Во Библијата исто така е проречено и дека Исус ќе се роди во Витлеем:
„А ти Витлеему Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.“ (Михеј 5:2, Библијата, околу 750 години пред Христос)
„А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски...“ (Матеј 2:1, Библијата)
Забелешка: Витлеем е многу мало село во Јудеја (тогаш било уште помало, затоа што денес е туристичко место заради Исусовото раѓање таму) и затоа пророкот Михеј го нарекува најмалиот меѓу Јудините кнезови (градови). Христовото и само Христовото потекло е од дамнини од вечни времиња и затоа знаеме дека ова пророштво се однесува на Него.
Тикви печени е проречено! :icon_mrgr Јасно е дека станува збор за уште едно:
ЛАЖНО ПРОРОШТВО !
Ај да ја прочитаме сите заедно целата посочена глава од Михеј:
2„А ти, Витлеему Ефрато, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.”
3 Затоа Господ ќе ги остави додека не роди таа која има да роди. Тогаш ќе се врати Остатокот на неговите браќа кај Израелевите деца.
4 Тој ќе се исправи, ќе го изведува на пасење своето стадо со Господова сила, со величеството на името на својот Бог. Тие ќе живеат во мир, зашто тој ќе ја распростре Својата власт сè до земните краеви.
5 Тој - Тој е мир! Ако Асирците навлезат во нашата земја, ако стапат во нашите дворци, ќе подигнеме против нив седум пастири, осум народни кнезови.
6 Асирската Земја тие ќе ја испасат со меч, Невродовата Земја со мечеви. И Тој ќе нè ослободи од Асирците ако навлезат во нашата земја, ако стапнат на наша почва.
7 И Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како роса што доаѓа од Господа, како капки на дождот на тревата кој не го чека човекот ниту се колеба за човечките синови.
8 А Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како лав меѓу горските ѕверови, како лавче меѓу овци стада; секој пат кога поминува, тој гази со нозете, раскинува, и нема никој да се избави од него.
9 Твојата рака нека се подигне на противникот, сите Твои непријатели ќе бидат сотрени!
10 „Во оној ден - говори Господ - ќе ги истребам сите твои коњи, ќе ги уништам твоите бојни коли.
11 Ќе ја разурнам секоја населба по твојата земја, ќе ги срушам сите твои тврди градови.
12 Ќе ги сотрам баењата од твојата рака, не ќе имаш веќе врачеви.
13 Ќе ги истребам во тебе сите кипови и камени столбови. И ти веќе не ќе се поклонуваш пред делото на своите раце.
14 Ќе ги искорнам ашерите од тебе и ќе ги разурнам твоите градови.
15 Во гнев и во бес, ќе ја извршам одмаздата над народите кои не слушаа.”
Дали ова пророштво зборува за тоа дека Исус ќе се роди во Витлеем?
Не! Туку Михеј зборува за личност (Витлеем Ефратов) а не за место како што јасно се гледа од следниов библиски цитат: “Фануил му беше татко на Гедор, а Есер му беше татко на Хус. Тоа беа синови на Ор, првенецот на Ефрат, таткото на Витлеем.” (ПРВА КНИГА ЛЕТОПИСИ Глава 4 , пасус 4). А исто јасно се гледа и од продолжението на истата глава(Михеј,5). А башка се зборува за истата личност дека ќе ги спаси Евреите од Асирците ако провалат во нивната земја. Дали Исус би ги спасил евреите од асирците ако би ги нападнале? Невозможно ! Научна фантастика! Затоа што Асирија пропаднала во 608 година пред нашата ера, пред Христа.
Ај сеа пробај со друго пророштво. :tv:
Едит: Знаеш за шо .. прва опомена ..