Велија Рамковски осуден на 13 години затвор

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.737
Поени од реакции
9.863
Вкупна затворска казна од 111 години и три месеци изречена е денеска во судскиот процес „Пајажина. Во судскиот процес беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.

Со денешната пресуда, 19 лица се осудени на затворски казни, едно на условна казна, а три лица се ослободени од пресудата.
Највисока затворска казна во траење од 13 години, изречена му е на поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски. Неговиот син Хеди Рамковски осуден е во отсуство на седум години затвор, колку што добија и Рамадан Ибраими и Нешер Рамиз, додека неговата ќерка Емел Рамковска и неговиот брат Амди Рамковски добија по шест години.
На исто толку осудени се и Жаклина Ѓорѓиевска, Невин Рауф, Зоран Митевски, Славица Маринковска, Рамадан Чичек и Бранко Пишек.

Дарко Перушевски е осуден на казна затвор во траење од 5 години и шест месеци, Ѓулфен Џемаили на пет, Наташа Крстановска и Слободан Пејовски по четири, Жарко Стојановски на три години и шест месеци, додека Анета Кочишки е осудена на казна затвор во траење од две години и три месеци.
Времето поминато притвор се зема во предвид како дел од отслужување на казната.
Александар Дамовски е осуден на условна затворска казна од две години, која ќе се активира доколку го повтори делото во наредните четири години.
Ослободителна пресуда добија Јасмин Латифовиќ, Марјан Танчевски и Мухамед Абди.

http://kajgana.com/vkupno-111-godini-zatvor-za-obvinetite-od-pajazhina“
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
Темата предизвика бран од меѓупартиски препукувања на форумот, што е недозволиво со забраната за дискутирање за политика. Поради тоа оди под клуч. Темава ќе стои чисто како информација, без можност да се дискутира на неа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom