смее додека постар маж му помага да нишани во мета со полуавтоматски пиштол. Оваа снимка ги прикажува првите чекори авганистанските деца кон тероризмот, а на интернет била поставена од Ал Каеда.
Исто така, на снимката е прикажана жена како нишани со минофрлач кон автомобил.

Во кампот на теророт, сместен во север Вазирстан во близина на пакистанско-авганистанската граница, талибанците тренираат деца помлади од пет година, за да станат нова генерација на терористи.
Децата седат како во училиште и внимателно ги слушаат предавањата. Со тешка мака ги креваат смртоносните пушки и пукаат, при што нивните тела се одбиваат и паѓаат на подот.

Други пак работат со пиштоли додека терористите им ја полнат главата со омраза и ги мотивираат за џихад против западот и самоубиствени напади.

Многу од нив се сираци, а нивните татковци ги изгубиле своите животи во светата војна. Сега тие се на ред да тргнат по нивните чекори.


--- надополнето: 26 август 2013 во 17:53 ---
Сириски џихадисти се заканија со одмазда по нападите со хемиско оружје

Објавено: 14:58, 25/08/2013
Поврзаниот со Ал Каеда фронт џихадисти Ан Нусра, кој се бори против сирискиот режим, изјави дека ќе изврши напад на села на Алавити, верска заедница на која припаѓа и Башар ал Асад, како одмазда за нападите со хемиско оружје извршени во средата во близина на Дамаск.

- Алавитските села ќе ја платат цената за секоја ракета со хемиско оружје, падната врз наши блиски во Дамаск, изјави лидерот на Ан Нусра, Абу Мохамад ал Џулани.
http://a1on.mk/wordpress/archives/196259
--- надополнето: 26 август 2013 во 17:55 ---
Папата вознемирен од ужасните сцени во Сирија

25.08.2013 - 14:20:53

Папата Франциско изјавил дека го вознемириле „ужасните сцени“ од злосторствата во Сирија и ја повикал меѓународната заедница да вложи напори кои ќе овозможат ставање крај на граѓанската војна во таа земја.

Обраќајќи се пред илјадниците верници собрани на плоштадот Свети Петар, папата рекол дека сириските сили за безбедност и бунтовничките сили мора да го положат оружјето.


Тој повторно повикал на дијалог во Сирија, во време кога, САД разгледуваат можности за воен одговор на наводната употреба на хемиско оружје во нападите на предградието на Дамаск.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=136186&kategorija=6
 

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
doba vodolija
veke covestvoto poleka zacekoruva vo nova era , doba vodolija, koj spored nju ejzd veruvanata e doba na mirot i lubovta ,spored veruvaneto na hilijistite toa e1 000 godisno carstvo hristovo na zemjata
no sto vsusnost e toa
spored nekoi
doba vodolija zapocnala uste vo 1965 godina jungova teorij, taka sto doba vodolija
ni donela televizija ,televoni.....
togas i americkata prorocica dzin dikson pretskazala deka antihristot ke se rodi 1965 godina
a svetiot jovan sangajski imal videnie od boga deka taa nok 1965 godina koga proplakala ikona na majka bogorodicka se rodilo najgolemoto zlo, antihristot.
sekoi 2250 godini imame nova doba astroloska sto go opisuva toa vreme vo koja sto doba pripagame
poln krug okolu site sozvezdijata precesija go pravi za 27000 i vo toj krug se smenuvaat site 12 astroloski znakovi . Da se vratime nazad i da ja spomneme poslednata astroloska doba
13060-do 10900 ppred nasa era bila doba devica koja se vrzuva za uspeh na atlantida , isto taka ovaa doba e povrzana i so naseluvane na amerika
doba lav od 10900 p n e do 8740 p n e za zlatno vreme na atlantida triumf obozuvanje sonce i vladeeneto na atlantida
doba rak od 8740 p n e do 6580 p ne se vrzuva za krajot na atlantida ito taka so golemiot potop
doba bliznaci od 6580 p n e do 4420 p ne ovaa doba se vrzuva za nomadite , za vavilonskata kula.....
doba bik od 4420 p n e do 2260 p n e kade dominiralo zatno tele egipetska civilizacija , mesopotamska , kako i hundi religija
doba oven od 2260 pne do 100 p n e
se vrzuva se osvojuvane na rim ratovi na bliski istok , mojseji i stariot zavet...
od 100 p n e do 2060 nasa era e doba riba
se vrzuva za hristijanstvoto kade apostlote se ribari , isusa nahranuva so ribi
dvete ribi go pretstavuvaat prvoto i vtoroto hristovo doagane
... potoa krsstonosni ratovi tajni i skrieni raboti , masoni .... muhamedanstvo i islamot....
od 2060 od nasa era do 4210 nasa era doba vodolija
spored nekoi kako jung sto velel deka dobata vodolija pocnala vo 1965 no
kako i da e potpolno vleguvane vo nova doba ili vodolija e vo 2060 godina vo ovaa doba religiite nema da postojat da go delat narodot, iako i ovaa doba ke ima negativni strani saturn ke dominira , sepak ke ima i dobri
vo doba vodolija ke dominira tehnologijata k ade sto lugeto ke stanat i roboti . plateznite sredstva ke
kumunikacijata ke bide golema povrzanost megu celiot svet , granici ke izbrisat i lugeto ke ziveat vo edna drzava, carstvo, lugeto ke bidata podeleni na bogati i siromasni , no sepak iako verata ke bide na nisko nivo ke ima i takvi koi ke go podignat svojot pravedne glas i da se sprotistavat na seto zlo kade sto i samiot bog ke se vrati.
prodolzuva....
 
M

Muranyi

Гостин

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
"OPSTINA VINICA"
Храмот Св. “Јоаким Осоговски“ со својата прегледна локација, убавината која ја нуди од сите можни страни, широкиот тревник и заложбите на црковниот одбор и луѓето од месната заедница, последните неколку години го презема приматот на најпосетувано црковно место во Источна Македонија. Не само верниците , туку и туристите го ставаат во своите дестинации кога доаѓаат накај истокот.
Околу 3000 луѓе се собраа да го одбележат рамото на Црквата, да го вкусат ручекот ,...
- Подготвуваме јагнешко со ориз, околу 30 котли за верниците од цел источен регион и пошироко, секоја година расте бројот на котлите, истакна Мара Димитрова , верник од с.Истибања.
Храмот св. Јоаким Осоговски е граден во периодот 1993 -2000 година , а е осветен 2001 година на Ѓурѓовден, Св. Јоаким Осоговски е патрон на селото , но и на црквата. Свештените лица годишно реализираат по 15 венчавки и 20 крштевки .
Престижот на овој храм е просторот за седенки, муабети, но и за убаво македонско оро. Како главен адут на селото, црковниот одбор континуирано го надградува во рамките на расположивите средства и донациите од верниците“Св. Јоаким Осоговски“, магнет за верниците од истокот (13 foto)


Mi piace · · Condividi · 4 · 7 minuti fa ·
 
Член од
5 август 2011
Мислења
278
Поени од реакции
121
Што е финтава со црквава во Октиси?
Има некој инфо од прва рака?
Некој од октиси во пп може да ми пише
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Новинарка била силувана и тепана 460 дена во Сомалија!
02.09.2013 | 15:23
Извор: Точка


Канадската репортерка е киднапирана заедно со колегата и тогашното момче само три дена откако пристигнала во Сомалија. За 15 месеци преживеала секојдневни брутални силувања, претепување и изгладнување.

Аманда Линдхаут (24), канадска новинарска која заминала да известува од Сомалија, во оваа земја преживеала пекол: била киднапирана заедно со своето момче, групно силувана и неколку пати тепана секој ден во текот на 15 месеци. Медиумите пренесуваат дека во текот на овие тортури добила и син.
Линдхаут, која најпрво била келнерка, го убедила своето момче, фотографот Најџел Бренан во 2008 година да заминат на авантура во Сомалија, од каде ќе известуваат за медиумите. Меѓутоа, тие се киднапирани три дена после влезот во земјата, а киднапирањето најверојатно им го организирал човекот кој требало да им помогне да се сместат во оваа држава.
Тортурата која ја преживеала, а траела цели 460 дена, оваа новинарка ја опишала во своите мемоари „Куќа на небото“.
Аманда и Најџел се киднапирани во текот на посетата на еден бегалски камп, а за нивниот откуп киднаперите барале три милиони евра. Аманда веднаш ја одвеле во одвоена просторија, каде брутално ја силувале. За тоа време нејзиното момче било беспомошно додека низ тенките ѕидови слушал како е злоставувана неговата девојка. После овој ужасен чин на Линдхаут на главата и’ приклониле цевка од пушка и играле „руски рулет“.
Таа добила сериозна габична инфекција на лицето, а и отпаднале и ноктите на нозете и косата.
Мислејќи дека малтретирањето ќе престане, двајцата новинари преминале во исламот. Меѓутоа, после сто ноќи мачење Аманда ја одвеле во пустината, каде ја натерале да клечи со нож под грлото. Тогаш и’ било речено да ја побара мајка и’ и да побара милион долари за откуп.
„Плачев во прашината како рането животно кое не умее да зборува“ – напишала Линдхаут во својата книга.
Аманда и Најџел набргу одлучиле да побегнат скокајќи низ прозорецот на бањата и врескајќи истрчале до локалната џамија, барајќи помош. Меѓутоа, преплашените жители не можеле да им помогнат поради киднаперите кои вооружени со пушки трчале по нив. Грабнувачите ги фатиле и ги одвеле во друга куќа, во соба без прозорец преполна со глувци. Ги тепале со пиштоли и ги оковале за да немаат никакви шанси да побегнат.

„Има документи дека Аманда родила момче кое се вика Осама додека била во заробеништво, но таа никогаш не зборува за тоа. Само рече дека преживеала ужаси за кои не може да се зборува“ – пренесува Вашингтон Пост.
Најпосле, во ноември 2009 година нивните семејства собрале илјадници долари и ги преколнувале киднаперите да ги земат тие пари и да ги пуштат нивните најмили. После 460 дена пекол, двајцата биле конечно ослободени.
Најџел и Аманда веќе не зборуваат еден со друг.


http://tocka.com.mk/1/104104/novinarka-bila-siluvana-i-tepana-460-dena-vo-somalija
--- надополнето: 3 септември 2013 во 00:43 ---
Силувал и јадел жени: Кастриран и убиен лидерот на секта, наречен "Црн Исус"

02.09.2013 | 13:15

Стивен Тари, осуден силувач и осомничен за канибализам, бил убиен минатата седмица во една село. Тој бил исечен со мачета по рацете и нозете, градите и стомакот.

Гневна група на луѓе од Папуа Нова Гвинеја, со мачета го убила и кастрирала озлогласениот лидер на еден култ, кој бил нарекуван "Црн Исус", затоа што убивал девојки за да ги принесе како жртви, пишуваат локалните весници.

Стивен Тари, осуден силувач и осомничен за канибализам, бил убиен минатата седмица во една село, а сега на виделина излегле и страшните детали од неговото убиство.
Весникот "Национал" пишува дека Тари, кој во март избегал од затворот во Маганга, на истокот на земјата, со уште 48 затвореници, бил бркан и фатен од 80 мажи.
Тие го убиле, кастрирале и со стап го влечеле до една плитка јама, каде што го фрлиле неговото тело.
Полицијата го пронашла телото, а лекарот од болницата "Модилон", Јуит Гави, изјавил дека имал повеќе убоди по целото тело.
"Тој бил исечен со мачета по рацете и нозете, градите и стомакот. Бил и кастриран", тврди Гави.
Тари, кој бил наречен "Црниот Исус", во 2010-тата година бил осуден на 10 години затвор заради силување на девојки кои припаѓале на неговата секта, наведува AFP.



Во времето на тие злосторства имал илјадници следбеници и вооружени војници кои го обезбедувале. Тој проповедал дека девојките мора да се "омажат" за него затоа што тоа е Божја заповед.
"Национал" пишува дека на жителите на селото во кое се криел, им здодеало од неговите верувања и ритуали кои подразбирале "убивање и жртвување на млади девојки".
Еден член на локалната полиција изјавил дека Тари и неговите следбеници ја жртвувале 15-годишната Роуз Вагум. Таа била пронајдена избодена со нож и наводно искрварила до смрт.
Тие се обиделе да жртвуваат и една 14-годишна девојка, но во тоа ги спречила групата луѓе кои го убиле Тари.
"Национал" пишува дека тетката на Роуз Вагум била "десна рака" на Тари, за која се знаело дека наоѓала девици за него. Од полицијата тврдат дека најмалку уште една девојка е исчезната.
"Тари е мртов, а сектата умира со него. Веднаш престанете со ова. Доколку уште еднаш слушнам за оваа секта, ќе си заминеме со моите луѓе", изјавил членот на полицијата.
Кога Тари бил уапсен во 2007-та година, се мислело дека неговата секта практикува и канибализам заедно со ритуалите за жртвување, но полицијата го обвинила само за силување.


http://tocka.com.mk/1/104076/siluval-i-jadel-zeni-kastriran-i-ubien-liderot-na-sekta-narecen-crn-isus
--- надополнето: 3 септември 2013 во 00:44 ---
Папа Франсис прекрши едно од правило

Објавено: 16:49, 02/09/2013
Поглаварот на Римокатоличката црква папа Франсис, ја наведна главата пред сопругата на јорданскиот крал Абдулах II и прекрши уште едно ватиканско правило.

Папата и се поклонил на кралицата, но не и на кралот во текот на нивната посета на Ватикан и претстојот во папската библиотека.
-Франсис се однесува како во времето кога не беше на оваа функција, така што протоколите не го интересираат -изјави официјално лице од Ватикан.
Според традицијата и ватиканските протоколи, кралот и кралицата требало да му се поклонат на папа Франсис.


http://a1on.mk/wordpress/archives/199117
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
христијанската секта „12 племиња“ одзеде 40 деца, за кои се тврди дека се злоставувани и физички малтретирани.

Вкупно 28 деца полицијата одведе од еден манастир од првата и дванаесет од втората локација во Верница, по што ги предаде на хранителски семејства.

Повикувајќи се на германските агенции, „Франс прес“, пишува дека локалните официјални лица изјавиле дека рацијата во која што учествувале повеќе од стотина полицајци е изведена по новите докази кои укажуват дека членовите на сектата во голема мерка и континуирано ги злоставувале децата.

Оваа христијанска група, која што себе си се дефинира како Духовно богатство, од порано има проблеми со власта, поради тоа што нејзините членови одбиваат да ги испраќаат нивните деца во државните училишта.

Според изјавите на очевидци, во текот на полициската акција членовите не давале отпор, туку само ги отфрлале обвиненијата.

-Ние сме отворена и транспарентна заедница, која што не толерира никаков облик на злоставување на децата. Нашите деца се воспитани во духот на милосрдието, се наведува во соопштението на сектата која што е основана во САД.

Елена Георгиевска
 
M

Muranyi

Гостин
Започната е операција за масовно истребување на Христијаните од страна на исламистичкиот отпадок,во Малулу,Сирија,едно од последните места каде што се говори на арамејски и каде Христијаните и Муслиманите живееле во мир и слога со векови.
http://www.advance.hr/vijesti/ovo-mora-biti-crvena-linija-za-civilizirani-svijet-krscanska-europa-od-ovoga-ne-smije-okrenuti-glavu-al-nusra-front-pokrenuli-opci-napad-na-maaloulu-jedno-od-zadnjih-mjesta-na-svijetu-gdje-se-govori-aramejskim-jezikom-jezikom-isusa-krista/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Датум: 06.09.2013, 15:52
ИМА ЛИ ХРИСТИЈАНСКИОТ СВЕТ „ЦРВЕНА ЛИНИЈА“ ЗА СИРИЈА?
ИСЛАМИСТИТЕ НАПАДНАА ГРАТЧЕ ВО КОЕ СЕ ЗБОРУВА ЈАЗИКОТ НА ИСУС

Исламистичките екстремисти од фронтот Ал-нусра од вчера го држат под опсада малото сириско гратче Малула, на 60 км североисточно од Дамаск, во кое живеат околу 2.000 луѓе од разни вероисповеди, главно христијани. Во Малула се наоѓаат некои од најстарите христијански реликвии, а гратчето претставува важно место за аџилак на христијаните зашто е едно од последните места во светот во кое луѓето с` уште збобруваат арамејски, јазикот на кој, како што се верува, зборувал и Исус и на кој се изговорени зборовите од Новиот завет. Малула е симбол на соживотот и толеранцијата меѓу христијанската заедница и сунитските муслимани и на она што Сирија беше пред конфликтот, пишува британски „Телеграф“.

- Тие влегоа на главниот плоштад и ја искршија статуата на Богородица, а гратчето го гранатираат од блиските планини. Веќе ги уништуваат вредните икони и ги повикуваат христијаните да прејдат на ислам, зашто во спротивно… Две гранати го погодија и манастирот „Света Текла“ - изјавил еден од преплашените жители на гратчето.
Екстремистите го држат гратчето под опсада, а христијанските цркви се под силен артилериски оган, а храмот на свети Илија бил запален и зградата претрпела значителна материјална штета. Ако наскоро не се преземе нешто, светот во 21 век ќе биде сведок на исчезнувањето на една култура и цивилизација во малото сириско гратче кои траеле преку 1.000 години.
Муслиманското население од гратчето и од околината уште од понеделникот ги предупредило христијаните дека нападот е неизбежен и апелирало да се обидат да се спасат зашто ако им паднат живи в раце, екстремистите нема да имаат никаква милост кон нив, пренесуваат ватикански извори.
Политичарите на Запад очигледно не се заинтересирани за судбината на христијанската заедница во Малула, на која ~ се заканува уништување, па на тие луѓе им преостана единствено молитвата и надежта дека ќе се случи чудо што ќе ги спаси од геноцид.
Предупредувањата за можниот геноцид врз христијаните и за уништување на ова христијанско катче ги вознемирија и папата Франческо и големиот муфтија од Дамаск, Ахмад Бадредин Хасу, како и останатите верски авторитети, кои денес во Ватикан ќе му се придружат на молитвеното бдеење за спас на Сирија, за спречување на насилствата, но и на најавената воена интервенција во земјата.
#
http://dnevnik.mk/?ItemID=A40399E15316EC4095B8104E57D35BBC
--- надополнето: 7 септември 2013 во 12:08 ---
Датум: 06.09.2013, 15:54
АЛБАНИЈА, СИРИЈА И ЕГИПЕТ ИМ ЈА НАРУШУВААТ СЛОБОДАТА НА ХРИСТИЈАНИТЕ
Европската народна партија (ЕПП), најбројна група во ЕП, вчера во Брисел усвои Резолуција со која ги осуди Албанија, Сирија и Египет за нарушување на слободата на вера и обожавање. На собранието на ЕПП, оваа демохристијанска партија ја стави Албанија во ист кош со Сирија и Египет, поради, како што е наведено во Резолуцијата - инцидентите со екстремистичко насилство кон христијанските цркви, како места на поклонение.

Во вчера усвоената резолуција во ЕП се бара целосно почитување на слободата на вера, религија и верување како фундаментално и универзално човеково право и суштински дел од демократијата, што се наведува дека е предуслов во аспирацијата за интеграција во ЕУ.
- Ги осудуваме сите акти на насилство, при што цел се религиозните малцинства и заедници во земјите како Сирија, Египет и Албанија. Силно ги осудуваме екстремистичките акти против православните христијани во Премети (Албанија), нејзините свештеници и имот, како акт на екстремизам против. Со резолуцијата се бара од властите во Албанија, Сирија и Египет да ги одвратат сите дискриминаторски акти кон религиозните групи да обезбедат еднакво достоинство за сите граѓани на овие три земји. ЕПП повика и на почитување и заштита на сите имоти во сопственост на религиозните заедници, како црквите, добротворните установи и верските училишта.

http://dnevnik.mk/?ItemID=232E080F191261469BB556464EE69B54
--- надополнето: 7 септември 2013 во 12:13 ---
Шокантна снимка од бруталноста на бунтовници во Сирија

Објавено: 11:18, 06/09/2013 Прегледано: 2237 пати.



5

„Њујорк тајмс“ објави шокантна фотографија и видео запис за бруталноста на сириските бунтовници.
На снимката се гледа како командант на бунтовничка група, пука во главата на првиот војник, по што и останатите шест војника се убиени.

Како што се наведува „Б 92“, агенцијата до овој видео запис дошла преку еден поранешен бунтовник, кој пред неколку дена успеал да го изнесе од државата.
-Снимката дава увид на мрачната страна, како некои бунтовници, ги прифатиле истите брутални и немилосрдни методи, кои што ги користи и режимот кој што се обидуваат да го урнат, пишува американската агенција.
Според неа опозицијата во граѓанската војна која што трае повеќе од две години, создала „слаба командна структура“, која се потпира на помошта од неколкуте арапски држави, а во помала мерка и на Запад.
-Другиот дел од опозицијата отворено се приврзаници на Ал Каеда, се додава во текстот и се наведува дека на тој начин се зголемува и опасноста дека американската војска ќе ги зајакне исламските екстремисти и криминалци во Сирија.
Државниот секретар Џон Кери во своето обрањање до сенатскиот комитет рече дека меѓу 100 илјади опозиционери, околу 15 до 20 проценти се екстремисти.
Агенцијата ги наведе и зборовите на тексашкиот конгресмен Мајкл Мекола, кој рече дека на безбедносните брифинзи, дошле до сознание дека половина од бунтовниците се екстремно исламски настроени.
Американските официјални лица се загрижени поради двете групи, Нусра Фронт и Исламска држава во Ирак, за кои што се знае дека се блиски со Ал Каеда.

Тие привлекуваат странски џихад војници, користат техники на терористи и во Сирија сакаат да создадат општество кое би се потпирало само на исламското право. http://a1on.mk/wordpress/archives/200962
--- надополнето: 7 септември 2013 во 12:16 ---
Во Босна се вратиле околу 50 џихадисти
Повеќе од 50 борци, кои последниве месеци биле во воените зони, главно во Сирија, меѓу кои има и дваесетина ранети, се вратиле во БиХ, додека речиси истовремено во џихад отишле околу 70 нови борци, пренесува Блиц.
Прецизна евиденција на тие што заминале во војна, како и на тие што се вратиле, нема ниедна надлежна служба во БиХ, а упатените тврдат дека тие се потполно фанатизирани и дека претставуваат опасност не само за БиХ, туку и за целиот регион.
Како што изјавил за „Глас Српске“ извор близок до службите за проверка на тие што во БиХ ангажираат борци за светските боишта, џихадистите од БиХ во воените зони остануваат најчесто од три до шест месеци.
„Тогаш, или ја преземаат командата или се враќаат во БиХ. Во последниве девет месеци во БиХ во неколку групи се вратиле вкупно 52 борци. Истовремено, во тој период, како нивна замена, на боиштето во Сирија од БиХ отишле околу 70 нови борци“, рекол тој.
Изворот додава дека во моментов во Хаџиќи има пет борци-повратници од Сирија, во Мостар и во Горња Маоча по четворица, во Травник и во Тешња по тројца, во Бугојно и во Ошве по двајца.
Тие сега се потполно фанатизирани и претставуваат голема опасност, не само за БиХ, туку и за регионот. Некои стануваат службени инструктори на Ал каеда. Други преку своите предавања, во кои емотивно се повикуваат на „својата сириска солза“, „сириските насмеани шехиди“, шират верски фанатизам, опишал тој.

--- надополнето: 7 септември 2013 во 12:30 ---
Римскиот папа му напиша писмо на Путин околу Сирија
0:29 7 септември 2013 Руска реч на македонски
Римскиот папа Франциско му напиша на Путин писмо околу ситуацијата во Сирија, во кое го повикува претседателот на Русија и понатаму да се бори за мирно разрешување на конфликтот. Освен тоа, папата военото решение на проблемот го нарече „залудно и јалово“.
„Лидерите на Г-20 не можат да останат рамнодушни кон драматичната состојба во која се наоѓа сирискиот народ и кој би можел да продолжи да пати во регионот богат со судири, регион на кој очајно му треба мир“, напиша папата. Тој апелираше на земјите на Г-20 да ги надминат своите несогласувања, да ги прекинат разгледуваните планови за интервенција и да се обидат на мирен начин да го разрешат сирискиот конфликт
http://ruskarec.mk/news/2013/09/07/rimskiot_papa_mu_napisa_pismo_na_putin_okolu_sirija_26123.html--- надополнето: 7 септември 2013 во 12:30 ---
06.09.2013, 16:12
Фотографии од старата црква во Октиси
Архивата на Вевчанската парохија покажа фотографии од некогашната црквичка "Свети Димитрија" во струшкото село Октиси, која сега дел од месното население од православна вероисповед сака да ја обнови. Во меѓувреме, сè уште се водат разговори меѓу претставниците на МПЦ и на ИВЗ околу изнаоѓање решение за изградба на црквата во Октиси, бидејќи на тоа се противат соселаните од муслиманска вероисповед, иако фотографиите го докажуваат спротивното.

На местото каде што треба да се гради, порано постоел црковен храм кој го користеле припадниците од христијанска вера, но со време, бидејќи не била одржувана, се саморазурнала. (Д. Ч.)
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=26796D36BE77094EA52E62999733E151
--- надополнето: 7 септември 2013 во 12:31 ---
Нигерија: Војска уби 50 припадници на секта

Објавено: 11:42, 07/09/2013
Нигериската војска, соопшти дека како одговор на нападите на бунтовниците, во државата Борно, се убиени 20 лица.

-Војската организирала потера по терористите до нивните кампови, при што во престрелката се убиени 50 бунтовници, потврди локалниот воен портпарол Сагир Муса, пренесе „Франс прес“.
Припадниците на Боко Харам, вчера извршија напад на пазарот во Гаџиран и убија 15 лица, во државата Борно и уште пет во соседното село.

Жителите на Гарџиран изјавиле дека екстремистите на пазарот влегле облечени како трговци, по што отвориле оган, а потоа извршиле напад во другото село, наведуваат локалните медиуми.
http://a1on.mk/wordpress/archives/201413
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Научно докажана силата на крстот

пред 5 дена




Истражувањата спроведени во лабораторијата за медицинско-биолошки технологии „НИИ“, за индустриска и морска медицина во Москва, вистински станаа сензација.

Научниците експериментално докажаа дека крстот ги привлекува микроорганизмите и ги менува оптичките особини на водата.
-Потврдивме дека древниот обичај, храната и пиењето да се крстат пред конзумирање има длабока мистична смисла. Зад тоа се крие огромна корист. Храната се чисти во истиот момент. Тоа е едно големо чудо кое што се случува секој ден – изјави физичарот Ангелина Махаловска.
На овие истражувања за моќта на крстот Малаховска работела речиси 10 години.
Спроведени се голем број експерименти, кои што повеќе пати се проверени пред да бидат објавени нивните резултати. Тие се фундаментални и откриени како единствени биолошки својства кои водата ги поседува по осветување со молитва и крст.
Откриена е нова особина на Божјите зборови, кои ја преобразуваат структурата на водата, значајно ја зголемуваат нејзината оптичка густина во кратка или ултравиолетова спектрална област.
Малаховска и нејзините колеги го провериле и дејството на молитвата „Оче наш“ и крсниот знак врз патогените бактериии.
Заради истражувањата се земени примероци вода од разни басени, бунари, реки, езера. Во сите примероци била евидентирана златната стафилокока, и уште една секогаш присутна бактерија.
Но по ритуалот со молитвата и крстот, според научниците количината на штетните бактериии се намалувала за 7, 10, 100 па дури и за повеќе од 1.000 пати.
Резултатите покажуваат дека молитвата и крстот имаат позитивно влијание врз човекот. Кај испитаниците дошло до стабилизирање на притисокот и подобрување на резултатите од анализите на крв.
Зачудувачки е фактот што показателите се менувале во точно потребниот правец за исцелување . На лицата со хипертензија им се намалувал притисокот додека на оние со хипотензија им се зголемил.
Меѓу другото овие научници дошле до заклучок и дека позитивниот резултат бил многу низок или воопшто немало доколку човекот се прекрсти, односно немарно ги постави трите прсти и не ги допре неопходните точки на своето тело: средината на челото, централниот дел над желудникот како и длабнатините на левото и десно рамо.
За време на долгогодишното истражување вршени се мерења на оптичката густина на водата пред и по осветувањето со крстот.
-Се покажа дека оптичката густина на водата во споредба со нејзината нормална вредност се зголемува по ритуалот. Водата како да ги разбира зборовите и го памети тоа влијание. Човечкото око не може да ги регистрира овие исцелителски промени, но спектографот дава објективна оценка за појавата, нагласува Малаховска.
--- надополнето: 7 септември 2013 во 17:28 ---
Чудо: И пчелите ги почитуваат иконите (ФОТО)

пред 2 дена

Во регионот Капндрити во близина на Атина, побожниот пчелар Исидорос Тиминис во една од своите кошнички со пчели поставил икона од Распетието Господово.
Набрзо после тоа кога ја отворил кошничката бил вчудоневиден. Пчелите покажале голема почит према иконата, тие ја извезле со восок целата икона освен делот каде е прикажано лицето и телото Господово.
Отогаш тој секоја пролет во кошничката ги става иконите на Спасителот, Богородица, и Светителите, а резултатот е секогаш ист.
- Еднаш донесов икона на која е насликана голготата со трите крста. Пчелите ја имаа извезено со восок целата површина на иконата, оставајќи јасно да се види крстот на кој е распнат Христос и разбојникот кој што се покајал, насликан од десната страна, додека разбојникот од левата страна беше прекриен со дебел слој на восок, вели Исидорос.
- Последен пат ја оставив иконата на Свети Стефан првомаченик. И како што гледате цела икона је покриена со восок освен лицето и телото на светителот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
едитирано од модератор.

prasaj za ova na soodvetna tema, deka ovde ni e zabraneto komentiranje, pa da ne dobivame banovi
--- надополнето: 8 септември 2013 во 03:12 ---
Молитиви за мир во Сирија на повик на папата Франциско

На повик на папата Франциско денеска ширум светот ќе се одржуваат молитиви за мир во Сирија, на кои покрај католици, се очекува да присуствуваат и голем број евреи, муслимани и православни христијани, соопшти Ватикан.

07.09.2013 16:25:54
На повик на папата Франциско денеска ширум светот ќе се одржуваат молитиви за мир во Сирија, на кои покрај католици, се очекува да присуствуваат и голем број евреи, муслимани и православни христијани, соопшти Ватикан.


Главната молитва за „мир во Сирија, во останатиот дел од Блискиот Исток и во целиот свет“, ќе се одржи вечерва на плоштадот „Свети Петар“ во Рим и неа ќе ја води папата Франциско.
Во исто време, како што соопшти Светата Столица, предвидено е молитви да се одржат и во повеќе други градови ширум светот, „од Багдад до Ерусалим, од Мумбај до Буенос Аирес, од Вашингтон до Бејрут“.
Ова не е првпат еден понтиф да повикува на молиитви за мир. Претходниците на актуелниот папа организираа такви молитиви за мир во Ирак, на Балканот и во Виетнам.
Минатата недела папата Франциско ги повика верниците од сите религија на денешниов ден да му се придруаж во постот и молитивите за мир во Сирија. Тој воедно повика на решавање на сирискиот конфликт по пат на дијалог, а не преку воена интервенција.
На почетокот на неделава понтифот упати писмо до учесниците на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург во кој повика да престанат „непродуктивните заложби за воено решение“ на конфликтот во Сирија.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=62792#.UivOUNJHLKg
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
ВИДЕО ЧУДО: АНИТА УМРЕ И СЕ ВРАТИ – ИМА САМО РАЈ, ЕВЕ ГО НЕЈЗИНОТО ИСКУСТВО СО СМРТТА!


Анита Морјани, жената која се врати од смртта ја раскажува својата чудесна приказна за своето искуство.
Таа вели: умрев и се вратив. Нема пекол, туку само рај.
Потекнува од Индија, а се наоѓа во Хонг конг.
Sky.mk
Ги замолувам следниве членови пажливо да ги изгледаат искажувањето на Анита:
OSHO-Lover , Bodhidharma , Donald Sikert Muranyi ,
Lord Raven Soul-of-Space....
Пожелно е тоа да го направат и јавријата и модераторот, иако се атеисти...
Овде јасно кажува тоа што јас „дрндам“ на форумов подолго време...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom