Divider
Seraphim
Бела прашинка на вивнати снегулки
на снежнобели вејки танцува,
надвиснати над потоци,
од бистра вода сенките пијат
од призраци на сништа загубени ил' несоннени
од сонливи очи души што горат,
небиденки се, а' се кријат,
зар ќе пожела душа да сокрива
со бакнежи да ја кутрата покрива
како превез зелени иглолисја на есента
скоравена црнориза,
над печката со шамија,
со поглед да милува,
а како самовила,
една синоличка крај прозорецот што венее,
а не тагува за пеперутката чии крила исчезнаа
во светлината на маглите и езерата.