Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Модерната жена верува дека мора да направи избор меѓу две нешта – бракот и успешната кариера, верувајќи дека двете нешта не одат заедно.
Иако денешното општество им наметнува на жените дека „мораат“ да бираат меѓу кариерата и бракот, со оглед на тоа што се смета дека е невозможно да се постигнат двете нешта, истражувањата покажуваат дека тоа мислење е многу погрешно. Многу дами се одрекле од бракот и децата поради кариерата, и обратно, но најновите студии покажале дека всушност токму мажените жени се оние кои најмногу и најбрзо напредуваат во кариерата.
Сепак, сведоци сме на сѐ поголем број жени кои доцна стапуваат во брак, кои во триесетите години се сами, но и оние примери кои се заколнале дека никогаш нема да стапнат на лудиот камен. Но, неодамна спроведената анкета покажала дека дамите кои се посветиле исклучиво на кариерата всушност не се среќни и исполнети, со оглед на тоа што дури 1/3 од нив признале дека радо би се вратиле во традиционалните улоги во општеството, односно улогата на мајка и сопруга.
Исто така, тука се и оние смели дами кои се одлучиле на раѓање дете и самостојно одгледување, но ниту нив животот не им е целосно избалансиран, со оглед на тоа што обврската на двајца родители е сведена само врз еден родител, што во потполност го оневозможува напредувањето во работата.
Од друга страна, има и жени кои се одлучиле да стапат во брачна заедница и кои покрај себе го имаат човекот на нивниот живот, имаат деца, но и успешна кариера. Се прашувате ли зошто? Затоа што сѐ е полесно кога се работи во пар. Делејќи ја тагата, среќата и обврските со некој, го правите вашиот живот исполнет, и станувате посилни за новите животни и професионални победи. Ова го потврдиле и амерканските експерти кои дошле до сознанието дека мажените жени заработуваат четири проценти повеќе од нивните слободни колешки.
Затоа, ако сакате да бидете среќни и задоволни со вашиот приватен и деловен живот, планирајте и да најдете личност со која ќе ги делите ноќите и деновите. Така успехот ќе ви биде загарантиран!