Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (Бундеслига - 23.11.2013 – 18:30 ч.)

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    143
  • Гласањето е завршено на .

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.734
Поени од реакции
14.854
968009310-bvb_ticker-2PoMG9bY09.jpg

1919471086-pep_klopp_sampics_20130728-122632-1keYKLDG09.jpg
Во сабота, 23 ноември 2013. во 18.30ч на Westfalenstadion во Дортмунд, гостува ланскиот првак во Бундеслигата, освојувач на Германскиот куп, првак во Лигата на шампиони и Европскиот суперкуп Баерн Минхен гостува кај минатогодишниот финалист во Лигата на шампионии свој најголем ривал за освојување на Бундес, Борусија Дортмунд. Ова дерби го означува ,,малерозното” 13-то коло во 51-та сезона на Бундеслигата. Моментално Баерн Минхен е на прво место на табелата со 4 бода предност пред Борусија Дортмунд , кој е втор.

Натпреварот се чека нестрпливо бидејќи може да биде клучен за решавање на првакот во оваа сезона и ќе покаже дали Баерн ќе ја зголеми бодовната разлика или сепак Б. Дортмунд може да му се доближи. Нерешено му одговара на Баерн кој би заминал од своето најлошо гостување во сезоната со иста разлика во бодови.

Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд пак, ја доживеа скоро истата судбина како и Баерн минатата сезона. Завршија втори во Бундеслигата, а и беа поразени во финалето на ЛШ од својот најголем конкурент, Баерн. Но тоа е она што ги прави тимовите подобри, да се вратат после секој пораз. Со победа во ова дерби, би му се доближиле на Баерн на само еден бод од првото место.
Во Лигата на шампиони, слично и како минатата година каде беа во група со Реал Мадрид, Ајакс и Манчестер Сити, но сепак успеаа да завршат на прво место, и оваа година се наоѓаат во таканаречената ,,група на смртта”, заедно со Арсенал, Наполи и Марсеј.
Од клубот заминаа: Марио Геце во Баерн, Леонардо Битекурт во Хановер, Фелипе Сантана во Шалке, Мориц Лајтнер во Штутгарт.
За наредната сезона се очекува и премин на напаѓачот Роберт Левандовски во конкурентот Баерн, по истекот на неговиот договор. Како можна негова замена во медиумите се шпекулира со тазе репрезентативецот на Шпанија, Диего Коста од Атлетико Мадрид.
Нови играчи на жолто-црните се: Хенрик Мктаријан од Шахтјор Донецк за сума од 27 милиони евра, Пјер-Емерик Аубамејанг од Сент Етјен за сума од 13 милиони евра, Сократис Папастопулос од Вердер Бремен за сума од 9.5 милиони евра.
По повредата на Невен Суботиќ на натпреварот против Волфсбург, кој ќе отсустува од терените до крајот на оваа сезона, со Дортмунд тренира слободниот играч Мануел Фридрих.
На полето на финансиите, го надминаа Баерн во поглед на чистиот приход за фискалната година 2013 (до јуни 2013), каде имаат 53.3 милиони евра.
На тренерски план, Јирген Клоп штотуку го продолжи договорот до 2018 година, што дава јасен знак дека Борусија имаат многу јасен план во која насока сакаат да се развиваат.
Моментално имаат два порази во низа - од Арсенал на домашен терен и Волсфбург во Бундеслигата што можеби е знак за мала слабост во редовите, но сепак никогаш не може да се потценат Дортмунд кои пленат со својата брза игра, брзи контри и убиствен напад.
Интересна грешка се случи во зимскиот каталог на Борусија, каде имаше слика од кореографија на фановите на Баерн (на натпревар од Купот одржан на 27 февруари против Дортмунд) кои држат жолто-црни знаменца и банер со натпис ,,Боите на најдобриот град”, потсетувајќи дека жолто-црно се официјални бои на градот Минхен.

media.media.415ce539-43d7-4cc3-a0a1-e20078e1b24e.normalized.jpeg


Баерн Минхен

Баерн Минхен беше хит на минатата година, со освојувањето на тројната титула после 2 многу разочарувачки сезони.
Конкурентот на овој натпревар Б. Дортмунд, беше поразена на Вембли во финалето на Лигата на шампиони со 2-1, каде стрелци за Баерн беа Манџукич и Робен, додека за Борусија беше Гундоган.
Во финалето од Германскиот куп, Баерн му нанесе пораз на Штутгарт со 3-2. Иако водеа убедливо 3-0, со двата гола на Гомез и еден на Милер, сепак Штутгар се врати во игра со двата гола на Харник. Но, резултатот остана ист и Баерн ја освои тројната титула со што станува само седми тим во европската историја на кој му успева истото.
Најголема промена летото се случи на тренерски план. Веќе легендарниот тренер, Јуп Хајнкес се пензионираше, с о што му се ослободи местото на шпанскиот стручњак Хосеп ,,Пеп” Гвардиола, по неговата едногодишна пауза од работа во фудбалот. Иако на самиот почеток на својата работа, Пеп доживеа пораз во Суперкупот од ривалот Борусија Дортмунд и некои навивачи му замеруваа за експериментите со поставите, сепак досегашните резултати и те како го оправдуваат неговиот избор.
На полето на трансферите, дојдоа Марио Геце од најголемиот ривал за сума од 37 милиони евра, Тиаго Алкантара за сума од 25 милиони евра кој беше доведен од Барселона, по барање на неговиот поранешен тренер Гвардиола. Без отштета дојде и Јан Кирхоф од Мајнц.
Заминаа Луиз Густаво во Волфсбург, Марио Гомез во Фиорентина, Анатоли Тимошчук се врати во Зенит, а Емре Кан во Баер Леверкузен.
На 9-ти ноември, Баерн го совлада Аугсбург, со што има низа од 37 мечеви без пораз. Беше надминат рекордот од 36 мечеви на Хамбург, стар 30 години.
На 13-ти ноември, Баерн го одржа своето годишно собрание. После освојувањето на тројната круна, се очекуваа многу добри резултати. На собранието, претседателот на бордот Карл-Хајнц Румениге го објави рекордниот обрт од 432.8 милиони Евра за бизнис-годината 2012/13, додека чистиот профит изнесува 14 милиони евра. Во 113 годишната историја, ова се најдобри резултати. Уште еден интересен факт е дека со 224 000 членови, Баерн е втор најголем клуб после Бенфика кои имаат 235 000 членови.

Последни пет меѓусебни дуели

German Supercup ‎(GERS)‎ Jul 27, 2013 Borussia Dortmund 4 -2 Bayern
UEFA Champions League ‎(UCL)‎ May 25, 2013 Borussia Dortmund 1 -2 Bayern
1. Bundesliga ‎(BUN)‎ May 4, 2013 Borussia Dortmund 1 - 2 Bayern
DFB-Pokal ‎(GERC)‎ Feb 27, 2013 Bayern 1 - 0 Borussia Dortmund
1. Bundesliga ‎(BUN)‎ Dec 1, 2012 Bayern 1 - 1 Borussia Dortmund

Последни пет натпревари на Борусија Дортмунд

Nov 9, 2013 Wolfsburg 2 - 1 Borussia Dortmund BUN
Nov 6, 2013 Borussia Dortmund 0 - 1Arsenal UCL
Nov 1, 2013 Borussia Dortmund 6 - 1 Stuttgart BUN
Oct 26, 2013 Schalke 04 1 - 3 Borussia Dortmund BUN
Oct 22, 2013 Arsenal 1 - 2 Borussia Dortmund UCL

Последни пет натпревари на Баерн

Nov 9, 2013 Bayern 3 - 0 FC Augsburg BUN
Nov 5, 2013 FC Viktoria Plzeň 0 - 1 Bayern UCL
Nov 2, 2013 TSG Hoffenheim 1 -2 Bayern BUN
Oct 26, 2013 Bayern 3 - 2 Hertha BSC BUN
Oct 23, 2013 Bayern 5 - 0 FC Viktoria Plzeň UCL

Кај Баерн повредени се и со сигурност нема да настапат: Швајнштајгер, Шаќири, Пизаро и долгоповредениот Бадштубер.

Кај Борусија Дортмунд повредени се: Невен Суботиќ и Илкај Гундоган, додека Лукас Пишчек штотуку почна да тренира и настапот на овој меч е неизвесен.

Moжни состави не е логично да се напишат (освен очигледните позиции) бидејќи и со Гвардиола и со Клоп можни се ротации и во крајниот термин на нивно објавување.


Со среќа, знаење и без повреди - нека победи подобриот.
Mia San Mia или Echte Liebe

фан-клуб Баерн Минхен & фан-клуб Борусија Дортмунд
 
Се надевам на победа на Дортмунд.
Редно е Баерн Минхен да го претрпи првиот пораз сезонава :)
 
И на единствениот фан на Борусија му го одзедовте задоволството да отвори тема.
 
И на единствениот фан на Борусија му го одзедовте задоволството да отвори тема.
Тамам си е, одличен вовед и се надевам на спектакуларна игра, со надеж дека сепак Дортмунд ќе тепа и нема да стане досадна сезоната како лани. (y)
 
И на единствениот фан на Борусија му го одзедовте задоволството да отвори тема.


Единствена логика е дека последно Игорче отвори за финалето и изгубија, може сега ова му е среќа (на моја несреќа) :)
 
BVB-Borussia-Dortmund.jpg


ајдееееееее :D

Мххх, ако даде Лева три гола се думам која ќе биде последицата. Или ќе го убеди Пеп дека сепак е одлично засилувајне (се шпекулира дека Пеп не е баш најзагреан за Лева) или па за казна нема да го земат. ;)

Овојпат очекувам доста голови, и Дортмунд и Баерн годинава се поотворени за примајне голови ама и за давајне. Баерн не е толку стабилен како лани па офанзивната фурија на Дортмунд може да дојде највероватно до повеќе шанси. Читав негде статистика дека Дортмунд годинава најмногу шанси креира. Но исто така одбраната на Дортмунд редовно прима голови што на силната офанзива на Баерн ќе и даде доста шанси.
 
И Макај им даде 3 гола среде Минхен, па го зедоа, така да дека по казна не зимаат играч не важи
 
Вистинско дерби, со убава игра за око, напаѓачки фудбал, атрактивни потези, без многу глумење, тепање и плачење и со 2ца џентлмени на клупата.
Посакувам и многу голови, со неизвесност до самиот крај.
Се знае дека навивам за Дортмунд, иако заради најдобриот тренер во светот, нема да ми биде криво и доколку победи Баерн.
 
Навивачки гласав за Дортмунд, но реално, мислам дека ке заврши нерешено 1:1...
 
поише верувам у Клоп, мислам и овие ко Реал одма ке добијат желба да го ангажираат Лева :D
 
Што туку сте настегале во анкетана за Дортмун ко сите знаеме дека Баерн ќе ги растурат.
 
Што туку сте настегале во анкетана за Дортмун ко сите знаеме дека Баерн ќе ги растурат.

Не знајш дека е кул да се навива за Дортмунд. :)
Иначе по подолго време очекувам победа на најтешкото гостување за Баерн последниве неколку години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom