Бемки

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Леле , никако неможам да сватам како може да се умре од корнење бемки ? Што е она опасното што се случува потоа ? Ќе ја искорнам и ќе има дупка, потоа на лекар ќе ми го зашијат и дезинфицираат местото.
--- надополнето: 10 август 2012 во 23:57 ---
Па секој ден има луѓе на кои им се апмутираат раце, нозе од разни незгоди и пак преживуваат. А којзнае на тие ампутирани раце колку бемки имало.
Исто и за рак на бемка неможам никако да сватам , според мене тоа е нешто најлесно за отстранување , само исечи-дезинфицирај и зашиј го местото.Толку.
Ако се разрани ткивото на бемката може да се активира и да малигнизира. Има различни типови на рак на кожа. Тие што се локални, фатени на време, односно кога бемката ќе почне да покажува промени, се многу лесно излечиви, односно само се отстранува бемката (кај пластичен хирург) и толку. Но, доколку не се обрати внимание може многу лесно да метастазира насекаде по телото по што третманот е тежок, ракот на кожа се смета за еден од потешките типови на рак.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
a што е со оние поголеми петна со потемна боја од кожата
дали и тие се некој вид бемки?!

 
O

onlya

Гостин
На ногата имав една бемка многу ме нервираше и секогаш ја корнев се до пред некое време кога решив да ја оставам но околу неа други изникнаа и планирам деновиве да одам на кожен да ги горам. Туку да си прашам боли додека се гори бемката? :unsure:
 
R

Roten 96

Гостин
Бемките не смеат никако да се притискаат...може да дојде до нивно воспалување проширување а во најлош случај и до рак на кожата...
 
Член од
8 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
10
Пријатели вака, јас имам под пазуви нон стоп со бричот ги засекувам и ми потекува крв...дали е страшно? :(
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
a што е со оние поголеми петна со потемна боја од кожата
дали и тие се некој вид бемки?!

Ова ми личи на cafe au lait флека. За повеќе на кожен доктор, демек генетски е нешто ова она, мада се јавува асимптоматски. Може да е и пост инфламаторна хиперпигментација ако пред тоа кожата доживеала некоја траума на тоа место. Ова не е бемка.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Една врз левото Venus dimple, една на десниот бут под задникот, четири помалецки на левата рака во форма на крст, една над левата веѓа и омилената на долниот дел од стомакот, од лева страна <3
Другите не се толку маркантни.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Ајде малку да ја активираме темава. Испириран од случка со моја блиска личност, решив да поразговарам со дерматолог, да консултирам литература и да пишам нешто повеќе за бемките.

Бемка, мадеж, младеж, невус,

Бемките се најчесто бенигни тумори на кожата кои потекнуваат од меланоцитите, меланоцити се клетки кои и даваат боја на кожата.

Сите се раѓаме или во текот на животот се стекнуваме со бемки, најчесто бемките се јавуваат до 40 тата година од животот.

Невусите настануваат како резултат на групирање на меланоцитите, најчесто меланоцитите во кожата се распределени така да никогаш не се наоѓаат еден до друг, туку на одредено растојание, кога ќе се групираат повеќе меланоцити заедно, тогаш настанува невус.

Невус може да настане на било кој дел од телото, на лицето (убавици), на трупот, екстремитетите, под ноктите, на гениталните регии, во усната празнина, внатре во окото, во ирисот на окото, во внатрешноста на некој орган (тенко црево).

Она што ние треба да знаеме е тоа што невусите со текот на времето раснат се додека не достигнат одредена стабилизација откако ќе се стабилизираат можат да поминат од еден вид на невус во друг и тоа е нормална појава, откако ќе бидат изложени на Сонце тие потемнуваат.

И толку од убавите работи, сега малку поозбилно.

Некои невуси во текот на животот „полудуваат“ односно меланоцитите почнуваат да се однесуваат ненормално, го губат оној школски облик и групација, тогаш дерматолозите велат нешто се случува со невусот, така полуден тој може да премине во дисплатичен невус или во меланом.

Имено, да не се лажеме, никој не знае зошто настанува меланомот (болест од бемките), се претпоставува дека со изложување на сонце во DNA-то на меланоцитите настануваат одредени промени, мутации кои предизвикуваат рак на кожа меланом, друг фактор е наследниот.

Со намалување на озонската обвивка секоја година се зголемува количеството на UV-B зраците за 1,5%, а овие зраци директно се поврзани со сите промени на кожата.

Меланомот е најсмртоносниот рак, за него нема лек, мада почнаа со клинички студии и тука има неколку нови лекови кои доста ветуваат. Во народот велат умре од бемка, бемка не се чепка, но ќе кажам некој збор и за тоа подоцна.

Она што вие треба да знаете е како да забележите било каква промена кај невусот за да благовремено се јавите кај кожен доктор и да спречите понатамошна компликација.

Раководете се со ABCDE правилото:

А - Asimmetry, Асиметрија, погледете го невусот, замислете една оска што поминува низ средината на невусот, ако едната половина се разликува од другата тогаш имате асиметричен невус.
B - Border, Граници, Невусот треба да добро дефинирани граници, без назабувања.
C- Color, Боја. Невусот треба да има една или најчесто две бои, но ако има 2 бои тогаш бојата мора да хомогено распределена.
D-Diameter, Дијаметар, Обично невусите имаат дијаметар од 5-6 mm, но може да имаат големина и по 1 cm, па и над 20 cm.
E-Evolution, Еволуција, Нормално е невусот да расне со текот на времето, нормално е да порасне за 3-4 години, но НЕ Е нормално да порасне од 5 mm во 1 cm за период од 1 месец.

Еве една слика за да добиете представа за што го тупев погоре:

Постоењето на асиметрија, неправилни ивици, или невус поголем од 6mm не значи веднаш рак на кожа, еден младеж може да биде нормален и безопасен ако има и некој од овие елементи, затоа се препорачува преглед кај дерматолог, дерматологот ќе го погледне невусот, ќе го сликне со дерматоскоп и ќе ви каже што понатаму.
Некои невуси навистина можат да излегледаат страшно, но тие се сосема безбедни.

Дерматоскопија е одлична техника за сите пигментирани лезии на кожата, порано се користеле рачни, обични дерматоскопи, сега речиси сите ординации имаат дигитални дерматоскопи кои користат поларизирана светлина и соодветни леќи за зголемување на невусот во висока резолуција.

Еве како изгледа еден дерматоскоп:
Еве како изгледа анализата на еден невус кој поминал во melanoma in situ (0,4mm дебелина) Melanoma in situ значи дека ракот е во најрани фази, кога ќе се острани оваа бемка вие сте излекувани 100%.
Но ако се чека, меланомот освен што се шири површински, тој иде во длабочина и ги зафаќа подлабоките слоеви од кожата, се што е под 0,7 mm длабочина се смета за добар знак и можат 100% да се излегуваат.

Има повеќе типови на меланом, од најопасен до најмалку агресивен. Но да не навлегуваме, ќе попаѓаме во депресии.

Ако некоја бемка ви смета, често ја иритирате, или козметички не ви дава убава слика, ондак можете слободно да ја извадите кај пластичен хирург. Тоа е сигурна техника со 0% негативни последици.

Проверете ги бемките, од време на време фрлете око на нив и ако забележите промена без одложување на лекар, меланомот е тивок убиец, се јавува без болка, без посебни знаци и елегантно убива. Но скоро се може да се излекува ако се дијагностифицира на време.

За жал не најдов која е инциденцата на меланомот во Македонија, во Хрватска се дијагностифицираат околу 300 нови случаи секоја година, во Србија бројките се слични, во Грција инциденцата е најмала.

И на крај бидете разумни не се печете ко жаби летово по одмори, оти 50% од меланомите настануваат на претходен невус, но другите 50% на нормална и здрава кожа. Не користете сељачки фактор за да добиете убав тен, оти тоа може да се кошта живот, туку ставете најмалку 30 фактор, за оние со светла кожа не се препорачува изложување на Сонце воопшто и строго користење на крема со фактор 50 со блокатор.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Имам бемки насекаде по телото, на грб, над градите, веднаш до увото од предната страна, рацете .... Е сега проблемот е што почнаа сами да се одлепуваат од кожата. Матичниот ми рече дека мора да се отстранат, но не ми објасни ништо повеќе околу тоа зошто се одлепуваат самите и слично. Ќе Ве молам доклку некој знае нешто повеќе за тоа или доколку имал слично искуство да го сподели, се плашам дека е нешто сериозно (ни името не сакам да му го спомнам). Однапред благодарам,
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Имам бемки насекаде по телото, на грб, над градите, веднаш до увото од предната страна, рацете .... Е сега проблемот е што почнаа сами да се одлепуваат од кожата. Матичниот ми рече дека мора да се отстранат, но не ми објасни ништо повеќе околу тоа зошто се одлепуваат самите и слично. Ќе Ве молам доклку некој знае нешто повеќе за тоа или доколку имал слично искуство да го сподели, се плашам дека е нешто сериозно (ни името не сакам да му го спомнам). Однапред благодарам,
Не верувам да е нешто сериозно. Јас колку што сум запознаен, насилно кинење или насилно отстранување е штетно, како и ширење на истите онака спонтано самите од себе. Да ја забележиш дека се шири, зголемува без престан.
 
I

[In]kognito

Гостин
Zdravo decki ja citav temava pa da ve prasam mozebi znaete, sekako planirav da otidam na doktor ama sobiram seuste hrabrost.. :)
pred skoro eden mesec bev na vikend vo ohrid i bidejki sum premnogu bela za 15min pregorev mnogu na grbot i racete i pred okolu 2 nedeli pocnaa da mi se pojavuvaat bas na tie mesta kako bemki (prvo mislev deka se fleki no bojata od posvetla im stanuva se potemna od den na den) i na dopir se cuvstvuva ispaknatost. Po racete imam nekolku bemki koi mi se od koga znam za sebe no ovie se definitivno novi a pogotovo na grbot bidejki imav chist grb bez niedna bemka (osven edna golema na vratot)
sovet, mislenje? :)
 
Член од
19 август 2013
Мислења
16
Поени од реакции
2
иам една бенка мала околу 1 мм многу малку испакната..кафеава.,одма над горната усна 1 мм.Не ми смета мн зборам од хигиенски и здравстен аспект...ама од "меѓусебни односи" да...т.е мн ми е срам некако..мн ми е неубаво ,ми ја губи самодовербата...и нез што да правам.Да идам на лекар кај Др анчевски се мислам..ама срам ми е некако ..да праам муабет со мама за тоа..дека у тие год сум...:( а еве уште малку почињам средно...ве молам за совет...вие што мислите...фала.....
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Вчера ми извадија 4 бемки. Една веднаш до левото уво, една на десната страна од грбот, и две веднаш над градите од двете страни. Воопшто не беше болно, докторот беше многу фин и на целата паника и страв што го имав успеа да ме опушти и расположи. Проблемот е што по операцијата а и денес не можев да легнам, се здрвив целата бидејки сите 4 се на различни страни :D, и тоа што сега некако ми е криво што повеке не се дел од мене:( , најверојатно бидејки ги имав од рагање и си ги сакав некако убави ми беа ... нема веза сето тоа ке помине ( се надевам). Е сеа не ми е јасно зошто докторот рече дека е можно да се познава како мала лузна и дека дали ке има и колкава ке била лузната зависело од самиот организам, а пред да отидам матичниот, а и дерматологот ми рекоа дека нема да има лузна :S Како и да е за понатамошното искуство ке пишам овде за сите кои имаат ваков проблем да можат да се информираат. Доколку знаете некој нешто што би можело да помогне во однос на тоа да не остане лузна, како употреба на некоја храна, некои витамини, масти ... билки :) пишете бидејки сите се на видно место и несакам да имам никаква лузна, белег. Позз
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Пријатели вака, јас имам под пазуви нон стоп со бричот ги засекувам и ми потекува крв...дали е страшно? :(
Da,strasno e...jas bev na kozen lekar i toj mi rece nikako bricenje a i depilator...i koga go prasav,a so sto moze,mi rece samo so nozicki no da se pazi na bemkata:(
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Вчера ми извадија 4 бемки. Една веднаш до левото уво, една на десната страна од грбот, и две веднаш над градите од двете страни. Воопшто не беше болно, докторот беше многу фин и на целата паника и страв што го имав успеа да ме опушти и расположи. Проблемот е што по операцијата а и денес не можев да легнам, се здрвив целата бидејки сите 4 се на различни страни :D, и тоа што сега некако ми е криво што повеке не се дел од мене:( , најверојатно бидејки ги имав од рагање и си ги сакав некако убави ми беа ... нема веза сето тоа ке помине ( се надевам). Е сеа не ми е јасно зошто докторот рече дека е можно да се познава како мала лузна и дека дали ке има и колкава ке била лузната зависело од самиот организам, а пред да отидам матичниот, а и дерматологот ми рекоа дека нема да има лузна :S Како и да е за понатамошното искуство ке пишам овде за сите кои имаат ваков проблем да можат да се информираат. Доколку знаете некој нешто што би можело да помогне во однос на тоа да не остане лузна, како употреба на некоја храна, некои витамини, масти ... билки :) пишете бидејки сите се на видно место и несакам да имам никаква лузна, белег. Позз
Леле дај кажи ни појше детали :) Кај ти го направија зафатот? Колку те чинеше? Какви испитувања има пред тоа? Секаков тип на бемка можат да извадат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom