Важни се автопатите, но поважни се локалните патишта

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.235
Во мојот случај, јас навистина не користам премногу автопат... Регионалните јас повеќе ги возам, и оној делот Д. Капија - Неготино... тој дел барем десет пати годишно.
Многу ретко Велес- Скопје, 2-3 пати во годината.
Дардан гледам поставил слика од Штип - Кочани патот...
Струмица - Радовиш еден дел е сеуште коцка (калдрма), ама ај...велат дека сега ќе го направиле оној паралелно со стариот пат што се гради, демек поништувале тендери, активирале банкарски гаранции... ова она... не се разбирам јас многу во тоа...
Да не должам... можеби во мојот случај Груевски е во право.
Но, дали тоа значи дека на пр. јас не треба да патувам по некаков автопат (да се изгради сакам да кажам) од Струмица до Штип на пр. па да се поврзе на Велес, или пак од Струмица да се поврзе на Удово?
Требаше во Март да е готов...

Новиот пат Радовиш – Струмица ќе биде готов до март

Пуштањето во употреба на регионалниот пат помеѓу Радовиш и Струмица доцни 5 месеци поради незавршените градежните работи на 10 километри долгата делница помеѓу селата Сурдулци и Радичево. Од Агенцијата за државни патишта за „Билд“ објаснуваат дека првичниот рок од септември 2011 година е пробиен поради недоволниот интензитет на работа од страна на хрватската компанија „Ингра“, која како изведувач плаќа пенали поради незавршените работи. „Досега е поставен прв слој на асфалт на 7 километри од делницата, додека на останатите 3 километри на делови е поставен тампон и се изведуваат земјени работи. Инаку според договорот предвидено е проектот да биде завршен во месец март 2012 година“, истакнуваат од агенцијата.


* коцката од патот Радовиш – Струмица треба да биде минато од март 2012 година


Изградбата на регионалниот пат помеѓу Штип и Струмица започна уште во далечната 1992 година. Во изминативе 20 години се изградија неколку делници, но целосно истиот не се доврши и беше проследен со низа прекини на работите. Со завршувањето на сегментот од Сурдулци до Радичево, коцката од сегашниот дотраен пат помеѓу Радовиш и Струмица треба конечно да замине во историјата. Владата од државниот буџет за овој проект издвои 424 милиони денари, односно околу 7 милиони евра, а изградбата на делницата започна во 2009 година. На оваа делница е предвидено да се изградат две клучки кај Калуѓерица и Радичево, 6 мостови, 2 потпатници, натпатник, како и канали и објекти за наводнување.


Бојан Блажевски

Срамота е за нецели 80 км. пат 20 години заебанции.20 години градат 28 километри делница, од кои 10 километри ги градат 3,5 години.
За споредба, обиколницата околу Скопје 20-25 км. ја изградија за пократко време иако е далеку помалку фрекфентна.
Интересно, во 1998 година Струмица - Радовиш (3.500 возила дневно) и Радовиш - Штип (~5000 возила) е со поголема средна фрекфенција (ако земиме целосно Струмица - Штип ~ 4.250) на возила од делницата Табановце - Куманово (околу 3.400 возила дневно).

Во 2011 ПДС изнесувал 2.923 возила, значи добри 45% послаби бројките на ДЗС, не ќе да е на добро таков податок.

Сигурно возачите беа криви за двата превртени автобуси на Струмица Експрес пред десетина дена со 20+ повредени војници на АРМ и загинати во џипот.Исто и огромен број редовни сообраќајки годишно, мислам дека е една од делниците со најголем процент сообраќајки и смртни случаи.

А лани во Јули рокот наводно беше Септември 2011.
Според манифестот во 100 чекори (страница 74), Октомври 2011.
Плус бонус заебавање...
Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Манифест за реформи и развој“ е предвидено не само довршување на патот Струмица-Радовиш, туку и изградба на нов експресен пат меѓу Струмица и Штип кој ќе има четири ленти, од кои две побрзи со по 3,75 метри и две побавни со широчина од по 2,5 метри. За овој проект ќе бидат инвестирани околу 250 милиони евра, а со оглед на тоа што се предвидува и изградба на автопат меѓу Штип и Скопје, значително ќе биде скратено растојанието и времето на пристигнување од Струмица и другите градови во југоисточна Македонија до метрополата и обратно, изјави Ставрески.
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/29584-Ke-se-gradi-ekspresen-pat-megu-Strumica-i-Stip

Бонус видео... освен тргни застани на Струмица - Штип и М.Брод - Скопје, ниту една од овие најави не е почната ниту па е распишан тендер ...
Според манифестот,

Автопат СКОПЈЕ- Миладиновци - ШТИП е планирана за почеток во 2012 година (страница 65).Не е уште распишан тендер, во моментов работат некоја студија за влијанието врз животната средина бла бла.Вредност 250 милиони евра.АМА:
Доколку постапката за концесија на наведените делници не биде успешна т.е. не се добијат добри финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.

Автопат КЛУЧКА РОМАНОВЦЕ - Страцин - КРИВА ПАЛАНКА (273 милиони евра, отприлика 60 км. само за споредба Куманово - КП е 65, со ова е предвидено скратување за транзит возила)

Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија која е во тек да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа потребата за прилагоду-вање на проектот во насока на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување, при што
вредноста на зафатот се планира да биде околу 35 милиони евра.
Р о к з а и з г р а д б а п р е к у к о н ц е с и о н и р а њ е : 2 0 1 3 - 2 0 1 8 .
Р о к з а р е х а б и л и т а ц и ј а , н а д р г а р д б а и п р о ш и р у в а њ е : 2 0 1 4 - 2 0 1 5 .

Автопат КОЧАНИ - ШТИП(39 км.), почеток 2013 година.АМА:
Вредноста на проектот е близу 56 милиони евра. Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија која е во тек да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа потребата за прилагодување на проектот во насока на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување, при што вредноста на зафатот се планира да биде околу 15 милиони евра.

Автопат ГОСТИВАР - Кичево - ОХРИД / + крак Требеништа - Аеродром Охрид - Струга - ГП ЌАФАСАН
Вредност:490 милиони евра, околу 140 км. и почеток на 2013 година.АМА:
Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под
концесија. Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат прифатливи финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.Притоа, ќе се изработи нова динамика за постапна доизградба на западниот дел од Коридорот 8, почнувајќи
со делници на југозападниот дел.

Автопат Клучка СКОПСКА ОБИКОЛНИЦА - ГП БЛАЦЕ (13 км. / 69 милиони евра!!!)
Почеток 2013.АМА:
Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат добри финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

(Дел од) експресен пат (2 ленти х 3,75м. и 2 х 2,5 за побавни возила) ГРАДСКО- ПРИЛЕП во должина од 26 км.Значи околу пола од целиот пат Градско - Прилеп.Вредност:80 милиони евра, почеток 2012 година.

Експресен пат ШТИП - Радовиш - СТРУМИЦА (75 км./250 милиони еври) (страница 66)
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните
финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к з а и з г р а д б а : о д 2 0 1 4 - 2 0 2 0 г о д и н а .

Велес - Штип реновирање на 40 км. пат со дури 5 милиони евра, период 2014-2015 (страница 66):pos:

КОЧАНИ- Виница - Македонска Каменица - Делчево - ГП ДЕЛЧЕВО / реновирање на околу 75 км. со 10 милиони евра :tapp: Почеток : 2012 година

КИЧЕВО - Извор - Јама - Гари - Лазарополе - Бошков Мост - ДЕБАР (53 км./20 милиони евра).
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к : и з г р а д б а 2 0 1 2 – 2 0 1 5 г о д и н а .
Со оглед каков е теренот на таа делница, тешко дека и 50 милиони евра ќе им стигнат.

Магистрален пат БИТОЛА - Маково - Чаниште - Конопиште - Мушов Гроб - ГЕВГЕЛИЈА (17 мил. евра за реновирање на дел од делниците во Мариово)
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к з а и з г р а д б а : 2 0 1 2 - 2 0 1 5 г о д и н а .

НОВ!!! Магистрален пат КОСЕЛ - Пештани - СВЕТИ НАУМ (39 км./70 мил. евра) со обиколница над Охрид.
Овој патен правец е сосема нов паралелен пат на постојниот покрај плажите, а во понатамошниот период ќе бидат меѓусебно поврзани со попречни локални патишта. Вкупната должина на новиот пат ќе биде 39 км, а широчината на коловоз од две ленти од по 3,75 м. Патот е од особено значење за развој на туризмот во Охрид. Со изградбата на оваа делница значително ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места Косел, Лескоец, Скребатно, Велгошти, Охрид, Рамне, Велестово, Коњско, Елшани, туристичката населба Горица, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Свети Наум, а преку Галичица и кон Преспанскиот регион, особено во летните месеци во годината. Вредноста на проектот се проценува на 70 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к : в т о р а п о л о в и н а 2 0 1 3 - 2 0 1 9 г о д и н а .
Ова со роков е многу битно, очекувам да им е главна финта во настапите за локалните избори 2013!

итн.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
За добри автопати треба појак стандард,пошто ако имаме пушка автопати тогаш патарината нема да биде 30-50ден туку 130-150ден, а кој од нашиов народ што патува ќе има на секои 2-3 ден да дава по 300-400ден за патарина?? ..Во Хрватска идам 2 години по ред, они имаат автопатишта да паднеш на гз,ама цената им е 16.5 евра во еден правец ,идими-дојдими оп 33евра,ама имаат поголем стандард и затоа не им се осеќа многу.
кој правец е 16.5 евра? од граница со србија до загреб? тоа околу 300 км, повеќе или помалку, по kick-ass автопат. цената е 14-тина евра.
од скопје до крајот на автопатот во демир капија дали има 100 км и за то се плаќа 30+50+60 140 денари илити 2.3 евра. пута 3 (100 км по 3) тоа е грубо 7 евра.
тој пат во хрватска е 10 пати подобар, а само дупло поскап. имаат и припејд картици за патарина со 25% попуст и ЕНЦ и свашта. и телефони на автопат (исправни) и знаци и све.
кај нас, нови знаци имаа само до првиот тунел накај велес. после тоа нови знаци нема, освен 5-6 кои викаат Автопат Александар Македонски; што е, ќе признаете, информација што не ви е баш потребна кога возите по тој пат. за крпеници и дупки да не зборам. така што муабетот дека неможеме да си дозволиме „хрватски“ автопатишна не држи вода.
изјавата дека автопатиштата не се користат многу, па затоа треба да се прават регионалните - ја отсликува менталната матрица на тој што ја дал изјавата. регионална, теснограда.
исто сметам дека таа изјава е дадена само за да се покаже блискост со обичниот плебс и како таква е крајно лицемерна.
слично на „незнам за вас, ама за мене голф од '94 не е стара кола“.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Во мематиката ги лупна и парите што ги украле за изградба на патишта.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
За добри автопати треба појак стандард,пошто ако имаме пушка автопати тогаш патарината нема да биде 30-50ден туку 130-150ден, а кој од нашиов народ што патува ќе има на секои 2-3 ден да дава по 300-400ден за патарина?? ..Во Хрватска идам 2 години по ред, они имаат автопатишта да паднеш на гз,ама цената им е 16.5 евра во еден правец ,идими-дојдими оп 33евра,ама имаат поголем стандард и затоа не им се осеќа многу.
Ако парите од патарини се користат само за својата намена а тоа е одржување на автопатите патарината повеќе од 50-100 денари нема да биде сигурно.Проблемот е дека парите од патарини се користат за пополнување на секакви дупки во буџетот и лево и десно а остатокот се краде.
--- надополнето: 30 јули 2012 во 19:56 ---
Да си политичар и да го добиеш овој човек на дебата едно 2 саати е како да си дете и да се разбудиш после нова година и под елката да најдеш 10 подароци со твое име.

Во дебата со полуписмен циган од Шутка да влезе циганот има масакр да го направи мислам.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
народе македонски дедо нешто да ви каже,
муабетов е сакаме патишта,
по војната,ослободувањето де имавме нешто од турско калдрма и земја
асфалт? што е (беше)тоа.
и почна да се прави нешто-автопат „братство единство“ во време кога во Македонија имаше повеќе магариња од камиони.
Но затоа имаше лопата и копач за секого од УДАРНИТЕ БРИГАДИ
што беше пак ова ударни бригади-млади лица, работници на автопатот.
Студенти,средношколци,вработени за време на годишен одмор,ЈНА и други млади лица.
Кој денес од вас сака копач и лопата (и тоа со помош и од модерна механизација + )
Кој сака наместо на Халкидики,одморот да го помине по градилиштето на новоиот пат Струмица -Радовиш- ( смештај во шатори во с.Злеово)
Ајде јавете се и да почнеме со реализација на планов.
Уште и ова:летото ’63 г. од автопатот во градба,беа веднаш дента повлечени две младински бригади за откопување на затрупаните лица во Скопје од катастрофалниот земјотрес.
------------------------------------------
Денес е тренд-мода-кул-престиж, да си мрза а не работник.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
народе македонски дедо нешто да ви каже,
муабетов е сакаме патишта,
по војната,ослободувањето де имавме нешто од турско калдрма и земја
асфалт? што е (беше)тоа.
и почна да се прави нешто-автопат „братство единство“ во време кога во Македонија имаше повеќе магариња од камиони.
Но затоа имаше лопата и копач за секого од УДАРНИТЕ БРИГАДИ
што беше пак ова ударни бригади-млади лица, работници на автопатот.
Студенти,средношколци,вработени за време на годишен одмор,ЈНА и други млади лица.
Кој денес од вас сака копач и лопата (и тоа со помош и од модерна механизација + )
Кој сака наместо на Халкидики,одморот да го помине по градилиштето на новоиот пат Струмица -Радовиш- ( смештај во шатори во с.Злеово)
Ајде јавете се и да почнеме со реализација на планов.
Уште и ова:летото ’63 г. од автопатот во градба,беа веднаш дента повлечени две младински бригади за откопување на затрупаните лица во Скопје од катастрофалниот земјотрес.
------------------------------------------
Денес е тренд-мода-кул-престиж, да си мрза а не работник.
Се плаќаат 100% поскапи горива за изградба на патишта.Ако не ги плаќаме тие даноци е тогаш може да има организирање за изградба на патишта али не може да се зимаат 100% на горива и да се крадат и + да идеме уште и да копаме на сонце за патишта.

Нека ги укинат акцизите па потоа нека си има секоја општина свои акции за обнова на патишта.На пример ако сакаат Кавадарчани комплетно нови патишта во Кавадарци нека се пресмета колку би било се и нека се подели по бројот на работоспособни кој има пари нека плати кој нема нека работи на патот по некоја фиксна тарифа на пример 300 денари 1 час.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Утринава имав „чест“ да се возам по регионалните патишта што толку ги фалат.

Едино што можам да кажам е голема благодарност до Македонија пат и Фондот за патишта што не дозволија да добијам камен во бубрег, иако фамилијарно имам предиспозиции. Момци поефикасни сте и од ултразвучна терапија, алал да ви е.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.235
Жителите на Пештани со апел- да се зголеми безбедноста на патниот правец Охрид- Свети Наум
По вчерашниот немил настан, кога во сообраќајна незгода на влезот на Пештани тешко беа повредени две лица, жителите со апел до надлежните да се преземат мерки за зголемување на безбедноста на патниот правец Охрид- Свети Наум, кој води низ селото, кое во текот на летната сезона го посетуваат голем број гости.


- Не може човек да остане рамнодушен на било каква лоша вест кога станува збор за безбедноста во сообраќајот. Тука нема компромис, пазарење, предпоставки, манипулации, префрлање на вината од еден на друг . Пештани е една убава модерна туристичка населба, која сите нас не обврзува на будност, внимателност и мобилност во текот на целата година, особено во туристичката сезона. Патот минува низ централниот дел од селото, каде има засилена фрекфенција на сообраќајот, каде често пати не се почитува сообраќајната сигнализација и ограничувањето на брзината на возење. Ваквите немили настани се почесто го потресуваат локалното население, што никако не оди во прилог на и така промашената туристичка сезона веќе две години по ред, велат дел од жителите на Пештани.

Според нив неприфатливо е да се одвива фреквентен сообраќај на толку тесен коловоз, со бројни опасни кривини, за што одговорноста треба да ја сносат сите подеднакво.

- До кога ке се задоволуваме со мали ,ситни нешта како да сме слепото црево во нашата држава? Пештани одамна требаше да заврши со експанзија и да прерасне во монденско летувалиште на општа радост и благосостојба на сите негови жители. Крај на месец јули, а надвор тишина која не опоменува. Само понекоја ваква немила случка за момент потсетува на нашите обврски кон нашите поколенија. Каква сегашност и иднина им овозмозуваме со рамнодушноста кон сето ова што ни се случува?Можеби некогаш патот ќе се прошири,кејот ќе се направи,ќе се "исправат"кривините, но кој ќе оди по тој пат,кој ќе се шета по кејот ,кој ќе ужива во прекрасната положба на нашето село на кое Господ му подарил,вода, планина и сета убавина на овој свет, а ние сме должни да ја сочуваме како и сите луѓе кои живеат,доаѓаат и проаѓаат низ времето и просторот на нашето опкружување, додаваат жителите на Пештани.

Делот од регионалниот патен правец Охрид- Свети Наум, на влезот од селото Пештани, важи за една од таканаречените црни точки на кои често пати се случуваат сообраќајни незгоди. Минатата година токму на ова место животот го загуби едно лице.

OhridNews

3

30.07.2012 08:56

Прочитана е : 1459 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Викендов бев за Охрид (инаку од Бт сум), и гледам дека ги закрпиле дупките на патот Битола - Ресен, ваљда ке истраат во текот на туристичката сезона... во Ресен џабе ставале лежечки полицајци кога секако повеќе од 50 и да сакаш не можеш да возиш, амортизерите на патот ги оставив... Ресен - Охрид до Буково превојот патот катастрофа, дупки, длапки, одрони имаше неисчистени, мораш по средната лента да возиш и да пазиш да не ти се вдај некој одозгора што слегува оти и тие по средната лента возат...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.235
Викендов бев за Охрид (инаку од Бт сум), и гледам дека ги закрпиле дупките на патот Битола - Ресен, ваљда ке истраат во текот на туристичката сезона... во Ресен џабе ставале лежечки полицајци кога секако повеќе од 50 и да сакаш не можеш да возиш, амортизерите на патот ги оставив... Ресен - Охрид до Буково превојот патот катастрофа, дупки, длапки, одрони имаше неисчистени, мораш по средната лента да возиш и да пазиш да не ти се вдај некој одозгора што слегува оти и тие по средната лента возат...

Добро е.Речи фала шо не вратија да возиме по ‘новиот пат‘ само една година после пропаѓањето :D
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
народе македонски дедо нешто да ви каже,
муабетов е сакаме патишта,
по војната,ослободувањето де имавме нешто од турско калдрма и земја
асфалт? што е (беше)тоа.
и почна да се прави нешто-автопат „братство единство“ во време кога во Македонија имаше повеќе магариња од камиони.
Но затоа имаше лопата и копач за секого од УДАРНИТЕ БРИГАДИ
што беше пак ова ударни бригади-млади лица, работници на автопатот.
Студенти,средношколци,вработени за време на годишен одмор,ЈНА и други млади лица.
Кој денес од вас сака копач и лопата (и тоа со помош и од модерна механизација + )
Кој сака наместо на Халкидики,одморот да го помине по градилиштето на новоиот пат Струмица -Радовиш- ( смештај во шатори во с.Злеово)
Ајде јавете се и да почнеме со реализација на планов.
Уште и ова:летото ’63 г. од автопатот во градба,беа веднаш дента повлечени две младински бригади за откопување на затрупаните лица во Скопје од катастрофалниот земјотрес.
------------------------------------------
Денес е тренд-мода-кул-престиж, да си мрза а не работник.
ај дедо деденце Фнучко да ти одговори... кога аргатуваа младите од ударните бригади, родителите нивни зимаа СОЛИДНИ плати доволни за живот, рата од стан, рата од кола, одмор во црна гора или хрватска.. понатака зимаа 13 и 14-та плата, канти со сирење, месо цели свински бутови ако не прасиња или јагниња, огромни канти со еурокрем или џемови разни.... и сето тоа го даваше државата, пошто сите фирми и претпријатија (ООЗЕТЕ) беа сопственост на државата... нормално дека со така задоволен народ ке има и желба и мотив за да се допринесува за државата... доволно беше да стане некој и да рече дека тоа ке донесе повеке пари во касата и ете ти преку 5.000 млади луге на работна акција.... а да... и немаше патарини во тоа време, немаше во регистрација на возилата ставка ФОНД ЗА ПАТИШТА, а и во платите во осигурањето немаше фонд за патишта...немаше никакви акцизи за гориво и немаше патарини по автопатите...

дај ми бе брат ти на мене 13-та и 14 та плата и полн резервоар кога ке посакам за 150 денари да наполнам, плаќај ми на мене патарини кога ке ми се кејфне да идам негде, плати ми ги ставките за фондови за патишта И ЕТЕ МЕ МЕНЕ НА РАБОТНА АКЦИЈА КАЈ ЗЛЕТОВО!!!!! 2 месеци ако треба ке одвојам... за љубов кон државата...


а за изјавата на груевски, во една работа се согласувам... локалните патишта се стваааарно катастрофа... и ако се гледа по линија на првенство, стварно треба прво нив да ги средат... ама да ги средат и да ги прошират, а не само да искрпат со по 2-3 кила асвалт... сепак морам да кажам дека груевски направи нешто, но секако далеку од потребното и ветеното, а уште подалеку од она што толку помпезно се пумпа по медиумите...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
внучко,нешто си натчул само да ти пак дедо дообјасни
Тоа ти што го зборуваш е така,но нешто во друго време е тоа по 70 год.
а тогаш работни акции беше само СВОЗ еден - два дена во годината.
А јас зборам за правите ударни бригади,пред и за време на земјотресот,значи по војната,покрај тие ударни бригади на автопатот,тогаш се правеше делницата од Катланово до Велес покрај реките Пчиња и Вардар (таа со тунелите),а се одеше преку Пуста Кула, имаше и работни бригади за берба најчесто на ПАМУК и СОНЧОГЛЕД а и афионот беше застапен доста.Тоа беа трудови бригади и од вработени граѓани кој ден -два одеа по полињата.
Во тоа време Македонија половина се уште беше на газијени ламби,а за патишта да не правиме муабет,и какви бутови спомнуваш кога беше уште на бонови за повеќе артикли(Београд не цицаше,Ченто се побуни за тоа и настрада) а стаклено шише (реткост во тоа време) се чуваше како очите,а не пак да ко кршиш од АСФАЛТОТ ко денес.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
мешаш времиња... и тоа на дисторзија од 30-40 години... не е убаво тоа, на младината им даваш грешна слика... уствари што зборам јас бе... и ти си дел од таа младина која појма нема од тоа време...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
п.с. и јас сум... сум фатил само малку од тоа време... компетентен сум онолку колку што сум доживеал... до моја 15-та година бев во сфрј...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom